Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Сојузништвото со САД не било никогаш поцврсто, со државата Вермонт нè врзува тридецениско партнерство и пријателство

0
By Ivana on September 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 22, 2021 14:14

Следната година прв пат ќе бидеме домаќини на голема воена вежба со падобрански елементи и очекуваме тим од Националната гарда на Вермонт да ни се придружи. Тоа ќе биде уште една шанса за нас да покажеме колку нашата соработка е блиска и успешна, изјавила министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Вермонт, со што ја заврши повеќедневната посета на САД.

На прес-конференцијата, како што соопштија од МО, министерката Шекеринска направила осврт на средбите и разговорите во Пентагон и Стејт Департментот, како и на соработката помеѓу Северна Македонија и оваа американска сојузна држава, но и за можностите за развој на оваа повеќедеценска соработка во одбраната, економијата, земјоделството, туризмот и трговијата.

– Горди сме на нашето партнерство со Вермонт. Отприлика 5.000 војници од Северна Македонија досега биле дел од програмите за соработка. Тоа е неверојатно, тоа е повеќе од 50 проценти од вкупниот број на нашите вооружени сили. Нема војник во Армијата на Република Северна Македонија кој не знае за Вермонт. Следната година за прв пат ќе бидеме домаќини на голема воена вежба со падобрански елементи и очекуваме тим од Националната гарда на Вермонт да ни се придружи. Тоа ќе биде уште една шанса за нас да покажеме колку нашата соработка е блиска и успешна, рекла Шекеринска.

Посочила дека на посетата на Вермонт претходела успешна посета и средби во Вашингтон, каде на средбата со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III, било потврдено исклучителното сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД.

– Имавме навистина успешна политичка посета во Вашингтон пред да дојдеме тука во Вермонт. Посетата на Вермонт беше круна на престојот во САД, со што заокруживме една многу успешна посета. Оваа посета година и половина по нашето членство во НАТО кое го чекавме речиси три декади. Целта стана реалност како резултат на неколку генерации мажи и жени особено во војската, а и во политичките работи, додека одбранбената рамка беше сериозно поддржана од САД, истакнала министерката Шекеринска, се наведува во соопштението од МО.

Во однос на можностите за развој на соработката, Шекеринска порачала дека нашата цел е системот за заштита при катастрофи да го направиме поефикасен и затоа се разговара и за размена на искуства и за реализација на обуки за цивилна заштита и одговор на катастрофи.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт честитал за приемот на Северна Македонија во Алијансата и изразил подготвеност соработка во одбраната да се прошири и во економијата.

– Сакам да и честитам на Северна Македонија и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за приемот на Северна Македонија во НАТО. Чест е за нас што имаме улога во тоа постигнување преку нашето партнерство. Навистина е неверојатно достигнување кое на нас ни зборува многу за посветеноста на Северна Македонија на нашето партнерство. Подготвени сме и за можности за подобрена економска иницијатива, рекол Најт.

Заменичката на гувернерот на Вермонт, Моли Греј укажала на потенцијалот на соработката помеѓу американската сојузна држава и Северна Македонија.

– Со Северна Македонија започнавме да идентификуваме клучни области на логични партнерства, да дознаеме што има Вермонт, да дознаеме и да научиме што има Северна Македонија, да размениме најдобри практики во земјоделството, туризмот, академските размени, медицината, животната средина, и можностите за трговија, рекла таа и додала дека веќе се работи на поврзување на академската фела, како и на бизнис секторот од двете земји.

Како што стои во соопштението, Греј и се заблагодарила на министерката Шекеринска за покажаното визионерство и инклузивниот пристап, како и за посветноста на искреното и сеопфатно партнерство помеѓу Вермонт и Северна Македонија.

Посетата на Вермонт завршила со демонстрација на полетувања на ловците Ф-35 на военото воздухопловство на Националната гарда на Вермонт.

Пред посетата на Вермонт, министерката Шекеринска и македонската делегација во Вашингтон, освен со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, се сретнаа и со други високи претставници на американската администрација, вклучувајќи ги и потсекретарот за политички прашања во Пентагон, Колин Кал и новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.