Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро е пренесен во болница, откако се пожалил на болки во градите и вртоглавица за време на синоќешниот прволигашки натпревар против Алавес (1-1) на домашен терен. – Серхио Агуеро чувствуваше болки во градите во поголемиот дел од натпреварот во првото полувреме и пренесен е во болница на кардиолошки испитувања, соопшти Барселона. Аргентинскиот напаѓач беше заменет со Филипе Кутињо во 41 минута. Претходно Агуеро неколку пати сигнализираше кон клупата на Барселона да биде заменет, а кратко потоа фудбалерот легна на тревата држејќи се со рацете во пределот на градите. По интервенција на медицинскиот тим, 33-годишниот фудбалер се подигна на…
Студено утро со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини и речни долини и претежно сончево со слаб ветер од јужен правец во текот на денот, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени. До утре, понеделник, ќе се задржи стабилно и претежно сончево време со студени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Кон крајот на…
Изборниот молк што почна на 30 октомври во 00:00 часот трае до затворањето на гласачките места вечер во 19 часот. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да…
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомото сојузот. На граничните премини од македонска страна, како што се посочува, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251. Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ. Меѓу странските најмногу се од Специјалната мисија…
Јавното обвинителство на Македонија продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори. Денеска ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, соопштија од Службата за односи со јавноста при Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите. Јавните обвинители, се…
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ( покрај главната канцеларија во Скопје), како што соопштуваат од канцеларијата на Народниoт правобранител, ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Од МВР информираа дека денеска надлежните организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.
Викендов почна зимското сметање на времето. Зимското сметање на времето почна денеска во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија. Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 3:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3:00 часот се смета како 2:00 часот. – Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право. Сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање. И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите, односно активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. За сите…
Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари. Овие се седми локални избори од независноста на Македонија и втори, по ланските парламентарни, кои се одржуваат во време на пандмијата со коронавирусот. Од 7 до 19 часот полнолетните жители во 44 општини може да го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори. Право на глас во општините во кои не беше избран градоначалник во првиот круг имаат 1 353 990 избирачи. Се гласа на 2481 избирачко место. Меѓу нив…
Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и се истакнуваат на огласна табла во општината и се соопштуваат на јавните гласила. Според Роковникот на ДИК, изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник…