Author: Ivana

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер  денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај. -Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на две нови линии – Охрид-Лондон Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции. Како што соопшти МВР, меѓу санкциите 11 се за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас. Изречени се и три мерки за користење мобилен телефон, четири за возач почетник, десет санкции за нерегистрирани возила и седум мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла.Засилените акциски контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните за почитување на…

Read More

Во војната во Украина досега се убиени 121 дете, соопшти денеска Канцеларијата на државниот обвинител на Украина. Како што соопшти обвинителството на Телеграм, повредени се 167 деца. Засега нема независна потврда за тие наводи на украинското Обвинителство.

Read More

Војната во Украина ќе придонесе за забавување на економскиот раст во светот, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април. Таа на форумот на магазинот„ Форин полиси“ рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај војната во Украина, но оти голем број држави со веќе слаби економии би можеле да паднат во рецесија. Според последните прогнози на ММФ од јануари, за 2022 година е проектиран глобален раст од 4,4 отсто што е за половина процент помалку од октомвриската прогноза. Георгиева…

Read More

На Попова Шапка утрово во 7 часот измерена е снежна покривка од 43 сантиметри. Снег има и на Крушево (27) и во Маврови Анови (26). Температури под нулата се измерени на Попова Шапка (-4) и во Берово (-3). Следат со нула степени Маврово, Крушево, Гевгелија, Скопје-Петровец, во Демир Капија и Дојран 1 степен, 2 Охрид, 3 Kрива Паланка, Битола, Претор, 4 Куманово Виница, Прилеп, 5 Штип, 6 Тетово, Скопје-Зајчев Рид. Според УХМР, времето денеска сончево и уште малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен…

Read More

Собранието денеска треба да одржи продолженија на шест седници, на 47-та, 50-та, 54-та, 57-та, 61-та и 64-та седница. Пратениците на продолжението на 47-та седница ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно-приватно партнерство, за Предлог-законот за изменување на Законот за домување, Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина, сите по скратена постапка. На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог-законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на…

Read More

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти. Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“. „Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа“, соопшти агенцијата.

Read More

Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата. Неименуван високопоставен официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150 илјади војници. „За прв пат тие би можеле да бидат нешто помалку од 90 отсто. Речиси еден месец од почетокот на војната руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем град, а украинските сили го запреа нивното напредување на речиси сите фронтови. Наместо тоа, Москва се сврте кон бомбардирање на градовите со…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска заминува за Брисел на разговори со европските лидери за руската инвазија врз Украина, носејќи со себе планови за воведување дополнителни санкции кон Москва. Според два одвоени упатени извора, Бајден и неговиот тим планираат да воведат санкции и против членови на рускиот Парламент, како реакција на руската инвазија врз Украина. Се очекува тие дополнителни мерки за изолација да бдиат соопштени во текот на утрешниот ден. Агендата на Бајден предвидува тој во 8:40 часот по локално време да замине од Белата куќа за Брисел, каде треба да се сретне со партнерите на САД во НАТО, еврипските лидери,…

Read More

Серија земјотреси утрово го потресоа Тајван, што го вознемери населението, а властите ги натера да испратат предупредување за опасност со испраќање пораки до граѓаните преку мобилната телефонија. Најсилниот од регистрираните се случи во 1:41 часот, со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 62 километри јужно од островот Хуалиен, на длабочна од 30 километри под морското дно, соопшти тајванското Централно биро за метеорологија. Засега нема информации за повредени ниту за предизвикана материјална штета.

Read More

Неколку силни експлозии се слушнале во Киев, додека главниот град е под 35-часовен полициски час. Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, објави Си Ен Ен. Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека украинската воздушна одбрана ангажирала и уништила руска ракета, а остатоците од проектилот паднале во реката Дњепар. Киев во моментов е под полициски час што вчера го продолжи градоначалникот Виталиј Кличко. Тој тогаш објави на Телеграм дека полицискиот час ќе започне во понеделникот во 20 часот и ќе трае до среда во седум часот. –…

Read More

Нападот на Русија врз Украина може да предизвика глад во други земји во светот, предупреди денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето пред италијанскиот Парламент, повикувајќи на поголема помош во борбата против агресорите. Обраќајќи им се на италијанските пратеници преку видео врска, Зеленски рече дека неговиот народ се бори за опстанок додека руската армија ги уништува украинските градови и убива цивили. – За руските војници Украина е вратата кон Европа која сакаат да ја пробијат, но не смее да се дозволи варварите да го направат тоа, рече тој, додавајќи дека ефектите од војната веќе се чувствуваат во многу делови од…

Read More