Author: Ivana

Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за криминалот во судството“ денеска во Судскиот совет пријавија корупција во Апелациониот суд Штип и во Врховниот суд. Тие, како што информираат од Судскиот совет, на денешниот состанок ја известија претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска и членовите на советот за конкретни случаи од подрачјето на Апелациониот суд Штип во кои посочија дека имало криминал и корупција и споменаа конкретни имиња на неколку судии од Основниот суд Штип, од Апелациониот суд Штип и од Врховниот суд. -Граѓанската иницијатива презентираше свои докази во врска со неколку судски случаи преку кои тврдат дека одредени поединци, судии и…

Read More

Со почетокот на академската година, стартуваа и новите правила и протоколи на работа и учење кај студентите. И додека на дел од факултетите наставата се одвива онлајн, оние студенти кои присуствуваат на предавање физички, мора да приложат сертификат за вакцинација против Ковид 19.  Токму поради таа причина, од почетокот на септември, Министерството за здравство овозможи да биде отворен вакцинален пункт за Ковид-19 и за студентите. Секој работен ден од 8 до 14 часот во кампусот на приземјето на Економскиот факултет во Скопје се вакцинираат по околу десеттина студенти. Лекарката Ангела Димитриевска, која е дел од медицинскиот персонал, очекува дека бројката…

Read More

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји не работи како чесен посредник за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија за откочување на преговорите за членство. Ова се наведува во анализата на влијателниот бриселски портал „Политико“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ. Според повеќе од десетина службеници од повеќе европски институции и анализа на внатрешни документи, се посочува, европскиот комесар Вархеји бил одговорен за намалување на загриженоста на ЕУ за владеењето на правото и човековите права кај одредени земјите кандидатки. Иако унгарскиот дипломат треба да даде рамнопрвани и еднакви проценки за сите потенцијални членки, тој, како што пишува „Политико“,…

Read More

Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина. Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот Пендаровски откри дека доаѓајќи кон Атина дознал дека двете комисии кои произлегуваат од Договорот од Преспа имаат договорена следна средба. – Вашата посета е прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија во мојата…

Read More

Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, а од четврток со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м 2 за 24 часа. Врнежите, како што соопшти УХМР, ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Read More

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото  место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица. Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот…

Read More

МВР во соработка со Европол и полицијата на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, започна меѓународна кампања „Кажи не!“ – „Кажи не!“. Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни  последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на интернет во секое време и да бидат достапни за секого. Затоа, во соработка со полициите во регионот и Европол, се спроведува кампања чија цел е да им се укаже на децата и младите на опасностите и последиците што можат да произлезат од комуникацијата со…

Read More

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република. Ова ќе биде прва историска посета на еден македонски претседател на Грција. Прецизирано е дека грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска ќе го пречека Пендаровски на официјална церемонија со државни и воени почести во претседателската палата во Атина, по што ќе имаат „тет-а-тет“ состанок пред пленарната средба на делегациите на двете земји. Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Хеленската Република, Киријакос Мицотакис, а ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис. Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски…

Read More

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември. – Засега не гледам причини за корекции на цената  на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за Универзалниот снабдеувач по цена…

Read More

Во нашата програма предвидуваме отворање на младински центар на територија на општина Аеродром, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата, при денешната презентација на младинските мерки од програмата. Тој посочи дека овој простор ќе биде наменет за реализација на работилници, обуки за млади, како и културни настани. Филиповски се осврна и на потребата од поефикасно спроведување на Законот за младинско учество и младински политики, како и носење на Буџет за млади. Имено, по формирањето на Локалниот младински совет, ќе се подготви и локална стратегија за млади. На овој начи, ќе се мапираат потребите на…

Read More

Условите за мене за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор се подеднакви, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска. На прашање за тоа каков пример дава на децата со оглед на тоа што на митинзите се појавува без маска, министерката Царовска одговори дека на сите настани на кои била биле на отворен простор. – Сите настани на кои што како министерка, но и како потпретседателка на СДСМ сум учествувала биле надвор во отворен простор, условите за мене за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор…

Read More

До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали за отпечатоци од прсти што првпат ќе се користат на Локалните избори 2021 година на 17 октомври. Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето. – Со денешнава пратка очекуваме да пристигнат уште околу илјада уреди за биометриска идентификација на граѓаните и со тоа ќе ги имаме над половина од потребните уреди, а до крајот на неделата ќе пристигнат сите, уште две…

Read More