Author: Ivana

Пишува: Нано Ружин Во политиката постојат политиканти и политичари-државници. Разликата помеѓу нив е што „политикантот размислува за идните избори  додека државникот за идните генерации и државата“, запишал Винстон Черчил. Тешко се разбира   политиката доколку не сме во состојба да  се импресионираме од големите политички ликови, како Ганди, Черчил. Рузвелт, Шуман,  Тито, Де Гол, Кенеди Мандела, Обама, смета нобеловката за мир од 2015 Уидед Бушамауи. Во нашето поднебје и историја, им се восхитуваме на историските ликови, од Илинденската епопеја, на АСНОМ-ците,  на Конески,  Глигоров, Трјаковски. Во тој Пантеон  на домашни државници  еден ден можеби ќе се најде и името на Зоран…

Read More

Вкупниот промет во индустријата во септември годинава е зголемен за 13,5 отсто во споредба со август, во  однос на ланскиот септември порастот е 2,8 отсто, додека во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година е повисок за 18,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи…

Read More

Во септември годинава во земјава се евидентирани 68 578 туристи, од кои 46.5 % домашни, а 53.5 % странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември изнесува 165 486, од кои 48.8 % се од домашните туристи, а 51.2 % од странските. Во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 49.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 23 %, а кај странските за 127 %. Во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата…

Read More

Засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата. – Ние можеме да контролираме, но не може ниту една држава се да исконтролира. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна. Тука е државата со своите институции да контролира таму каде може, но апсолутно граѓаните мора да се совесни, изјави Филипче. Мерките, посочи…

Read More

Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) во понеделник ќе биде домаќин на компании членки на Стопанската и Индустриската комора на Едрене, Република Турција. Како што велат за МИА од МАТТО, предвидени се билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а посетата е во рамки на запознавање со деловната и инвестициската клима во Република Северна Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори. Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор. Во периодот јануари – август 2021 година земјава остварила вкупна трговска размена со Република Турција во вредност од 472 610 000 американски долари што е за 46,1 отсто…

Read More

Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате, напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. – Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за се. Што се однесува до медиумите и големиот интерес што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес конференција, додаде Реџепи. Тој апелира до раководството на Движењето Беса да не презема избрзани чекори кои би им наштетиле на партиските структури и активистите. – Емоциите треба да се остават настрана, а постапките…

Read More

Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. – Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски при посетата на РЕК Битола најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина, се…

Read More

Девет банки и една штедилница досега се вклучија во државната гарантна шема со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со новото проширување, издадените портфолио гаранции кон банките и штедилниците имаат вкупен потенцијал за  гаранција до 23,5 милиони евра. Со портфолио гаранцијата, банката или штедилницата, може да обезбеди кредити одобрени на микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост. Кредити кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со минимален износ од 300.000 денари и максимален износ до 30.750.000 денари, а може да бидат наменети за основни или обртни средства.…

Read More

Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на БЕСА, Биљал Касами. Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен. – Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезнува 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа,…

Read More

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти Парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“. Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа. Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокотна седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.

Read More

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески попладнево изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека ќе расте. За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека според информациите со кои располага, притисок врз него вршела опозицијата, а не власта. – Имам обратни информации од она што го споделува опозицијата, а тоа значи дека притисоците кон него, се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и токму да каже што е она што му се случувало. Знам дека тој е пратеник кој е за европскиот пат и за европската иднина на државата, рече Митрески. За случувањата во Собранието,…

Read More