Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште. На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна. Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови. Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон…
Времето во земјава ќе биде променливо облачно и посвежо, a во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, се очекува да дува слаб северозападен ветар кој ќе се засилува долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 15 до 24 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник од каде на 2 август започна и серијата пожари кои зафатија повеќе населени места во делчевско и пехчевско. Натчовечки напори на луѓето кои деноноќно гаснеа ја победи огнената стихија од распространување низ населбите и селата кој гравитираат со планината Средна. Според информациите од самиот терен во пожарот опожарени се неколку куќи опфатени на терен каде немало безбеден пристап, но повеќето од маалата во близина се спасени. Во гаснењето учествуваа екипа ловџии, мештаните од селото, полицијата, армијата, пожарникарите, шумарската служба, шумската полиција и неколку против пожарни единици од Бугарија и Словенија. Борбата…
Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки. Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата. Досега во земјава помош за гаснење…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17 октомври годинава. Иако кампањата почнува три недели пред денот на изборите, партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции и комбинаторики. Дел од партите веќе излегоа со свои кандидати и најавија соработки за претстојните локални избори. СДСМ ќе коалицира со ДУИ, БЕСА и ДПА. Најавија дека меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг. Од СДСМ велат дека тие се фаворити во сите…
Градоначалникот на Симитли Апостол Апостолов и претседателот на општинскиот совет Владимир Христов, ноќеска на границата со Северна Македонија ја проверуваа состојбата со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево и се координираа за потребните активности за негово запирање на бугарска територија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Апостолов, ситуацијата е многу сериозна, а силниот ветер што дува во областа на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија дополнително ја отежнува ситуацијата. Тој рече дека бил во постојан контакт со властите во С Македонија, како и со пожарникарите од Благоевград вклучени во гаснењето на пожарот. Апостолов вели дека Северна Македонија се организирала, има…
Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, градоначалникот на Општина Делчево потенцира дека е неопходна евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник. -Апелирам жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште…
Сто и пет заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство. Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10. Во болницата во Струмица има седум пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.
Пожарот во близина на Пехчево се шири неконтролирано, информираат локалните жители на социјалните мрежи. – Луѓе, пожарот во близина на Пехчево се шири неконтолирано на сите страни, помош, напиша на Фејсбук Марјан Пехчево. На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно состојбата со активни пожари до 13 часот, уште е активен пожарот во штипскиот регион, во атарот на селото Нов Истевник, кај маалото Пасјак. До овој момент, опожарена се околу 750 ха борова шума и нискостеблести…
Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината. Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот. Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско маало, Курјачко маало и Тработивиште. Во моментот дува силен ветер кој го отежнува гаснењето на пожарот.
Продолжен куќниот притвор до 8 септември на осомничениот за корупција Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, информираат од Апелациониот суд Скопје. Од таму велат дека уште еднаш ја назначиле забраната да комуницира на мобилен и преку средствата за електронски комуникации, и дека цело време таа забрана е жива и си постои, бидејќи Обвинителството за организиран криминал никогаш не побарало да биде укината и Рашковски да може да зборува од куќен притвор по мобилен додека е под истрага. Апелација му одреди забрана за комуникација на Рашковски, кога го пушти од Шутка во куќен притвор на 4 јуни. Обвинителството за организиран криминал…
Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот профил на Фејсбук. Во земјава се пристигнати 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите. Помошта од Словенија се реализира по телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин. – Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напишал министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија од…