Author: Ivana

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски -Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето. На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски. Рускиот композитор Сергеј Рахмањинов (1873-1943) пишувал…

Read More

Украинската правобранителка Људмила Денисова денеска изјави дека руските сили во Буча силувале 25 жени и девојки. Таа додаде дека 25 девојки и жени побарале помош откако биле силувани од руските војници. Вкупно 25 жени на возраст од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше еден месец. Ќе продолжиме да ги документираме овие страшни злосторства, за жал, и секој криминалец ќе биде казнет, наведе Денисова. Таа додаде дека Украина има докази за „геноцид врз украинскиот народ“ и за воени злосторства, додавајќи дека силувањето е „новото оружје“ на руските сили. Русија негира дека нејзините војници извршиле злосторства…

Read More

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“. Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати. – Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.  Претходно, генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните…

Read More

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила. Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина. ЕУ и нејзините сојузници претходно соопштија дека кривично гонат 200 руски дипломати во врска со убиствата во Буча, пренесува Гардијан. Изданието забележува дека откако Москва ја нападна Украина, над 325 руски дипломати и персонал од амбасадата се протерани од земјите-домаќини.

Read More

Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата. Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место. https://www.youtube.com/watch?v=yI6yA-de16k На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен додека припадници на обезбедувањето трчаат низ областа. Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале…

Read More

Руските воздушни напади и интензивните борби продолжуваат во опколениот украински град Мариупол, соопшти во средата британското воено разузнавање. „Хуманитарната ситуација во градот се влошува“, соопшти Министерството за одбрана. Повеќето од 160.000 преостанати жители, наводно, се без струја, комуникации, лекови, греење или вода. Руските сили спречија хуманитарен пристап и веројатно ќе извршат притисок врз бранителите да се предадат. Ројтерс не можеше да ја потврди оваа информација. Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 6 April 2022 Find out more about the UK government’s response: https://t.co/3Oz7eZieEQ 🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/6hxubnBabH — Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) April 6, 2022…

Read More

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена. Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон. Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела. – Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија, во своите напори за популаризација и за афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка  Стопанската комора на Северна Македонија во следниот период преку повеќе настани започнува активности за поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање сегашен или иден спор на компаниите особено се препорачува користењето…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон испрати видео порака до Русите во која вели дека граѓаните на земјата заслужуваат „да ја знаат вистината“ за злосторствата извршени во Украина од почетокот на руската инвазија. – Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите, вели Џонсон на руски на почетокот на краткото видео објавено на социјалните мрежи. Британскиот премиер, кој потоа продолжува на англиски јазик, наведува дека извештаите од Украина за злосторствата што ѝ се припишуваат на руската армија во Буча, Ирпин и на други места во Украина го „преплаши светот“. – Овие снимки и фотографии се „толку шокантни и застрашувачки што не…

Read More

Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут. Директорот на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт соопшти дека се собрани три милиони куни (околу 400.000 евра) и разновидна стока за поддршка на бегалците, пренесе Хина. Тие го посетија прифатниот центар за бегалци од Украина во Госпиќ. Хрватска има три такви центри. Маркт соопшти дека од 131 организација на Црвениот крст, 25 побарале средства за бегалската криза и дека на нивните сметки биле префрлени 511.000 куни (67.755 евра). Психолошка поддршка добија 2.657 Украинци. Во Госпиќ се запишани 22 деца од Украина од прво до…

Read More

Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. Услугата е во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени. Новата дигитална услига ќе ја претстави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на настанот ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки. Меѓу мерките 46 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги…

Read More