Author: Ivana

Државниот завод за статистика (ДЗС) е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција Попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. Донесени се многу строги протоколи, како да се однесуваме во услови на пандемија и ние гарантираме дека целосно ќе ги почитуваме, изјави на денешната прес-конференција во Влада директорот на ДЗС, Апостол Симовски. На Конкурсот за пријавување кандидати за попишувачи, Симовски нагласи, досега аплицирале речиси осум илјади луѓе, со што се сигурни дека ќе има комплетна покриеност со попишувачи на терен, а доколку е потребно, со одлуката на Владата, на располагање им се ставени и лицата…

Read More

Северна Македонија кон крајот на минатата година како НАТО-членка започна и со свои сили да придонесува кон мисијата на Алијансата во Косово. Нашата заедничка мисија и тука е целта која што ја споделуваме и со Владата на Република Косово е да обезбедиме безбедност и стабилност на целиот регион, безбедност и стабилност на Косово, да имаме навистина регион којшто ќе цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина. Тоа е иднината која што ја посакувавме и за нашите граѓани и тоа е иднината која што граѓаните во нашиот регион целосно ја заслужуваат, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан. Како што информираат од МВР,  министерот Спасовски и амбасадорот Томан на средбата изразиле задоволство од досегашната одлична соработка помеѓу министерствата на двете земји. Воедно разговарале и за најавената посета на висока чешка делегација во земјава, на која, меѓу другото, ќе биде презентирана донација на возила „шкода“ од Чешката Република за потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи. – Министерот Оливер Спасовски упати искрена благодарност на чешкиот амбасадор за безрезервната поддршка што Чешката Република ја дава на нашата држава и изрази…

Read More

Во последните 24 часа на територијата на земјава има седум пожари коишто сите се локализирани, а потоа изгаснати и не се големи шумски пожари, информира Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција – По еден пожар бил регистриран околу градовите Скопје, Охрид, Крушево и Неготино, а четири такви на нискостеблести растенија и трева имало околу Битола. Со оглед на состојбата со бројот на пожарите на отворен простор, како и поволната хидрометеоролошка ситуација, Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК препорача на Владата да донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми, донесена…

Read More

Претседателот Стево Пандаровски на Фејсбук објави дека на прославата во Киев по повод 30 годишнината од независноста на Украина, имал можност да поразговара со вториот претседател на Украина, Леонид Кучма и со Вселенскиот партијарх Вартоломеј. – Се сретнав и со две спортски легенди, поранешниот светски боксерски шампион, денес градоначалник на Киев, Виталиј Кличко и Сергеј Бубка, поранешниот светски рекордер во скок со стап, денес, потпретседател на Меѓународната атлетска федерација, напиша шефот на државата.

Read More

Стопанската комора за туризам (СКТМ) предупредува дека новите КОВИД мерки кои треба да стапат во сила од 1 септември сериозно ќе го усложнат патувањето и отежнат престојот на македонските граѓани во странство Комората бара измена на условите за влез во државата – на македонските граѓани кои ќе бидат упатени во домашна изолација да им се дозволи во рок од 24 часа да извршат тестирање во домашна лабораторија и доколку имаат негативен резултат да бидат ослободени од самоизолација. Ваквото барање, како што соопшти Комората, е доставено до министерствата за здравство и за економија. -Мерките во врска со враќањето на нашите граѓани…

Read More

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот, напиша на својот Фејбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. – Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган. Инаку утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија беше извршена трансплантација на срце и бубрези од починат донор. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и…

Read More

Претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Фејсбук објави дека е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја побара поддршката на граѓаните кои, како што напиша, сакаат промени – Би сакала со Вас јавно да споделам и официјално ја објавам својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја барам поддршката од сите Вас чесни луѓе кои сакаат промени. Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален…

Read More

Од денес повторно се дозволува движење на граѓани во шумите. Владата врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, на вчерашната седница донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено Забраната за движење во шуми беше донесена на 3 август, откако земјава беше зафатена од серија големи шумски пожари. Во извештајот на ЈП „Национални шуми“ за штетите од пожарите заклучно до 15 август,…

Read More

Министерството за здравство денеска соопшти дека се повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19 и апелира младите да се вакцинираат. – Недоволно високиот степен на имунизација, особено кај младата популација, е причина и за сè поголемиот број на хоспитализации во светски рамки. Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени, се наведува во соопштението. Од ресорното министерство посочуваат дека се намалува старосната граница…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ заедно со неговата косовска колешка Албулена Хаџиу денеска во Приштина потпишаа Договор за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово, со кој значително ќе се олесни правниот сообраќај меѓу двете земји, соопшти Министерството за правда – Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат…

Read More

Вкупно 3.340 лица се провериле во Избирачкиот список заклучно со вчерашниот ден. Поднесени се вкупно четири барања за запишување во Избирачкиот список, едно барање за бришење на податоците од ИС  и едно барање за измена на податоците во избирачкиот список. Државната изборна комисија (ДИК) потсетува дека во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и ќе трае до 9 септември 2021 година.

Read More