Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Позитивна перцепција за домашниот банкарски систем од страна на странските инвеститори, негова поголема интеграција во европскиот финансиски систем и подобри можности за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Ова се придобивките за нашиот финансиски систем и економијата, од одлуката на Европската комисија, со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на ЕУ, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во емисијата „Агенда 35“. – Одлуката на ЕК може позитивно да влијае врз потенцијалните инвеститори бидејќи зборува за кредибилитетот на институцијата и на самиот систем, за да инвестираат, како…
Орце Симов е нов претседател на Комора за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Симов по професија е електро инженер, основач на компанијата „Компјунет инженеринг“ и редовен професор на Факултетот за Информатика на МСУ, каде и во два мандати беше декан, долгогодишен член на Управниот Одбор на Сојузот и член на Советот на иноватори при Националната асоцијација на иноватори на Македонија – НАИМ. Симов истакна дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон обезбедување на развој, унапредување и зголемување на ИКТ бизнисот во…
Пред точно 18 години, на 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа близу Мостар, загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. На годинешното одбележување од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, венци свежо цвеќе ќе положи државната делегација во која како претставничка на Владата е Славица Грковска, заменичка на…
Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери. Во меѓувреме министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, изјави дека во Украина е доставено противтенковско оружје, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, возила, панцири и гориво. Кулеба на Фејсбук напиша дека секој нов ден носи нови санкции, оружје и изолација…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оствари телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен. Во твитот, тој наведе дека разговарале за помошта на ЕУ за Украина и се надеваат дека ќе ја добијат нивната поддршка. „Украина се бори против напаѓачот со оружје во раце, бранејќи ја својата слобода и европска иднина. Разговаравме со Лајен за ефикасна помош за нашата земја во оваа херојска борба. Верувам дека и ЕУ ја избира Украина“. Претходно Зеленски објави дека денеска имал телефонски разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон во врска со помош за Украина.
Ракетата што погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев денеска не предизвикала жртви, изјави советник на министерот за внатрешни работи. Антон Херашченко нагласи дека Русија не зборува вистина дека не ја гранатира цивилната инфраструктура. Според советникот, најмалку 40 такви локации биле погодени, и дека руските трупи гранатирале цивилни локации. Во меѓувреме според информацијата која утрово ја соопшти портпаролот на летонското Министерство за надворешни работи, Украинската амбасада во Москва се евакуира во Летонија. Пред зградата на Амбасадата изминатите денови се одржаа помали антивоени собири, а руски државјани положуваа цвеќе. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков пак соопшти…
Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето официјално обраѓање до јавноста. – Воената агресија на Русија против Украина која однесе веќе многу човечки животи, е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека знаедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот и додаде дека во овие турбулентни времиња,…
Европската комисија синоќа го претстави инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект за поврзување во транспортниот, дигиталниот, климатскиот и енергетскиот сектор во Западен Балкан. Тоа е прв пакет проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан усвоен од Комисијата во октомври 2020 година. Тие проекти треба да донесат опипливи придобивки за сите шест партнери во регионот. Пакетот вклучува 1,1 милијарди грантови од ЕУ од Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 година (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од членките на ЕУ и Норвешка и поволни заеми од меѓународни финансиски институции. Најавениот пакет…
На државниот пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности од 28 февруари ќе има времена измена на сообраќајниот режим, известува „Стентон градба ДОО”. Градежните активности се во врска со проектот Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено…
САД синоќа воведоа санкции против рускиот претседател Владимир Путин, министрите за надворешни работи и одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов поради руската инвазија врз Украина. „Ние сме обединети со нашите меѓународни партнери и сојузници во плаќањето на Русија висока економска и дипломатска цена заради инвазијата врз Украина“, се вели во соопштението на американската министерка за финансии Џенет Јелен. Министерството за финансии воведе и санкции за рускиот фонд за директни инвестиции, државниот финансиски субјект за привлекување капитал во развојните сектори на Русија. Санкции против Лавров и Путин веќе објавија ЕУ, Британија и Канада
Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами и да монетизираат на платформата, каде било во светот. Фејсбук, исто така, ќе продолжи да применува етикети на дополнителни руски државни медиуми, објави на Твитер шефот за безбедносна политика Натаниел Глејхер. „Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина и ќе продолжиме да ги споделуваме чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме луѓето на нашата платформа“, рече тој. Фејсбук претходно лансираше нова опција во Украина која им овозможува на корисниците да ги заклучуваат своите профили за дополнителна безбедност и приватност. Русија делумно го ограничи Фејсбук како одговор на блокирањето на некои…
Денеска во 09:00 часот на официјалните владини канали на Youtube и Facebook ќе биде емитувано официјалното обраќање на Претседателот на Владата Димитар Ковачевски до јавноста. https://www.youtube.com/watch?v=VVQfWg3h9uU