Author: Ivana

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години,  и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина. – Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина,…

Read More

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ. Ден пред Вархеји во Скопје ќе биде и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, таа исто така ќе разговара за спорот со Бугарија и негово надминување

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески одржа работна средба со заменик амбасадорот на Сојузната Република Германија Ото Граф. На средбата, како што наведуваат од Стопанската комора, се говорело за билатералната економска соработка помеѓу Сојузната Република Германија и Република Северна Македонија, која што двете страни ја оцениле дека е на многу високо ниво. Азески истакнал дека Стопанската комора, како најголема и најстара коморска организација во земјата, е подготвен и сигурен партнер за продлабочување на соработката, создавајќи и поддржувајќи поволна бизнис клима која овозможува привлекување и одржување на развојни инвестиции, посебно преку учеството во Коморскиот инвестициски форум и поддршката…

Read More

Денеска започнува кампањата за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните, вели Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово. – Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово, вели Михајловски. Тој се надева дека во оваа кампања…

Read More

Изградба на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, реконструкција на градинката „Пчелка“, како и два затворени базени се меѓу капиталните проекти кои се дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Александар Филиповски. Филиповски, во изјавата за медиуми посочи дека предвидува изградба и на младински центар, со цел да се овозможи простор за младите, за реализација на обуки, работилници, но и организирање на настани. Во делот на основното образование, програмата предвидува и доградба на основното училиште „Блаже Конески“, нови сензорни соби за учениците со попреченост и еко – училници за секое…

Read More

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, присуствуваат на традиционалната манифестација „Преспански  јаболкобер“ во Ресен, во склоп на фабриката „Свислион“.

Read More

Американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа вели дека Русија ја дестабилизира Црна Гора. На прашањето како САД гледаат на концептот „српски свет“ и неодамнешните иницијативи на претседателот Александар Вучиќ и други функционери за промовирање на српскиот идентитет и „единство“ во регионот и дали овој тренд може да го дестабилизира регионот, Ескобар рече дека тоа останува да се види, посочувајќи дека не постои конфликт помеѓу тоа луѓето што ја слават својата култура и живеат во друга земја. – Во оваа земја, ние ја славиме културата меѓусебно. Но, прашањето е дали тогаш тоа…

Read More

Одбележувањето на големиот јубилеј – 30 годишнината од независноста на државата и 80 години од македонската антифашистичката борба се повод, уште еднаш да се навратиме на цивилизациските придобивки на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската наука и на македонската уметност, коишто опстојуваат на овие простори, во и надвор од денешните граници повеќе од илјада години. Ова го порача во поздравното обраќање на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Љупчо Коцарев. – Во…

Read More

Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност организира дводневен свечен научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“. На настанот ќе се обратат актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, поранешните Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов и претставници од кабинетите на првиот и вториот претседател, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Read More

Скопјанка на возраст од 35 години е осомничена за шест тешки кражби направени во периодот од 3 до 21 септември, информираше Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, кое отвори постапка против неа. Кражбите таа ги извршувала на различни начини, според информациите на обвинителството. Претставувајќи се како медицинска сестра, попишувач, внука на соседи, таа влегувала во домовите на своите жртви и ги ограбувала. Првата кражба за која е осомничена е од 3 септември. На автобуска постојка во населбата Ченто се доближила до оштетената, кратко разговарала со неа и во момент на невнимание ѝ ја зела торбата во која имало паричник со картичка,…

Read More

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека претседателката Урсула фон дер Лајен идната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот не беше во можност да даде повеќе детали, и рече дека прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во регионот. Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Северна Македонија. -Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу…

Read More

Вработените во МВР, кои се наоѓаа во возилото во кое имало бункер со марихуана, се веќе вратени во Скопје и тие немаат никаква врска до дрогата, тврдат од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, кои на 22 септември тргнале на обука во Црна Гора и за службеното патување задолжиле возило од автопаркот на МВР. Кога стигнале на границата помеѓу Албанија и Црна Гора, тамошните цариници пронашле марихуана скриена во бункер, а од МВР тврдат дека таа дрога останала во возилото уште од 2016 година. Се работи за возило кое, според објаснувањето, Министерството го добило од Агенцијата за управување со одземен имот, а…

Read More