Author: Ivana

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат. Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска. Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ Ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци. 

Read More

МВР распиша меѓународна потерница за првоосмничениот Анџело Ѓорѓиевски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, соошти Министерството за внатрешни работи. Анџело Ѓорѓиевски роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство. Тот беше претепан до смрт пред ноќен клуб, кој немал лиценца за работа. Ракометарот и девојката која крвнички го клоцаше по главата, се познавале од претходно. Меѓусебно недоразбирање најверојатно е причина за нападот кобната ноќ. Меѓу нив имало…

Read More

Поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, останува во притвор во затворот Шутка, потврдија од Кривичниот совет. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката притвор. Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно…

Read More

“Видовте дека повеќепати сум го поставувал прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ – не само овде денес, кога се среќаваме, туку – што е важно – и во многу други прилики: во владините изјави, во агендата на сегашната Влада и на состаноците во Европа”, изјави германскиот канцелар Шолц по средбата со албанскиот премиер Рама. – Затоа што мислам дека сега е моментот кога треба да го преземеме токму она што е изразено во вашето прашање, имено дека помина долго време и дека на крајот на краиштата мора да се направи следниот чекор. Јас сум на истото мислење и…

Read More

Во врска со дезинформациите во медиумите за преземените обврски на министерката Теодора Генчовска кон Германија и нејзината колешка Аналена Бербок, Министерството за надворешни работи во Софија излезе со соопштение во кое се наведува дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија останува непроменет. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија продолжува да се придржува до Рамковниот став за проширување на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија од 9 октомври 2019 година, кој беше едногласно поддржан со декларацијата на Националното собрание на Бугарија од 10 октомври 2019 година, како и од…

Read More

Полицијата во Њујорк потврди дека истражуваат престрелка во близина на станица на подземната железница во Бруклин во која се повредени најмалку 13 лица. Според портпаролот на противпожарната служба во Њујорк, нивните припадници реагирале по повикот за помош кој пристигнал во 8 и 30 наутро , бидејќи од станицата на метрото излегувал чад. Откако пристигнале на местото на настанот, пожарникарите нашле жртви ранети со истрели од огнено оружје и неексплодирани средства. Останува нејасно какви точно средства биле пронајдени а пристигнале и специјално обучени безбедносни сили кои треба да извршат проценка за евентуална опасност по животот на луѓето. Повикувајќи се на неидентификуван…

Read More

Руски хакери минатата недела се обиделе да извршат кибер-напад врз електричната мрежа на Украина, соопштија денеска украинските власти и истражителите за кибер-безбедност. Групата, која безбедносните истражувачи ја нарекоа „Песочен црв“ (Sandworm) и претходно се поврзувала со деструктивни кибер-напади од страна на Русија, инсталирала злонамерен софтвер на компјутерите што ги контролираат високонапонските трафостаници во Украина, соопшти украинскиот Компјутерски тим за одговор при итни случаи (ЦЕРТ-УА) на својата веб-страница. – Организацијата која била цел на нападот доживеала два брана напади. Првиот се случил најдоцна до февруари 2022 година. Исклучувањето од електраните и демонтирањето на инфраструктурата на компанијата било закажано за петок вечер, 8 април 2022 година, се вели во соопштението на ЦЕРТ-УА. Во…

Read More

Европската унија поставува магацин во Молдавија за помошта што пристигнува за луѓето кои бегаат од руската војна против Украина. Повеќе од 1.200 шатори и 4.000 ќебиња неделава треба да бидат доставени за луѓето кои се раселени поради војната, соопшти денеска Европската комисија. – Со руската воена агресија врз Украина која се одвива на разорно брутален начин, хуманитарните потреби на погодените цивили растат експоненцијално, изјави комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич. Досега, војната принуди повеќе од 4,5 милиони луѓе да побегнат во соседните земји како Унгарија, Молдавија, Полска и Словачка, а повеќето од нив се жени и деца, соопшти комисијата, нарекувајќи го ова најбрзо…

Read More

Во нова група на Телеграм, повторно со име „Јавна соба“, се објавуваат фотографии, фотомонтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од земјава, објави Телма. Од сликите на новата група се гледа дека таа има над 1.340 членови. Групата се појавила викендов, со име „Јавна соба резерва“, а според Телма, на девојка од Скопје ѝ биле објавени податоци од профилот на Фејсбук, заедно со туѓи фотографии со порнографска содржина. Со часови, на девојката ѝ биле испраќани непристојни пораки и била вознемирувана. Поради големите непријатности, девојката го затворила профилот на социјалната мрежа. Дарко Костовски како креатор и Михаил Паневски…

Read More

“Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна”, реагираше преку својот напиша Фејсбук профил поранешниот директор на Одделот за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков. – Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана, напиша Мијалков.

Read More

“Семејството е во шок, си заминаа од Скопје”, вака амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот. – Во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат и како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а ќе видиме кога ќе дојдат резултатите од истрагата, изјави амбасадорката Тигањ за РТЛ. Во болницата се’ уште трае инспекцискиот надзор за смртта на ракометарот. Индекс. хр потсетува дека првично беше објавено оти кај Тот немало видливи повреди. – Поради овие контрадикторни информации кои првично ги пласираа болницата и…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма истакна дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение. Таа рече дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање. Министерката се осврна на растот на платите на вработените во градинките што ги направи оваа Влада. „Во 2017 година, платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна  плата е 19.560 денари, а во 2017 година негователот земал плата 14.493 денари,“ рече Тренчевска. Таа посочи дека согласно колективниот…

Read More