Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година. – Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија. Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани. Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.…
Вкупно 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список, а поднесени се вкупно 33 барања за запишување во избирачкиот список, 25 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 19 барања за измена на податоците во избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија (ДИК) ДИК известува дека постапката за јавен увид во Избирачкиот список тече и истата ќе трае до 9 септември 2021 година. До Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 36 барања.
Документ поврзан со Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при пристигнувањето во земјата за оние кои од Северна Македонија патуваат во Грција со негативен тест, се актуелните мерките за влез кај јужниот сосед, што се продолжени за уште една седмица со одлука на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“ е веќе објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во 6 часот утрово, а е со важност до 10 септември 2021 година. Продолжени се и воведените промени минатата седмица, што се…
Фондациите „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“, и Институтот за општествени и хуманистички науки, денеска организираа хибриден настан-панел дискусија на тема: Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, која можеше да се следи и онлајн преку зум апликацијата Во рамки на дискусијата, на која учествуваа владини претставници и истражувачи и соработници на организаторите на настанот и претставници на граѓанскиот сектор, беа презентирани истражувачки трудови и анализи за е-услуги во општините, опфаќајќи ја и потребата од ориентирање на дигитализацијата кон граѓаните, како средство за забрзана и ефективна реформа. Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски и Ана Малцева-Маринковиќ,…
Завршната верзија на Законот за земјоделско земјиште е подготвена со сите забелешки од страна на засегнатите страни, а истиот е доставен до Владата и понатаму треба да се достави во собраниска процедура, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа Хоџа посочи дека на дебатата најмногу се посветиле на забелешките, односно во делот на пренамените или како што вели тој да не се ограничи урбаниот план на општините со земјоделското земјиште. – Беше побарано да се тргне делот на стратешки инвестиции и тој дел целосно го нема во Законот. Мислам дека веќе имаме Закон што самите земјоделци го бараа и е согласно нивните потреби, додава Хоџа. Во…
За да можеме како Министерство за труд и социјална политика, за да може локалната самоуправа како партнер, за да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки, изјави Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на Дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле. – Пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5ти септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат…
Ќе ја оправдам довербата и кандидатскиот статус ќе го преточам во градоначалнички мандат, вложувајќи ги сите мои професионални квалитети во мисијата Битола да ја направиме подобро и поубаво место за живеење, изјави Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Битола На прес конференција во Битола Кондовски посочи дека како докажан и успешен менаџер во функција ќе ги стави сите свои знаења, вештини, способности и контакти со цел Општина Битола да продолжи по патот на развојот и просперитетот со една забрзана динамика. –Согласно со изборните правила, наскоро ќе ги презентирам и моите проекти и концепти за развој на градот.…
Учениците имаат и таблети и учебници. Родителите, наставниците и администраторите имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети што се во училиштата во библиотечниот фонд на таблети и втора работа е дека ги спуштаат по информации – вибер групи, емаил адреси на самите родители за тие да ги инсталираат, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска Таа посочи дека има дете во четврто одделение и учебниците се спуштени и тука нема никаков проблем дека учебници ќе има. – Учењето не значи учебник. И многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е…
Во Центарот за култура во Дебар, традиционално, по дваесеттипат вечерва ќе биде отворен фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“ -Честа да го отвори јубилејното издание ќе му припадне на тетовскиот театар со претставата „Проклетите“ од Олса Пошка а во режија на Гент Чајани. Следните денови ќе настапат актерите од театарот „Темпули“ и Албански театар од Скопје. Тука се и театрите од Драч и Корча, Албанија и од Урошевац и Приштина, Косово, рече Илбер Нуредини, директор на фестивалот. Додаде дека за отворен фестивалот ќе го прогласи градоначалникот Хекуран Дука, а пред тоа ќе биде одржана свеченост на која ќе бидат доделени…
Премиерот Зоран Заев денеска информира дека во рамки на Бледскиот форум разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев, при што тој изразил надеж дека политичките субјекти ќе успеат да формираат Влада, која е важна за носење одлуки – Како што соопштив, на 17 јуни после враќањето од Бугарија каде што бевме, разговаравме, ние ги адресиравме сите важни прашања, го создадовме патоказот, дополнително потврдивме со нота тоа што беше важно за кратко, долго име, за немешање во внатрешните работи и слично. Мислам дека очекувањата да се формира политичка влада би можело да биде во прилог на брзото одблокирање на процесот на Северна Македонија…
Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за ангажирање на граѓаните, ќе обезбеди техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за изготвување нов Закон за употреба на податоци од јавниот сектор, кој треба да биде усогласен со соодветната директива на Европската Унија (ЕУ) „МИОА во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за употреба на податоците од јавниот сектор со директивата на ЕУ. Во овој случај, ќе се анализира постојниот закон за употреба на податоци, ќе се оцени влијанието на…