Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разговорите меѓу Нехамер и Путин беа директни, отворени и тешки

0
By Ivana on April 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2022 17:44

Разговорите беа „директни, отворени и тешки“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Во изјавата по средбата, која траела околу 90 минути, Нехамер вели дека тоа не била пријателска посета и дека целта била да не се остави “непревртен камен“ во барањето крај на конфликтот, или барем хуманитарен напредок за цивилите во Украина.

Тој додаде дека неговата најважна порака до Путин била дека војната мора да заврши бидејќи во војна има само губитници.

– Разговарав за сериозните воени злосторства во Буча и на други места и нагласив дека сите одговорни мора да одговараат, откри тој.

Нехамер е првиот лидер на Европската унија кој се сретна со Путин откако рускиот претседател нареди напад врз Украина на 24 февруари.

Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време.

Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства“, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати.

Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.