Author: Ivana

САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка за членство на Скопје во Унијата, пишува магазинот „Еурактив“. Во написот се пренесува изјавата на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи и специјален пратеник за Западе Балкан, Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа дека што побрзо треба да се најде компромис на билатералното прашање меѓу Софија и Скопје, и да се деблокира евроинтеграцијата на Северна Македонија. – Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите…

Read More

Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи 3.500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори, соопштија од Судот. Посочуваат дека согласно чл. 67 ст. 3 во врска со чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставиле личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги извршил…

Read More

Летото ги одбројува последните часови. Септември е. 22. Доаѓа календарската есен. Во октомври, не чека танцот на златни и бакарни лисја. Тоа е инспирација за сите уметнички души. Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 21:21 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути.Сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 20 часот и 38 минути, кога…

Read More

Учеството на жените кога станува збор за кандидатки за градоначалници, и вовие локални избори е далеку под очекувањата, а очигледна е доминацијата на спротивниот пол. Статистичките податоци од кандидатските листи покажуваат дека само 26 жени се пријавиле за учество во градоначалничката трка на претстојните локални избори, а на 25 им се потврдени кандидатурите за 80 општини во земјава плус Градот Скопје, за што има вкупно 298 кандидати. Во проценти ако се земат анализите на Државната изборна комисија, само 8,72 проценти од кандидатите за градоначалници се жени, наспроти 272 или 91,28 кандидати од машки пол. Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на…

Read More

Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор. – За жал, во текот на целиот ден, на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки, не беше овозможено да се отвори расправа за Предлог-законот, кој работниците го очекуваат и кој треба да почне да се применува од 1 октомври оваа година, велат од Министерството за труд и социјална политика. Од таму велат дека овој Предлог закон овозможува над 92 проценти…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска го посети Црвениот крст на Северна Македонија, а за време на средбата со Генералниот секретар на оваа хуманитарна организација, Саит Саити беше претставена Програма за соработка помеѓу Црвен крст и Владата за обезбедување стокови резерви за делување при итни состојби. Стоковите резерви ќе се обезбедуваат со посебни средства од Владата, кои ќе се користат за обезбедување одредена количина на хуманитарна помош, која во секое време ќе биде достапна за граѓаните погодени во случаи на елементарни катастрофи и кризни состојби. „Денес Црвениот крст на Северна Македонија, со целото свое искуство, организираност и волонтерската база низ целата држава,…

Read More

Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија. Европската Унија треба да ја држи вратата отворена, не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, кој во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот се обрати на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“ во…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе има повремен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 16 степени во Маврово до 29 во Гевгелија.

Read More

Вкупно 21.693 апликации пристигнаа во рамките на првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 1 до 30 август, а беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Тие се разгледани од страна на надлежната комисија во рамките на Министерството за образование и наука и донесени се соодветни решенија, согласно кои прифатени се 18.149 апликации. На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а истото може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации“)…

Read More

Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина. Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините. Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби. Општината го…

Read More

Згрижените во домовите за стари лица, здравствените работници и лицата над 60-годишна возраст во Грција ќе добијат и трета доза од вакцината. Како што соопштија претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, третата доза нема да биде задолжителна, а ќе биде со мРНА вакцина, шест до осум месеци по втората доза. Претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду објасни дека намалувањето на антителата во комбинација со мутациите, биле главните причини, Комисијата да препорача и трета доза за конкретните категории, додека, пак, за веројатноста трета доза да примат сите граѓани,…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот се обрати на тема: Што значат мирот и стабилноста во 21. век? во рамки на сесијата: Специјално обраќање: Мир и стабилност: Иднината на Западен Балкан. На почетокот од своето обраќање, претседателот говореше за искуствата на земјите од регионот на Западен Балкан по падот на комунизмот, констатирајќи дека заради низа објективни причини, како што беа конфликтите во поранешна Југославија, економската девастација, бројните отворени прашања, ниту една земја од регионот не…

Read More