Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Излезноста во вториот круг од локалните избори до 17:00 часот, на ниво на цела држава, изнесува околу 42,85%, информира портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска. Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Вевчани, 75,6%, Конче 73,15 и Ранковце 71%, а најниска излезност до 17:00 часот е забележана во Сарај 23,41, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23. Што се однесува до Скопје, ДИК информираше дека до 17:00 часот излезноста е околу 40%. Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Карпош 47,05, Аеродром 42,37%, Ѓорче Петров, 40,73, Гази Баба, 38,18 и Бутел 36,65%. До 17 часот стигнале 433 приговори од кои 378 се прифатени, 34 одбиени…
Во СВР Скопје вчера околу 00.50 часот било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пронајден починат притвореник И.Т.(62). Како што информираат од МВР притвореникот бил хоспитализиран, а околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.
Во Полициската станица Радовиш денеска било пријавено дека Г.К. од радовишко село излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од МВР соопштија декс се преземаат мерки за расчистување на случајот. – Во Кочани двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се наведува…
Излезноста до 15 часот изнесува 34,22 отсто. Најголема излезност има во Вевчани од 66 отсто, а најмала е излезноста во Сзрај која изнесува 16,38 отсто“, изјави во 15.30 часот претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Тој ги повика граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласачките места и изрази уверување дека до крајот на гласањето изборниот ден ќе мине без нерегуларности, во демократска и фер атмосфера. Даштевски информира дека се поднесени вкупно 311 приговори кои се однесуваат на лично избирачко право и дека 298 од приговорите се прифатени, одбиени се 25 приговори, а дека…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2, Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1. Регистрирани сe 208 оздравени пациент…
Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто… Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто. Даштевски оцени дека денеска е многу…
Изборниот процес засега се одвива мирно е првичната оцена на Министерството за внатрешни работи. Според портпаролот на МВР, Тони Ангеловски регистрирани се три помали настани, кои полицијата веднаш ги расчистила и веќе за три лица има поднесено кривични пријави. -Во 09.15 часот во СВР Тетово, заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“ во Тетово пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако и било кажано дека тоа е противзаконски започнала…
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со Штабот во рамките на оперативна акција Избори 2021 година се следат сите настани поврзани со неправилности за локалните избори. Основното јавно обвинителство Кочани синоќа прими кривична пријава против две лица за…
Планинарка од Скопје вчера се лизнала и паднала од карпа при искачување на врвот „Махија Маде“ на планината Кораб, заедно со 14 други планинари. Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај од каде со медицинско возило била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди. Како што информира МВР, М.Г.(45) од Скопје вчера во 16:05 часот во Полициското одделение Маврово пријавил дека при искачување на врвот „Махија Маде“ на планината Кораб, М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа. -Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај…
Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски. До 11 часот излезноста е 14,18 проценти, а вкупниот број на избирачи кои гласале се 160.035. Поголема излезност е регистрирана во Ранковце 38,2%, Вевчани 31,24%, Демир Капија 30,14%, Пехчево 28,44%, Конче 26,74%, Демир Хисар 25,19%, Битола 19,56“. Во Оштините Сарај, Боговиње има најмала излезност од 11 часот со околу 6 проценти. Најмала излезност до 11 часот има во скопски Сарај 5,19 и во Боговиње 6,8 отсто. Како што соопштија од Државната изборна комисија (ДИК), прекин во гласањето повеќе од еден час имало на…
Изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир и ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме и во текот на целиот ден и да имаме повторно мирни, фер и демократски избори како што имаме во изминатите години. Ова денеска во вестите на Сител го истакна портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. Рече дека досега пријавени се само два инциденти во Кичево. -Имаме гласач во Кичево којшто изјавил дека згрешил при заокружувањето и потоа го скинал гласачкото ливче, а исто така имаме и еден случај во Кичево каде што гласач го фотографирал своето…
На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски. Тој информира дека излезноста до 9 часот е 5,25 отсто, односно гласале 56.700 гласачи. Во општина Ранковце процентот на излезност е 15,23, Конче -14,28, Пехчево – 13,73, Лозово – 11,89, Зелениково -11,74, Кратово – 11,02, Пробиштип – 10,94, Демир Хисар –…