Author: Ivana

Сојузот на Синдикатите на Македонија бара, освен парични, да има и затворски казни до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата. Само така, велат од ССМ, ќе се стави крај на овој тип на прекршување на правата на работниците. -Ние во нашите барања до Државниот инспекторат за труд и до Државниот пазарен инспекторат инсистираме  да се примени Кривичниот законик и да има, не само парична казна, туку и казна затвор до една година за тие управители, менаџери и директори, за да се подигне свеста дека парите што…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека во следните седум дена можеме да очекуваме да стигна нарачаната количина од 500 илјади дози на „Синовак“. „Утрово стигна таа информација за ‘Синовак’. Добра вест е дека тоа што е одделено како количина за нашата земја е во спакувани кутии со шприцеви, што го олеснува процесот за имунизација. Оставам резерва тоа да се промени, гледате со што се соочуваме, но верувам дека оваа најава ќе се оствари “, кажа Филипче на промоцијата на реконструиран оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во вредност од 60 милиони денари. На вакциналните пунктови во државата…

Read More

Доколку продолжат истите позитивни трендови во врска со ситуацијата со ковид-19, по 15 јуни може да се очекува укинување на полицискиот час и да се дозволи организирање на други настани, како што се концертите. Во меѓувреме, се подготвуваат и протоколите. Ваквите најави ги даде министерот за здравство Венко Филипче велејќи дека е одлична вест што последното деноноќие во Скопје не е хоспитализиран ниту еден нов пациент. „Трендот е еднаков и во другите градови во земјата, нема притисок повеќе во инфективните одделенија. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на…

Read More

Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска  рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да одговори на секој предизвик, но во овој момент нема посериозни индиции оти може да биде зголемен бројот на мигранти кои ќе поминуваат низ територијата на државата и да биде нарушена безбедноста. – Од септември месец минатата година ние имаме посебна оперативна акција што се занимава…

Read More

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11.06.2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15.06.2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје. Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на…

Read More

Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Северна Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. -Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Северна Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони. Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката Влада објасни дека постои одредена процедура на техничко ниво во координација со…

Read More

Дури 2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата, изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. – Од 3.853 даночни обврзници, 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помо. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата, рече Лукаревска. До 31 мај…

Read More

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места. Според Конкурсот што го објави УКИМ, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра. За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4366 слободни места, а 1065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември…

Read More

Општина Аеродром по повод Светскиот ден на велосипедот, објавиоглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди,а јавниот повик почна од вчера, 2 јуни, и ќе трае до 1 јули 2021 година.Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, а еднолице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еденвелосипед. Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купилвелосипед во тековната 2021 година, најдоцна до денот на траење на јавниотповик, заклучно со 1 јули, може да достави барање за поврат на средствата воизнос од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000…

Read More

Не може работодавач кој што не исплатил две или три плати и придонеси за здравствено и пензиско осигурување на стотици вработени да си помине со 200 евра казна а работниците да си ги бараат платите во судска постапка која е скапа и не може еден работник кој не земал три месеца плата да плаќа судски трошоци и адвокати, сметаат од Гласен Текстилец. По средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на која беше разговарано за проблемите со кој работниците се соочуваат во последниот период во однос на неисплатени…

Read More

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, три града во земјава – Демир Капија, Пехчево и Дојран, немаат ниту еден активен случај на Ковид-19, а во Дебар и Валандово има само по еден. Во државата досега вкупно се инфицирале 155.345 лица. Вчера беа регистрирани нови 43 случаи позитивни на коронавирусот од направени 3.007 тестирања или 1,4 отсто. Пријавени се шест починати и 48 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот…

Read More

Криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на  Генералното собрание на Обединети Нации, а кои се пренесуваат во целиот свет. Ова е заедничка инвестиција, со која ќе изградиме подобар свет за сите нас,  изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во своето видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, на којашто учествуваа земјите – потписнички на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации. – Република Северна Македонија во 2007 година ја ратификуваше…

Read More