Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесно масло за домаќинства (ЕЛ-1) за 67 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,407 денари за килограм се зголемува и…
Сувото време, без врнежи, е повеќе од добредојдено за земјоделските култури во овој период од годината кога есенската сеидба е во полн ек, а овозможи и продолжување на жетвата на оризот во Кочанско. Според агрометеоролозите, земјоделците треба да го искористат овој период на оптимални временски и почвени услови. -Надпросечните температури на воздухот овозможуваат одлично поникнување на веќе посеаното, што навестува успешно навлегување во зимата во услови на презимување во понапредни фази на развој, а последните мерења на влажноста во почвата покажуваат одлични резултати на влага на целиот ораничен профил, оценуваат агрометеоролозите. И во текот на наредната седмица се очекуваат исти…
По еден сантиметар е намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар и е 11 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просечниот и тоа за 2,67 метри. Нивоата кај најголем…
Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП ги потсетува возачите да направат соодветна зимска подготовка и проверка на возилото, и тоа проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, и секако носење на соодветна зимска опрема. РСБСП, исто така, потсетува дека носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година, согласно што: • Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса…
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Северна Македонија заедно со Националниот музеј во Кикинда и Роднокрајниот музеј Књажевац од Република Србија и Роднокрајниот музеј Високо во Босна и Херцеговина е дел од регионален проект кој се спроведува во тековнава и наредната 2022 година, дизајниран да ја подобри пристапноста до музејските програми и активности за лицата со попреченост. Од Фондот на холокаустот на евреите од Македонија информираат дека оваа регионална иницијатива е иницирана од Милена Милошевиќ Мициќ, музејски советник и историчар на уметност од Роднокрајниот музеј Књажевац, во соработка со колеги од Битола и Сараево. Проектот ќе се реализира преку низа…
Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 663 возачи, информираат од МВР. Од санкционираните, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а 22 возила возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината на движење во населено место, а 364 надвор од населено место. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните…
Полициски службеници од СВР Скопје на 13.11.2021 година, лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 11.11.2021 во автобус на подрачјето на Центар одзел личен накит од малолетничка од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото и го појаснил начинот на извршување. Пронајдените предмети биле вратени на сопственичката. За настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39%…
Македонски полициски синдикат (МПС) оценува дека е повеќе од неопходен процесот на јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица, со посебен акцент на кривичните дела и прекршоци сторени против полициските службеници. – Како синдикат сметаме дека поразителни се податоците кои секојдневно пристигнуваат до нас како синдикат, воедно и секојдневно слушаме преку медиумите за нападите врз полициските службеници од страна на граѓаните. Скоро во сите такви случаи, тие се поддржани од Невладиниот сектор, кој пак експресно излегува пред јавноста со нивни пристрасни информации и толкувања, каде постојано наведуваат како по шаблон …дека се прекршени човековите права, дека се…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на покана на неговиот словенечки колега Алеш Хојс учествуваше на онлајн министерската конференција на тема „Превенција и истрага на сексуална злоупотреба на деца“, заедно со министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, државите од Шенген зоната, партнерите од Западен Балкан, претставници на институциите и агенциите на ЕУ и САД. На конференцијата, одржана под покровителство на словенечкото претседателство со ЕУ, е оценето дека сексуалната злоупотреба на деца, и онлајн и офлајн, е една од најсериозните злосторства, што има широки и сериозни доживотни последици за жртвите и може да предизвика значителна и долгорочна…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно до двајцата заменици-министри од движењето Беса денеска поднесоа оставки од функциите. Оставките, како што изјави Хоџа, ги поднесуваат како морален чин и почитување на органите на движењето Беса. – Поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на дел на оваа Влада на чело со вицепремиерот од ДУИ каде беше повредено правото на демократијата со манипулативни методи и за жал тоа продолжи и во текот на вчерашниот ден кој беше најсрамниот ден за нашата демократија. Затоа поднесувам оставка од функцијата министер заедно со двајцата заменици министри бидејќи не можеме да…
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 11 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид 19…