Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во моментов двајца македонски државјани со автобуси организирани од Генералниот Конзулат на Бугарија во Одеса патуваат до украинско-молдавската граница, изјави за МИА портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Митко Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров инфомирал дека 22 македонски државјани добиле помош за напуштање на украинската територија
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.560 тестови, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –178, Куманово – 25, Битола – 23, Велес -21, Прилеп – 20, Кавадарци- 19, Тетово – 14, Штип и Кичево –по 9, Охрид и Ресен – по 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Неготино, Богданци и Струга – по 5, Свети Николе – 4, Струмица, Крива Паланка и Дебар – по 3, Кочани – 2, Делчево – 1. Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции. Регистрирани…
Стандардното ниво на радијација во затворената нуклеарна централа во Чернобил е зголемено за седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со зоната. „Украина ја загуби контролата врз системот пред два дена. Најновите податоци покажуваат дека стапката на апсорбирана доза на сензорот во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“ е надмината седум пати“, соопшти агенцијата. Според Агенцијата, „тоа укажува на злоупотреба на безбедносните системи и немање потребна експертиза за заштита на нуклеарните капацитети“. Агенцијата потсети и дека Украина ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија за губење на контролата врз нуклеарните и радијационите капацитети во зоната на исклучување. „Го…
При вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, полицијата вчеравечер открила десет илегални мигранти од Пакистан во возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се дал во бегство. – На 26 февруари околу 20 часот при вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, од страна на полициски службеници бил даден знак да застане на патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не го запрел возилото туку се дало во бегство кон Куманово. Потоа возачот го оставил возилото кај мостот на влез за село Романовце и се дал во…
САД ќе испратат хуманитарна помош во вредност од речиси 54 милиони долари за Украина изјави Американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен во изјавата рече дека средствата ќе бидат наменети за меѓународни хуманитарни организации за да обезбедат храна, вода, засолниште и здравствена заштита на Украинците на кои им е потребна помош за повторно обединување на семејствата поради руските напади, објави Си-Ен-Ен. „САД го поздравуваат гостопримството што го пружаат соседните земји во регионот, кои ги примаат Украинците кои бегаат, а ние сме дипломатски посветени да ги поддржиме нивните напори да ги задржат отворените границите и да им помогнеме на оние што бараат…
Германската железничка компанија „Дојче Бан“ понуди бесплатен превоз за сите Украинци кои сакаат да стигнат во Германија од полско-украинската граница, а слична понуда најавија и Австриските државни железници. „Од недела, сите украински граѓани можат бесплатно да користат возови од Полска до Германија“, соопшти „Дојче Бан“ (ДБ). Како што е наведено, ДБ е во близок контакт со властите и железничките компании во Полска. Десетици илјади Украинци се собраа на полско-украинската граница, од кои многумина сакаат да заминат кај роднините во Германија, каде живеат околу 150.000 Украинци. Слична понуда до граѓаните на Украина, како што соопшти Министерството за транспорт во Виена, стигна…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА. Во интервју за Би-Би-Си денеска Столтенберг кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската инвазија на Украина. Путин ја даде наредбата денеска во видео што го дистрибуираше Кремљ. Во него тој се осврна на „оружје за одвраќање“, но не го наведе експлицитно нуклеарното оружје.
Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, напиша на својот фејбук профил Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. – Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, додаде Османи.
Се договоривме украинската делегација да се сретне со Русите без претходни услови на украинско-белоруската граница, во реонот на реката Припјат, соопшти кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски. На официјалната Фејсбук страница на Зеленски пишува дека ова е резултатот од разговорот со белорускиот претседател Александар Лукашенко, и оти Лукашенко ја презел одговорноста дека од „моментот на заминувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација“, сите авиони, хеликоптери и ракети поставени на белоруска територија ќе останат во мирна состојба. Русија веќе испрати во Белорусија официјални претставници на разговори. Руските трупи и денес продолжија да се борат со украинските одбранбени сили и војници…
Македонија се наоѓа среде огромна економска криза поради лошите, погрешните и ненавремени мерки на владата на Ковачевски, ова денеска преку прес-конференција го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните според последните податоци на заводот за статистика се соочуваат со инфлација од 6,7%. Ваквата инфлација ја јаде и надминува годишната стапка на раст на просечната плата, што значи дека стандардот на граѓаните не само што не расте, туку и опаѓа. Граѓаните се соочуваат со поскапени производи и трошоци на живот. Горивата за краток период пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек…
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните. Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година. За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на…
Збраната за сообраќај во југозападниот дел на Украина денеска е укината. Од Одеса кон Бугарија ќе тргнат два автобуси со вкупно 110 бугарски државјани. Обезбедена е полициска придружба. Покрај бугарските државјани, генералниот конзулат на Бугарија во Одеса помага и за депортирање на украински државјани од друга националност, меѓу кои и Македонци, Грци и Италијанци. Нова ТВ во прилог од Одеса го прикажа младиот македонски државјанин Стефан, кој денеска со бугарски автобус ќе замине преку Романија и Бугарија во Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стефан вели дека состојбата во Киев и Харков е многу лоша и дека…