Author: Ivana

Американскиот претседател Џо Бајден, по самитот на лидерите во Брисел, чија цел беше да се покаже дека Западот е обединет против Русија, ќе замине за Полска за да се договори за планот за бегалците. „За време на посетата, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда за да му се заблагодари за сè што прави народот на Полска и ќе разговара за координиран хуманитарен одговор“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Бајден утрово ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се очекува да објави план за испорака на огромни количини течен гас…

Read More

Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера вечер во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна приказна полна со емоции – микс на носталгија и надеж за подобро утре. Музиката ќе биде изведена од бендот „оВо“ составен од извонредните и веќе добро познати музичари на македонската јавност: Џијан Емин – гитара и вокал; Драган Гиновски Гино – гитара; Ади Имери – гитара и вокал;…

Read More

Во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денеска ќе им бидат доделени сертификати на првата група социјални ментори (ментори за работна интеграција) од Републикава, кои треба да бидат партнери на компаниите и на институциите, во процесот на интеграција на ранливите лица на пазарот на трудот. Низ верификуваната програма поминале 12 социјални ментори, кои освен со теоретски дел, знаењата ги заокружиле и со практичен дел и генерирале резултати кои, како што велат организаторите, значат позитивна промена во животите на тешковработливите лица. Социјалните ментори, нагласуваат, се алката што го прави спојот меѓу социјалната заштита и пазарот на труд. Тие…

Read More

Западните сојузници воведоа нови санкции против Русија и ветија дека ќе испратат повеќе воена и хуманитарна помош за Украина на серија самити без преседан во Брисел, чија цел е да се нагласи унифициран одговор на воената агресија на Русија. Лидерите на НАТО, Групата седум и земјите од Европската унија ги објавија акциите додека ги одржуваа самитите на 24 март. Лидерите го поминаа денот разговарајќи за нивниот одговор на војната, која влезе во вториот месец. откако ја слушна молбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неограничена воена помош. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека руската инвазија изгради поголемо единство во НАТО,…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред членовите на Европскиот совет, рече дека доцнат со воведување на санкции кон Русија. – Да беа санкциите превентивни, Русија можеби немаше да влезе во војната. Русија немаше да создаде криза со енергетиката. Сепак ќе имаше шанса. Руската армија не гледа што е чест и не знае што е свест. Не разбира зошто толку ја цениме нашата слобода, која одредува како ќе живее една земја, рече Зеленски. Тој додаде дека Русија можеби немаше да влезе во војната ако знаеше дека ќе трае и притоа потенцира дека руската армија веќе уништила 230 училишта, 155…

Read More

Лидерите на Европската унија нема да се согласат за воведување нови санкции против Русија за време на дводневниот самит во Брисел, изјави холандскиот премиер Марк Руте. – Не очекувам конкретни нови санкции денеска. Не можеме да размислуваме за санкции со толку голема група, ни требаат предлози. Веќе воведовме многу санкции, сега влегуваме на покомплексен терен, истакна Руте по пристигнувањето на состанокот на 27-те лидери на европскиот блок. Луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел изјави дека треба да се воведат нови санкции на ЕУ против Русија поради нападот врз Украина како реакција на новиот развој на кризата, што, според него, во моментов не…

Read More

САД планираат да примат до 100.000 Украинци кои бегаат од руската инвазија, изјавија за два извора запознати со претстојната објава на одлуката, пренесоа британските медиуми. Изјава та што се очекува доаѓа во време кога американскиот претседател Џо Бајден денеска се среќава со европските лидери за да го координира одговорот на Западот на рускиот напад врз Украина. Оваа информација ја пренесе и американската телевизија Ен-Би-Си, а според неа, посебно внимание ќе се посвети на бегалците кои имаат роднини кои живеат во САД. Од почетокот на инвазијата на Русија врз Укрина земјата досегз ја напуштија  над 3,6 милиони лица, од кои повеќето…

Read More

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина, еден месец откако ја нападна Русија. „Сега е веќе цел месец. Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна. Видете што и направи руската војска на нашата земја, изјави Зеленски пред пратениците во шведскиот парламент преку видео врска. Зеленски, рече дека едномесечното руско бомбардирање на Украина е слично со тоа што светот го виде во Сирија. Додаде дека десет милиони жители на Украина се раселени и ги повика „шведските компании и државата да дојдат и помогнат во обнова“ на земјата. Во своето обраќање пред шведските…

Read More

Повторно, деца и луѓе умираат, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел, обвинувајќи ја Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби. Тој не приложи никаков доказ за тврдењето дека Русија употребила фосфорни бомби, ниту кажа каде се случил нападот. Зеленски вели дека од самиот почеток барал воздушна поддршка „за да помогне во заштитата на нашето небо“, бидејќи Украина нема моќна противвоздушна одбрана, пренесува Би-Би-Си. Тој тврди дека Русија користи оружје за масовно уништување и дека последиците јасно се гледаат. – Ние сме под нееднакви услови повеќе од еден месец,…

Read More

Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја понудиме нашата поддршка за народот на Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на вонредниот НАТО cамит на шефови на држави и влади. – Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија и ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ со цел да го одвратиме она што путинова Русија го прави во Украина а во насока да им помогнеме на украинците. Исто така ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин веќе ја премина црвената линија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон кој гостуваше во британското радио пред да замине на самитот во Брисел. Тој ја коментираше и можноста за воведување санкции за резервите на злато на Русија. – Целиот свет сега знае дека украинскиот народ ќе се бори за својата земја. Тие веруваат во својата земја. Ја сакаат својата земја и ќе ја бранат до крај. Тоа беше нешто што навистина не го знаевме пред еден месец. Сега е целосно јасно. Тоа ја смени геополитиката. Ова значи дека имаме должност да им помогнеме. Имаме должност да им помогнеме да се заштитат себеси…

Read More

Еден месец пред парламентарните избори во Словенија, кои ќе се одржат во недела, на 24 април, официјално започна изборната кампања во која вечерва во ударните термини на телевизиските канали ќе се соочат првите претседатели на политички партии и граѓански листи. Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидати за пратеници во 90-членото Народно собрание. Откако кандидатските листи ќе бидат доставени до Државната изборна комисија, таа проверува дали се поднесени согласно законот. До 3 април треба да се утврди распоредот на листите во изборните единици со жрепка, а списоците се објавуваат до 4 април. Едномесечната изборна кампања трае до 22 април…

Read More