Author: Ivana

Вкупно 14.921 лица извршиле увид во избирачкиот список, заклучно со вчера до кога беше рокот за проверка, информираат денеска од Државната изборна комисија. – Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Државната изборна комисија, исто така, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 114 барања.

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и инсистира на објективно и навремено расветлување на големата трагедија во тетовската модуларна болница. Комитетот бара и очекува од надлежните институции да спроведат темелна истрага, со која ќе се утврдат причините за пожарот кој одзеде 14 човечки животи, како и да преземат мерки за утврдување одговорност кај лица и институции, особено во поглед на превентивните мерки за заштита и почитувањето на здравствените и безбедносните протоколи во болницата во Тетово. Оваа огромна загуба оправдано ја зголемува недовербата на граѓаните во институцииите на системот и затоа е клучно истрагата да…

Read More

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово. Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Во специјалните задачи кои…

Read More

Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија, изразил претседателот на Израел, Исак Херцог во телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски. Како што соопшти кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор Херцог воедно упатил честитки до Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста, констатирајќи дека земјава од независноста до денес помина тежок пат. – Како традиционално пријателска земја, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Северна Македонија, посочил претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор.

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 754.271 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.959 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.737 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.358.067 дози вакцини, а ревакцинирани се 603.795 граѓани.    Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата…

Read More

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук и неговите колеги Андреас Шидер и Марион Валсман денеска во Собранието во рамки на процесот „Жан Моне“, имаат средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи. Во фокусот на разговорите, според информациите на МИА, е Деловникот за работа на Собранието. Според информациите од пратеничките групи, договорено е разговорите да не се најавуваат во контекст на актуелната состојба во земјата и деновите на жалост. Европратениците веќе биле во Скопје кога беше донесена одлуката за тридневна жалост поради трагедијата во Тетово со препорака за откажување на…

Read More

Дејствијата кои ги преземаат петтемина обвинители за утврдување на причината за настанување на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, во континуитет продолжуваат. Донесени беа наредби за вршење на судско-медицинска обдукција и идентификација на телата на починатите до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицински факултет во Скопје. Од доставените извештаи до обвинителството се утврдува дека од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. Од нив 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, две лица и тоа сопруга…

Read More

Со изведување на материјални докази од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацеви на Водно“. Јавната обвинителка Лиле Стефанова, почна со презентирање нотарски заверки на документи и потврди за плаќања од извршени купопродажби На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, истакна предлог за укинување на мерката притвор или заменување со мерка куќен притвор. По сослушување на предлогот, судијата Илија Трпков, рече дека вакво барање се изнесува на крајот од рочиште и дека Судот ќе се произнесе на крајот од денешното рочиште и Обвинителството да почне со изведување на докази. Обвинетиот Јордан…

Read More

Ниту една кандидатура за градоначалник или за советници досега не е доставена до Општинската изборна комисија во Штип, информира за МИА, Виктор Вацев,  претседател на ОИК-Штип. Рокот за доставување на кандидатури истекува утре на полноќ. Очекува во текот на денешниот или утре до полноќ партиите и коалициите да ги достават кандидатурите за градоначалници и за советници. -Засега останува да имаме 80 избирачки места во Општина Штип, нема промени. Тековно се даваат решенијата на членовите на избирачките одбори, кои се нови. Очекуваме и насоки од Државната изборна комисија, кога ќе бидат обуките за новите членови на избирачките одбори, вели Вацев. Во…

Read More

Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори. Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од  8:00 до 16:00 часот, а во понеделник на 13 септември, вторник 14 септември  и среда 15 септември од  8:00 до 20:00 часот. Заинтересираните дополнителни информации може да добијат во соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или на e-mail преку контакт формата на Централен регистар

Read More

Годинашното издание на фестивалот „Охрид фест 2021“ ќе се снима и тоа без присуство на публика, а ќе се емитува после деновите на жалост. Ваквата одлука Советот на фестивалот ја донесе од причина што фестивалот, чие одржување беше закажано за 10-ти односно 11-ти овој месец, не може целосно да се откаже, бидејќи се работи за настан на кој е предвидено учество на музички имиња од поширокиот регион, кои се веќе пристигнати во Охрид. -Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите во несреќата во Тетово. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се…

Read More

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 степени. Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб…

Read More