Author: Ivana

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска го свика Генералниот Совет на партијата во градот Гостивар каде што пред присутните во својот говор направи рекапитулација на состојбата во земјата и постигнувањата од минатата година, по победата на парламентарните избори. Ахмети зборуваше за политичката ситуација во земјата, вклучувајќи го и спорот со Бугарија, како и за напорите за решавање на ова прашање, како и за отворањето на патот за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. За време на состанокот со Генералниот Совет, претседателот Ахмети апелираше до граѓаните да излезат на гласање и да станат дел…

Read More

Вонреден ветинг на сите дипломати најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако вчера беше објавено дека македонски дипломат кој бил баран со меѓународна потерница е приведен во Србија Уапсениот е дипломат кој е на мисија во Виена, а како што објавија повеќето медиуми станува збор за Миле Миленковски, заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ во Австрија. – Јас презедов серија на мерки и одлуки, во смисла на одлука за отповикување односно повлекување од мандатот и прекинување на мандатот во Виена, мирување на работното време бидејќи законот не дозволува поинаква одлука се до расчистување на состојбата. Меѓутоа, решив да се направи вонреден ветинг…

Read More

Членството во НАТО беше голем успех и треба да го користиме. Сега како членка на Алијансата, ја имаме моќта да влијаеме на нејзината политика кон нашиот регион, но и пошироко, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното предавање пред слушателите на Школата за политики која е дел од Претседателскиот центар за политичко образование – Историјата е многу јасна – државите кои имаат сојузници ќе одат напред. Ако успееме да изградиме сојузи кои што ќе бидат трајни, кои што ќе ни бидат предност, тогаш каква било криза може да ја дочекаме на нозе, истакна Шекеринска. Таа рече дека новите проблеми…

Read More

На денешните протести за правото на жените за еднаквост во Кабул избија судири, при што се повредени неколкумина Авганистанските жени втор ден протестираат во Кабул, кој е под контрола на талибанците, барајќи женски права, еднаквост, правда и демократија. Активистките протестирајќи во близина на претседателската палата носеа транспарент на кој пишуваше „Ние не сме жените од 90-тите“. Талибанците претходно ветија дека ќе ги почитуваат правата на жените како дел од нивното толкување на исламското учење. Талибански лидер Шир Мохамад Абас Станекзаи претходно истакна дека не мисли дека жените ќе бидат назначени на високи позиции во новата влада, но дека тие ќе…

Read More

Околу 2.750 домаќинства ќе располагаат со електрична енергија од обновливи извори благодарение на енергетските политики на Владата кои овозможија изградба на биогасна електрана во Општина Лозово, соопшти премиерот Зоран Заев Според него, вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6 милиони евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места. – Биогасната електрана Сарамзалино, со постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори, додаде Заев. Во заложбите на Владата се слопуваат…

Read More

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска имаше состанок со Генералниот совет на партијата во Гостивар За време на оваа средба, претседателот Ахмети направи резиме на минатата година во однос на актуелните политички случувања во земјата и регионот. Победата на Демократската Унија за Интеграција на локалните избори несомнено ќе ја следи уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациона мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро реновирани, одржувани и нови училишта. На состанокот на Генералниот совет на ДУИ, по предлог на претседателот на ДУИ Али Ахмети, членовите на Генералниот совет едногласно, беше избрана…

Read More

 Пописот не е само да се преброиме колку сме во државата, туку тоа е операција која ќе обезбеди податоци и на Министерството за транспорт и врски при постапките на урбанизацијата, порача министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи на штипската улица „Панче Караѓозов“ – Тоа ќе му треба и на градоначалникот и на општината, да знаеме колку проекти, колку приоритети има, колку улици има, колку жители живеат во одредена населба, за да може да се реализираат и тие проекти и тие приоритети на граѓаните. Така што пописот е операција, којашто е потребна и за…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека имал состанок со претстаници на „Фајзер“, на кој раговарале за плановите за следната година и за нивните сознанија во однос на клиничките испитувања. Сите испитувања досега, посочи министерот, одат во насока дека најверојатно трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираат Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно. – Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“ и ја имаме оваа континуирана количина која…

Read More

Околу триста холандски туристи кои моментално летуваат на охридско-струшката ривиера, при враќање во својата земја одат во задолжителен карантин од 10 дена, по најновата одлука на Холандија за патниците од Македонија кои при влез ќе треба да го почитуваат правилото за задолжителниот карантин од десет дена заради заштита од ковид-19 Ваквата мерка која од денеска ја воведува Холандија го преполови со патници и чартер летот кој требаше да пристигне в понеделник на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Од вкупно 160 Холанѓани кои се очекуваа, 80 го откажале летот. Туристичките работници стравуваат дека следните најавени летови нема воопшто да полетаат. „Ваквата…

Read More

Младиот Марко Пејчиноски денеска повторно плива во водите на Охридското Езеро, што е една од активностите што се одржуваат во Охрид и Струга во знак на поддршка на децата со ретки болести. Петнаесетгодишниот Пејчиноски, кој во 2018 првпат го преплива Охридското Езеро со некроза на ногата, притоа ќе се обиде да ја исплива релацијата Охрид-Струга-Охрид. – Слоганот на овој настан е ‘Никогаш не се откажувај‘ и оваа порака која Марко ја упатува до децата со ретки болести и до нивните семејства нека биде и порака до системот, до институциите-креатори на политики и донесувачи на одлуки дека и пациентите и родителите…

Read More

Од денеска започнуваме со реконструкција на улицата Панче Караѓозов, а во наредните денови реконструкција и на главната крстосница во населбата Сењак, на улиците Сремски фронт и Борис Крајгер, за што вкупно во оваа фаза инвестираме 21 милион денари, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид во реконструкција на улица Панче Караѓозов во Штип Овој проект се реализира преку Министерството за транспорт и врски, во соработка со општината, а во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта во општините што го реализира Владата со вкупно 70 милиони евра. “Денеска се наоѓаме на почетокот на градежните работи…

Read More

Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало добредојде во секој гевгелиски дом. Така, било некогаш, така е и денес. Смоквата со години е познат бренд на Гевгелија. Нема гостин кој навратил Гевгелија а да не замине со торба полна смокви, било свежи било преработени како слатко А, на почетокот на септември, еве веќе 15-та година по ред, низ цела Гевгелија се разгоруваат огновите, се полнат тавите и низ воздухот се шири пријатниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го имате само во Гевгелија во деновите додека се слави и почитува еден од најценетите специјалитети на регионот…

Read More