Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски: Земјата е безбедна, за економските предизвици сме целосно подготвени

0
By Ivana on February 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 26, 2022 09:30

Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло, изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето официјално обраѓање до јавноста.

– Воената агресија на Русија против Украина која однесе веќе многу човечки животи, е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека знаедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот и додаде дека во овие турбулентни времиња, безбедносната состојба е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на С.Македонија.

Тој порача дека дека владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редвно ќе ги информира граѓаните.

– Воедно граѓаните треба да се спокојни бидејќи како членка на НАТО ние ја уживаме и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот, додава Ковачевски.

Премиерот посочи дека поголемите предизвици кои стојат пред нас се од економска природа. Додаде дека поради воените дејствија на Русија против Украина се продлабочува глобалната енергетска и економска криза и оти нѐ очекува неизвесна година, во која економијата во Европа и светот ќе претрпи штети.
– Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Досега, преку правилно поставената стратегија во оваа исклучително кризна година, ние како Влада инсистиравме и овозможивме сите ресурси и енергија да се насочат кон справувањето со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачивме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму, уверува премиерот. 

Тој додаде дека глобалните пазари се најпогодени од руско-украинската војна, а нашата изложеност кон овие две економии е мала. Појасни дека нема присуство во финансискиот сектор, а странските инвестиции се под 1 отсто од вкупните вредности.

– Очекуваното глобално влијание врз покачување на цените на основните прехранбени производи и енергенсите што би значело продлабочување на постоечката енергетска криза, е нешто за кое ние како Влада сме апсолутно подготвени и ќе одговориме соодветно. Сите мои секојдневни разговори со членовите на Владата се фокусирани на следењето на состојбите со струјата, гасот, енергетиката и економијата, како во земјата, така и во регионот. Посветено работиме на мерки за да го намалиме притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството, истакна Ковачевски.

Премиерот со порака до сите институции во државата, од Владата па надолу, максимално одговорно да ги трошат средствата и максимално ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици од кризата.

– Сега е време за одговорност без отстапка. Време е да докажеме дека можеме заеднички да делуваме за доброто на граѓаните. Оваа криза е голем предизвик, но ве уверувам дека можеме и ќе ја поминеме со заеднички напори. Сакам да потенцирам дека Владата посветено ќе работи на заштита на економијата, на вашиот животен стандард, а секој денар од буџетот ќе биде насочен полесно да го пребродиме овој бурен период од нашата заедничка историја, порача Ковачевски во своето обраќање до јавноста. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.