Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Има подобрување во однос на реновирањето на капацитетите во затворите, но, останува проблемот со дефицитот на здравствениот персонал. Неопходна е координациска соработка и постојана здравствена помош. Ова го покажал мониторингот со кој Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамките на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите и другите установи за лишување од слобода” оствариле 29 редовни посети во затворските установи. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на настанот истакна дека целта, и на Владата и на државата, мора да биде елиминација на нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода,…
Во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, денеска беа одбележани 72 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Во организација на „Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т га за југ“ им беше оддадена почит на загинатите борци кои го дадоа својот живот и се одбележаа 35 години од формирањето на ова здружение. На одбележувањето присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, советникот во Владата Милан Живковиќ, ченови на Здружението од сите градови, ученици од основните училишта. Шилегов истакна дека…
Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи при гостувањето во „Утрински бриф“ во врска со објавената наводна нацрт-декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, во која се тврди дека ЕУ „веќе не може да се усогласи да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји“. – Во подготовките…
На покана на претседателот Рик Даемс, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа, што се одржува во Стразбур, Франција. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го претстави напредокот на Северна Македонија во исполнување на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и можностите во тој контекст. По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4953 дози вакцини, од кои 1282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38%…
ЕУОбсервер утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ. Според документот во кој ЕУОбсервер имал увид Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како…
Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани. Од вкупно 67.000 вработени во компанијата, помалку од три проценти (околу 2.000 луѓе) побарале да бидат ослободени од обврската поради медицински или верски причини. Над 99 проценти од останатите избрале да се вакцинираат. – Побаравме од сите наши вработени во САД да се вакцинираат од една едноставна причина: да ја гарантираме безбедноста на нашиот персонал. Вистината е, дека сите се побезбедни кога сите се вакцинирани,…
Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно и посвежо, попладне и кон крајот на денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 22 степена.
Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199.819 граѓани од дијаспората. Денеска е 25-тиот, претпоследен ден од Пописот 2021. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Од Државниот завод за статистика велат дека во последните денови од Пописот на населението, домаќинствата и становите, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни…
Потрошувачите, заедниците на сопственици и управитлите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона, апелираат од БЕГ. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. -Во моментов во околу 320 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано ги комуницира…
Кандидатите за градоначалници, политичките партии и коалициите со собири и средби со граѓаните денеска ја продолжуваат кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера од Скопје порача дека упорноста, храброста и визијата на Петре Шилегов се причината што Скопје денес има модерен, европски лик, и е на вистинскиот правец напред кон иднината. Според него, Шилегов е фаворит затоа што граѓаните во него препознаваат одговорен, стабилен и посветен градоначалник, кој не калкулира со својот рејтинг кога носи решенија за градот. Како што рече, на овие избори го нудат Шилегов како најдобра понуда. Целосно заокружување на…
Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против Ковид-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш. Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Согласно последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани, а ревакцинирани 721.156. Трета доза вакцина досега примиле 69 граѓани. Последната статистика укажува дека со една доза се вакцинирале 55 отсто од лицата над 40 годишна возраст. До 26 септември, пак, со една…