Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжен куќниот притвор на Драги Рашковски до 8 септември

0
By Ivana on August 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 5, 2021 13:54

Продолжен куќниот притвор до 8 септември на осомничениот за корупција Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, информираат од Апелациониот суд Скопје.

Од таму велат дека уште еднаш ја назначиле забраната да комуницира на мобилен и преку средствата за електронски комуникации, и дека цело време таа забрана е жива и си постои, бидејќи Обвинителството за организиран криминал никогаш не побарало да биде укината и Рашковски да може да зборува од куќен притвор по мобилен додека е под истрага.

Апелација му одреди забрана за комуникација на Рашковски, кога го пушти од Шутка во куќен притвор на 4 јуни. Обвинителството за организиран криминал и корупција пред две недели го фати Рашковски како збори на мобилен, не со кого било, туку со друг осомничен, и веднаш побара притвор. Ја прекршил забраната за комуникација, влијаел врз доказната постапка. Тоа е процедурата, тоа е законот што важи за обичните граѓани кои се осомничени, обвинети.

Но Основниот кривичен суд, но експресно го одби барањето за притвор во Шутка. Во соопштение тврдеше дека таква дополнителна мерка – забрана, немало во моментот.
„Основано било сомневањето дека осомничениот ќе ја попречувал истрагата со влијание врз сведоците кои требало да бидат дополнително испитани, а кои биле луѓе со кои тој соработувал, како и лица кои биле ангажирани со авторски договори во Владата на РС Македонија. Притоа, имајќи го предвид фактот дека по отварањето на предистражната постапка осомничениот ја попречувал со влијание врз сега соучесник а во тоа време сведок, а воедно вршел и влијание врз материјалната документација со изменување на датуми на извештаи и генерирање на извештаи. Воедно во текот на истрагата се утврдило дека осомничениот вршел и промени на датуми и внел деловоден број на документ кој од увидот во деловната книга при Владата, не соодејствувал со доставениот документ во обвинителството под тој број. Оттука реално можело да се очекува осомничениот повторно да врши влијание врз сведоците, вработени во Генералниот секретаријат при Влада на РС Македонија на кои им бил претпоставен, и врз лица со кои соработувал. А токму тие лица требало да се сослушаат како сведоци во текот на истражната постапка. Реално било да се очекува и осомничениот да врши влијание врз материјалните докази и врз понатамошниот тек на постапката, а притоа сведоците требало да се произнесат за начинот на соработувањето со осомничениот во критичниот временски период“, кажано е во решенијата на судот што правел Рашковски пред да биде притворен.

До 8 септември му е продолжен притворот и на второосомничениот, сопственик на фирмата „Инвока“, од која Рашковски со пари на граѓаните ги набавувал сопствените изуми-софтвери кои никому не му биле потребни.

Против одлуката на Апелациониот суд Скопје, двајцата поднеле жалба до Врховниот суд.

Драги Рашковски комуникација притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.