Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Новиот Предлог Закон за работни односи е подготвен и наскоро ќе биде отворена широка Јавна расправа на која сите засегнати страни во општеството ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, идеи и можни решенија. Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за НОВА Тв велат дека се работи за целосно нов концепт кој покрај породилно отсуство на мајката заради раѓање на дете, вклучува и отсуство на таткото. – Времетраењето на породилното отсуство кое се регулира со Законот за работни односи е дел од промените што ќе бидат предвидени во новиот системски закон на кој Министерството за труд и…
Иако постои подобрување во казнено – поправните установи, најмногу во поглед на унапредување на материјалните услови, пенитенцијарниот систем сè уште се соочува со големи проблеми и предизвици. Според Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, од последователни посети за состојбата и условите во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија во јули 2021 најгорливи проблеми остануваат пристапот до здравствената заштита, образовниот процес и процесот на ресоцијализација на осудените лица, необучените раководни и стручни кадри во казнено-поправните установи и неефикасните внатрешни и надворешни механизми за пријавување и гонење на случаи на тортура и нечовечко постапување спрема осудените лица. Во него се наведени повеќе…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.…
Истражна постапка против 39-годишен скопјанец поведе Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 ноември, при претрес во домот на осомничениот во Бутел, биле пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, кои биле спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка…
Деновиве, групите на социјалните мрежи, кои се оформени од студенти за прашања што ги тангираат овие млади луѓе, вријат од коментари кои се однесуваат на поднесоци од страна на Министерството за образование и наука (МОН) кое пак им испратило „опомена пред тужба“ на триесетина студенти на кои по грешка им биле исплатени средства за субвенциониран студентски оброк во текот на месец октомври.. Студентите на кои по грешка им биле исплатени оние 1.440 денари предвидени за студентски оброк сега се должни да ги вратат парите назад во рок од три работни дена по добивање на опомената. Освен враќање на средствата како…
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски dенеска во Министерството за внатрешни работи одржа работна средба со амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Мирослав Томан. На средбата двете страни изразија задоволство за долгогодишната одлична соработка меѓу нашите две Министерства и меѓу специјалните единици на двете земји кои неодамна реализираа заедничка обука во Чешката Република, каде што од чешка страна беше доделена опрема за потребите на Специјалната антитерористичка единица Тигар. Притоа, министерот Спасовски изрази благодарност за континуираната материјално техничката поддршка од чешката страна, со која се зајакнуваат капацитетите на Министерството за внатрешни работи и на нашата полиција како и за соработката во рамки…
Со доаѓањето на зимата, расте стравот и загриженоста на родителите како да се спречи ширењето на коронавирусот во училиштата. Тие бараат наставата да продолжи да се одвива онлајн за учениците, бидејќи како што велат, постојано расте бројот на заболени од вирусот. – Училиштата константно имаат ученици заболени од корона вирусот. Освен тоа, училиштата немаат средства за хигиена, па самите родители сме приморени да купуваме, вели родител кој сакаше да остане анонимен. Од фејсбук иницијативата “Поддршка за онлајн настава” се обратија и до министерката Царовска, министерот Филипче како и до Комисијата за заразни болести. – Голем дел од децата и наставниот…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1. Регистриран e 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21,…
Првата фаза од автопатската делница Скопје-Блаце готова до половина, извести Министерството за транспорт. Околу 48 проценти во моментов се завршените градежни работи, на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. На овој автопат веќе започнаа асфалтерските работи на трасата, а се изведуваат и ископи, канали и бетонирање на други објекти, истакнаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, коишто денеска извршија увид во изградбата на овој автопат. Инвестицијата во првата фаза од изградбата на автопатот Скопје-Блаце изнесува 14,2 милиони евра. Според динамиката на изградба,…
Вкупно 6.099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип. Вкупно 35.811 граѓани се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk . Вакцини има во доволен број, информираа за МИА од Министерството за здравство. Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.
Почнувајќи од 8 ноември, Фондот за Западен Балкан го отвори процесот на аплицирање за предлог проекти за земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Ова е четврти повик од формирањето на Фондот, но прв што ќе се кофинансира со регионални грантови преку Инструментот за претпристапување (ИПА). Апликациите може да се поднесат преку системот за аплицирање што се наоѓа на официјалната веб-страница на Фондот. – Примарни корисници на заедничката акција на Европската Унија и Фондот се граѓанските организации, а други подобни потенцијални грантисти се непрофитни здруженија и организации, фондации, образовни институции, регионални мрежи,…
СДСМ очекува конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот, рече на денешната прес-конференција пратеничката од оваа партија, Марија Георгиевска, по стартот на расправата за Предлог буџетот за 2022 година од собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со одговорно финансирање, истакна Георгиевска, очекуваме 2022-ра да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции. – Фокусиран на интересот на народот, Буџетот за 2022 има четири основни цели: зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на…