Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од КОВИД-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за КОВИД-дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“. – Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент.…
Следната година прв пат ќе бидеме домаќини на голема воена вежба со падобрански елементи и очекуваме тим од Националната гарда на Вермонт да ни се придружи. Тоа ќе биде уште една шанса за нас да покажеме колку нашата соработка е блиска и успешна, изјавила министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Вермонт, со што ја заврши повеќедневната посета на САД. На прес-конференцијата, како што соопштија од МО, министерката Шекеринска направила осврт на средбите и разговорите во Пентагон и Стејт Департментот, како и на соработката помеѓу Северна Македонија и оваа американска сојузна држава, но и за можностите за развој на…
Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање кои податоци кои произлегуваат од пописот ќе се користат како основа за креирање на државните економски и социјални политики, конкретно кога станува збор за правична етничка застапеност и користењето на јазиците. Истакна оти пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Уставот, вели, е јасен, законите се јасни…
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство. – Како што реков, ред е да ја почекаме истрагата. Така да јас би чекал и секако останувам на ставот на тоа што го соопштив, согласно информациите од истрагата јас ќе го соопштам ставот по етичкиот однос на поднесувањето на оставките на директорот на болницата, на економскиот директор, на министерот за здравство и на заменик министерот за здравство, рече…
Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но, неопходно е секој случај внимателно да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организира со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19…
Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија. Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а…
Продолжува потврденото партнерство и поддршка за соработка на нашата земја со Кралството Норвешка, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. – Денеска на средбата со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, потполковник Даг Лунде и мајорот Дагфин Бјорклид, виш офицер од Норвешките вооружени сили разговаравме во делот на ангажирање на наши лекари и медицински сестри и надградување на капацитетите на хрируршките тимови во рамки на НАТО, информира Филипче. Тој додава дека Кралството Норвешка во време на ковид кризата донираше огромно количество на потребни материјали, медицински апарати, што е уште еден показател за големината на…
Состојбата во исполнувањето на програмите во конкретни сектори и користењето на ИПА средствата, беа во фокусот на денешниот шести по ред Мониторинг комитет за секторот транспорт, животна средина и климатска акција, со кој претседаваше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Вицепремиерот Димитров, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, посочил дека предизвиците и научените лекции од програмирањето на ИПА II се вградени во подготовката за ИПА III, каде зрелоста на проектите беше основен критериум. Тој нагласил дека и покрај подобрувањето на капацитетите на ИПА структурите одговорни за управување со проектите во овие области, во претстојниот…
МЗ: Се следат истражувањата за новите вакцини против Ковид-19, во тек набавка на вакцини против грип
Во моментов имаме доволно вакцини против Ковид-19 за престојниот период. Националниот комитет за имунизација ги следи сите истражувања за новите вакцини меѓу кои е и вакцината на француската компанија „Санофи“, информираа за МИА од Министерството за здравство. Во врска со тоа дали се набавени вакцини против сезонски грип, од Министерството посочуваат дека во моментот во тек е нивната набавка. – Предвидено е да се набават 40.000 дози на четиривалентни вакцини против грип, истакнаа за МИА од Министерството за здравство.
На автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје. – При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
По предлог на јавната обвинителка Лиле Стефанова, денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложи за 30 септември. Причина за ова барање на обвинителката Стефанова, беа разните поднесоци на одбраната за кои побара време за да ги разгледа. Воедно, судењето за овој предмет е вратено од почеток поради тоа што еден член од поротата наполни 60 години. Првично, во оваа постапка, која трае од 2018 година беа сослушани над 200 сведоци. Предмет на ова судење е незаконското финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела поврзани со изборните процеси во 2011, 2012 и 2013 година. Судењето за овој…
Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. – Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, додава Заев. Според…