Author: Ivana

Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.   – Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната  анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Стејт департментот и американското Министерство за финансии презеле одредени санкции за некои актери поради коруптивни и дестабилизирачки активности. „САД и партнерите како Обединетото Кралство бараат одговорност од оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот“, напиша Блинкен на Твитер. Today the @StateDept and @USTreasury took action to designate actors in the Western Balkans for destabilizing and corrupt activities. The U.S. and partners like the UK are holding accountable those who threaten the region’s stability, progress, and European integration. — Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) April 11, 2022 Поранешниот премиер Никола Груевски…

Read More

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук го искоментира потегот на САД кои соопштија дека го ставаат Груевски, заедно со Сашо Мијалков и нивните семејства, на „црната листа“ за влез на нивна територија поради нивната вмешаност во „значителна корупција“. – Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи. Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016…

Read More

Италијанските власти денеска соопштија дека заплениле вила вредна 100 милиони евра (109 милиони долари) на Сардинија, во сопственост на поранешениот руски возач на автомобили Никита Мазепин и неговиот татко олигарх Дмитриј. Финансиската полиција дала наредба за запленување на вилата Роки Рам во Порто Черво, на брегот на Коста Смералда на североистокот од италијанскиот остров, изјави владин претставник, пренесува Франс24. Никита Мазепин (23) беше отпуштен од американскиот тим „Хаас“ во март, откако заедно со неговиот татко Дмитриј беше ставен на листата на санкционирани на ЕУ, а какоо дел од тесното опкружување на рускиот претседател Путин. Италијанската полиција во последните недели заплени…

Read More

Најмалку 25 лица загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од тропската бура Меги, што ги погоди источниот и јужниот брег на Филипините, соопштија денеска властите во Манила. На копното Меги предизвика ветрови со постојана јачина од 65, а налетите достигнуваа и 80 километри на час. Ова е првата бура што го погоди архипелагот оваа година, каде има по околу 20 вакви катастрофи годишно. Во источната провинција Лејте беа пронајдени телата на 22 лица кои биле затрупани под свлечиште, изјави Џомен Коладо, началник на полицијата на градот Бејбеј. Националната агенција за катастрофи, која соопшти дека три лица загинале во јужниот регион…

Read More

Разговорите беа „директни, отворени и тешки“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин. Во изјавата по средбата, која траела околу 90 минути, Нехамер вели дека тоа не била пријателска посета и дека целта била да не се остави “непревртен камен“ во барањето крај на конфликтот, или барем хуманитарен напредок за цивилите во Украина. Тој додаде дека неговата најважна порака до Путин била дека војната мора да заврши бидејќи во војна има само губитници. – Разговарав за сериозните воени злосторства во Буча и на други места и нагласив дека сите одговорни мора да одговараат, откри…

Read More

Француски тим пристигна во Украина за да им помогне на локалните истражители да ги разгледаат наводите за воени злосторства околу главниот град Киев. Веста на Твитер ја објави францускиот амбасадор Етјен де Понсинс, кој нагласи дека ова е првата странска единица која нуди ваква поддршка. Тврдењата за убиства на цивили во Буча предизвикаа минатата недела предизвика гнев низ целиот свет. Украина тврди дека околу 1.222 тела биле пронајдени во областите во близина на Киев кои неодамна ги напуштија руски војници. Русија негира дека нејзините војници се виновни. 

Read More

Француската банка Сосиете Женерал денеска соопшти дека го продала својот бизнис во Русија поради руската инвазија врз соседна Украина. – Сосиете Женерал ги прекинува банкарските и осигурителните активности во Русија и најавува потпишување купопродажен договор за продажба на целиот удел на групацијата во Росбанк и руските осигурителни подружници Интерос Капитал, претходен акционер на Росбанк, соопшти француската банка. Договорот треба да биде финализиран во наредните недели и допрва треба да биде одобрен од регулаторите. Продажбата ќе влијае врз капиталната основа на француската банка главно преку отпис на две милијарди евра од книговодствената вредност на руските компании и ќе ја намали нејзината…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,  денес пред идните дипломати од Сојузна Република Германија, кои во моментов својата обука ја реализираат во нашата држава, ја истакна важноста и улогата на дипломатијата во зајакнувањето на довербата и соработката со цел градење посигурна иднина. – Дипломатите имаат посебна одговорност кога станува збор за зајакнување на довербата и дијалогот, како и должност да работат на воспоставување нов механизам за комуникација меѓу државите и народите, во согласност со новите глобални околности. Ако работиме заедно, не можеме да изгубиме, можеме само да победиме, кажа вицепремиерот Маричиќ пред младите дипломати. Тој посочи дека во…

Read More

Заедничка изјава на јавните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски Сите наводи во кривичната пријава поднесена од Државното правобранителство, а која се однесува на постапката за конфискација на имотот во предметот „Труст” целосно ги отфрламе како невистинити. Во предметот „Труст”, во кој постапувавме како надлежни јавни обвинители, ги презедовме сите мерки и активности во наша надлежност. Задача на обвинителството е да ја лоцира имотната корист, да побара од судот нејзино замрзнување и на крајот на судската постапка да предложи нејзина конфискација. Согласно член 202 став 11 и член 541 став 5 од Законот за кривична постапка, сите дејствија врз имотот…

Read More

Над 100 дипломирани театарски работници, меѓу кои актери, режисери, драматурзи и продуценти, кои со години се невработени ја формираа  иницијативата „Аудиција сега“. Дел од членовите на иницијативата пред два дена остварија средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на кој и беа презентирани нивните барања и предлози околу менувањето на политиките за вработување во театарите.  Во разговор за Нова ТВ, актерката и член на иницијативата „Аудиција сега“, Марина Поп Панкова вели дека нивно приоритетно барање е формирање на работна група за отворање на нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот…

Read More

Снимката, која е објавена во понеделникот на каналот Телеграм, чија автентичност ја проверил Њујорк тајмс, прикажува како група украински војници убиваат заробени руски војници во село западно од Киев. „Уште е жив. Сними ги окупаторите. Гледај, уште е жив. Едвај дише“, зборува маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена преку главата. Русинот, по сè изгледа, е ранет, но сè уште дише. Покрај жртвата може да се видат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грбот. Сите носат униформи, а тројцата имаат бела трака на ракавот која…

Read More