Author: Ivana

САД прогласија 12 руски дипломати во мисијата на Русија при ОН за персони нон грата. За ова соопшти амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја. Дипломатите треба да ги напуштат САД до 7 март. Пред само десетина дена Русија пак го протера Барт Горман, американскиот функционер број 2 во Москва, а Вашингтон предупреди дека ќе одговори на „неиспровоцираниот“ потег во услови на зголемени стравувања од руска инвазија на Украина. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Горман бил принуден да ја напушти Москва како одговор на, како што го нарече, „неразумното протерување“ на висок руски функционер од страна на Вашингтон, обвинувајќи…

Read More

Грижата за нашите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик е наш приоритет. Системот на социјална заштита во државата има капацитет да го згрижи секое семејство, секое лице, кое ќе се најде во  социјален ризик, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, по средбата со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип.  Според министерката Тренчевска  социјалните мерки за грижа на ранливите категории, кои ги користат  семејствата, уште еднаш покажуваат дека Владата и МТСП го постигнуваат она за што се  залагаат, а тоа е корисниците на социјалните права и услуги да имаат побезгрижни денови исполнети со спокојство. „При средбата со Анастасова, која има 15…

Read More

Ситуацијата во главниот град на Украина – Киев останува тешка и тензична, а полицискиот час ќе започне во 20 часот. Од утре, 1 март, во Киев стапува на сила и забрана за продажба на алкохолни пијалоци, објави денеска градоначалникот на Киев Виталиј Кличко. – Од утре во главниот град е строго забранета продажбата на алкохолни пијалоци. Апсолутно. Посебно внимание посветувам на сопствениците на продавници и синџири на аптеки. Покачувањето на цените на храната, основните продукти и лековите, за време на војна не е ништо подобро од грабеж, изјави Кличко. Јавниот транспорт во Киев ќе престане со работа во 19 часот…

Read More

Денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација, соопшти на вонредниот брифинг, Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев. Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса. – Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар…

Read More

Преговорите се тешки. Сепак, веќе без никакви задолжителни ултиматуми. За жал, руската страна се уште е крајно пристрасна во однос на деструктивните процеси што ги започна, објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговоите со Русија Микаило Подољак. Делегациите на Русија и Украина денеска во белорускиот пограничен град Гомел, одржаа прв круг од преговорите за прекин на конфликтот по што се вратија на консултации во своите главни градови. Москва и Киев планираат „втор круг“ разговори за конфликтот, тоа го потврди за западните медиуми, член на украинската делегација. Шефот на руската делегација во преговорите…

Read More

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираа руските тимови и репрезентации од натпреварувањата.  Тоа значи дека Спартак Москва ќе биде исфрлен од Лига Европа, додека Русија нема да може да настапи во баражот за пласман на Мундијалот во Катар и нема да игра ниту во Лигата на нации, доколку во меѓувреме не се промени нешто. „ФИФА и УЕФА заеднички решија да ги суспендираат руските тимови, националните и клупските, од сите натпреварувања. Фудбалот ќе остане обединет и тука владее целосна солидарност кон луѓето во Украина“, соопштија од организациите. Русија изврши воена инвазија врз Украина и борбите…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки против САД и земјите што им се приклучија, како одговор на санкциите воведени против Русија поради агресијата врз Украина. Уредбата предвидува учесниците во надворешноекономската дејност да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Правилото важи и за средствата кои се веќе акумулирани, тие мора да се продадат во рок од три дена. Девизното работење е забрането за резиденти со давање девизи во корист на нерезиденти според договори за заем, а резидентите повеќе нема да можат да плаќаат девизи на нивните сметки отворени…

Read More

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава, препорача Владата на Република Северна Македонија. Овие мерки се преземаат и во другите земји во Европа, по нападот на Русија врз Украина и се дел од санкциите што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија. Вчера и независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во…

Read More

Украина побара од сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб Челси, Роман Абрамович да помогне во преговорите со Русија за ставање крај на конфликтот, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“. Рускиот милијардер бил исконтактиран од украински политичари и веднаш се фатил за работа. Делегации на Русија и на Украина денеска во белорускиот пограничен град Гомел започнаа преговори со цел да се најде начин да се прекинат борбите во Украина. По првиот круг преговори двете делегации се вратија во своите главни градови на консултации. Москва и Киев планираат „втор круг“ разговори за конфликтот, тоа го потврди за западните медиуми, член на украинската делегација.

Read More

Како дел од агендата за билатерални средби на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој во Лондон, премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Двајцата премиери на средбата, на која од македонска страна присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, изразија јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка која што се остварува низ отворен и конструктивен политички дијалог со цел високото ниво на добрососедски односи да се преточи во остварување на визијата за заедничка иднина во Европската Унија. На средбата двајцата премиери се согласија дека преговорите за Северна Македонија…

Read More

Делегациите на Русија и Украина се враќаат во своите главни градови на консултации, откако денеска беше одржан прв круг од преговорите за прекин на конфликтот. Москва и Киев планираат „втор круг“ разговори за конфликтот, тоа го потврди за западните медиуми, член на украинската делегација. Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, и во неа заедно со Подољак, се и лидерот на партијата Слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки. Руската делегација ја…

Read More

Грција е целосно подготвена за бегалските бранови од Украина, но и бара Европската Унија да создаде механизам за распределба на луѓето, за секоја од членките да знае колку бегалци ќе треба да згрижи, објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому додаде дека во следниот период со одлука на Европската Унија ќе се активираат одредби што ќе им даваат можност на бегалците за 12-месечна дозвола за престој и работа во земјатата -Во секој случај, координирани сме со партнерите на сите ниво, па така и за конкртеното прашање, а…

Read More