Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените во длабока сенка и на овогодишните локални избори

0
By Ivana on September 21, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 21, 2021 16:07

Учеството на жените кога станува збор за кандидатки за градоначалници, и вовие локални избори е далеку под очекувањата, а очигледна е доминацијата на спротивниот пол. Статистичките податоци од кандидатските листи покажуваат дека само 26 жени се пријавиле за учество во градоначалничката трка на претстојните локални избори, а на 25 им се потврдени кандидатурите за 80 општини во земјава плус Градот Скопје, за што има вкупно 298 кандидати.

Во проценти ако се земат анализите на Државната изборна комисија, само 8,72 проценти од кандидатите за градоначалници се жени, наспроти 272 или 91,28 кандидати од машки пол. Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ смета дека постојат повеќе причини поради кои жените во нашата земја многу малку се занимаваат со политика, но и со други сфери од животот.

– Предрасудите и стереотипите за улогата на жените во општеството е една од главните причини. Воедно неплатената работа од страна на жените во семејството, грижата за децата и постарите членови на семејството се причини за слабата активност на жените и во економскиот и во политичкиот живот. Дополнително, говорот на омраза против жените политичари, особено на социјалните мрежи, ги обесхрабрува жените да се вклучат активно во политиката, вели Морачанин.

Според неа,  застапеноста на жените во политиката главно се должи и на родовите квоти, кои обезбедуваат 40 отсто од кандидатите за советници и пратеници да бидат жени.

– Затоа, предложивме измени во Изборниот законик со кои се предвидува бројот на мажи и жени на списокот да биде еднаков. Во извршната власт каде што нема родова квота, бројот на жени министри и градоначалнички е многу мал, додава Морачанин.

Врз основа на статистичките податоци од ДИК, најголемите партии, со најмногу градоначалнички кандидати, всушност, имаат помал процент на жени кандидатки. СДСМ има 68 кандидати за градоначалници, но само 5 од нив се жени. Кај ВМРО-ДПМНЕ овој број е уште помал, односно имаат само три кандидатки од вкупно 62 кандидати за градоначалници.

ДУИ ќе се трка со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, а меѓу нив само Теута Арифи е кандидатка жена која ќе се обиде да добие уште еден мандат за Тетово.

Од ДПА велат дека на претстојните избори има минимален број кандидатки за градоначалнички. ДПА ќе настапи со само една кандидатка од вкупно 14 имиња, а тоа е Рената Елези која ќе се бори за Гостивар. Коалицијата АА-ААА од вкупно 15 кандидати, нема ниту една кандидатка. Истиот случај е и со Движењето Беса, каде сите кандидати се мажи.

Процентуално, поголема родова избалансираност има кај Движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, каде што од вкупно 17 кандидати за градоначалници пет се жени. Левица, пак, има две кандидатки од вкупно осум претенденти за градоначалничко место, така што процентуалната застапеност на жените во овој случај е 25 отсто. Во градоначалничката трка влегуваат и 27 независни кандидати од кои само две се жени.

Кога станува збор за советничките листи, од 1.131 кандидат за советник во сите 81 единица на локалната самоуправа, 522 или се жени.

Според истражувањата во 2009 година нема ниту една жена градоначалник, во 2005 има 3 жени меѓу 125 градоначалници, а на локалните избори во 2017 година „рекордни“ 6 жени меѓу 80 општински челници.

И.Р.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.