Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да…
Дисциплинската комисија одлучува како ќе постапи за односот каде наставник од О.У „Панајот Гиновски“ во населба Бутел удира ученик, па го крева во воздухот. За овој инцидент јавноста дозна преку видео што го снимал соученик и беше споделено на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во МВР, од каде што велат дека работат на расчистување на случајот. – Извршен е разговор со лица поврзани со случајот и по насока на Јавен обвинител ќе биде доставен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, информираат од МВР. Според Законот за високо образование секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните. За Владата и Министерството за правда ова е апсолвирано прашање и затоа изминатите години навистина вложивме многу време и енергија во менувањето на сликата за судството, потенцираше министерот кој потсети дека извештаите на Стејт Департментот и последниот на Европската комисија…
Четири нови пензионерски домови најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Се проширува и услугата Центар се грижи за возрасните кои ги опфаќа лицата над 60 години и се зголемува помошта за лицата со најниски пензии. – Возрасните лица во општина Центар се високо поставени на листата на приоритети затоа што негата и грижата за возрасните е наша должност која треба да ја возвратиме кон оние кои цел живот се грижеле за нас. Затоа во општина Центар ќе отвориме четири нови пензионерски клубови во Капиштец, кај Универзална сала, во Крњево и Кале. Така пензионерите…
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и од ноќеска на полноќ остануваат исти, а на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 и натаму останува 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 68,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за…
На градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје потребно и е целосно реновирање. Ќе работиме на модернизација и реконструкција на оваа библиотека, на подобар пристап до интернет, електронска база на стручни списанија и подобрување на инвентарот, најави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Таа најави и дигитализација на услугите во градската администрација, со цел побрзи услуги и поголема транспарентност во работата. – Граѓаните во секое време ќе можат да проверат што се случува со нивното барање што е доставено до Градот, а одговор ќе добиваат од 24 до 72 часа. Административните услуги ќе бидат достапни…
Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување? А реалноста е следна: нашата локална самоуправа има само 5% од БДП, за разлика од просекот во ЕУ кој изнесува 15,6% од БДП. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија „Има една песна на групата „Студени нозе“ во која се опишува дека „нивното куче е поголемо од кифла, а помало од југо“ што алегорично претставува олицетворение на нашава кампања за локалните…
Копрeтседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, придружуван од Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Комората за регионални прашања, ќе остварат работна средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фокусот на разговорите, како што информираат од Стопанската комора, ќе биде регионалната соработка и можностите за нејзино продлабочување. – Во таа насока, Горан Свилановиќ, како советник на претседателот Азески, ќе даде придонес во потенцирање на можностите и потребата од продлабочување на регионалната соработка преку механизмите и институциите кои се активни по повеќе основи, формирани со…
Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот. 97 граѓани од Авганистан кои денеска пристигнаа во Скопје ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина. https://www.youtube.com/watch?v=DQRQsVSzJRU
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 425 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини,…
Иновативниот парк ќе биде наменет за младите луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар, изјави на денешната прес конференција, Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Таа посочи дека при тоа просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот, и тоа ќе го плаќа Општина Центар. – Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други…
Градот Скопје ќе биде пример за град каде се промовира социјална правда, ова е една од заложбите на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. – Градот на хуманоста и градот на солидарноста мора да се грижи за ранливите групи граѓани. Не е лесно да се живее со попреченост и затоа мојата програма нуди брзи и сигурни решенија што ќе овозможат подобро функционирање на градот за сите негови граѓани. Се предвидуваат пристапни рампи и лифтови во сите објекти, инфраструктурно подобрување во сообраќајот, семафори со звучна сигнализација за лицата со попреченост, а новите автобуси ќе имаат соодветни ниски платформи…