Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Цените на нафтата пораснаа набргу откако Русија утрово почна воена операција во Украина, што ги зголеми стравувањата дека ќе се наруши снабдувањето со енергија во Европа. Цената на еден барел на американската нафта брент, која важи за меѓународен репер, ја надмина границата од 100 долари за првпат од 2014 година. Таа во прв момент изнесуваше 102,48 долари за барел, за потоа да се спушти на 102,06 долари. Русија е вториот најголем извозник на нафта, по Саудиска Арабија и водечки светски производител на природен гас. Таа главно ја продава својата сурова нафта на европските рафинерии и обезбедува 35% од испораките на…
Шефот на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен и неиспровоциран напад“ врз Украина, предупредувајќи дека тоа загрозува „безброј“ животи. Амбасадорите на 30-те сојузници ќе одржат итен состанок претходно во текот на денот за да разговараат за рускиот напад, а потоа се очекува Столтенберг да одржи прес-конференција, изјави портпаролот на НАТО. „Силно го осудувам непромислениот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина, кој ги става во опасност животите на безброј цивили“, се вели во соопштението на Столтенберг. „Уште еднаш, и покрај нашите постојани предупредувања и нашите неуморни напори да се вклучиме во дипломатијата, Русија го избра патот на агресија против…
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, во состав м-р Антони Пешев, извршен директор, и потпретседателите на Комората: м-р Виктор Мизо („Костал“), д-р Драгана Дамјановиќ-Чифлиганец („Адора инженеринг“), м-р Глигор Цветанов („Макпрогрес“), Сашо Наумоски („Витаминка“) и м-р Анета Димовска, менаџер во Комората, оствари посета на „Дубаи експо 2020“. Во рамките на посетата се реализираа повеќе средби со релевантни, високи, државни претставници на ОАЕ, како и со претстваници на деловната заедница. М-р Антони Пешев, извршен директор на Комората, се сретна со претседателите на коморите во ОАЕ: Стопанската комора на Дубаи (Dubai Chamber of Commerce), Комората на Абу Даби (Abu Dhabi Chamber of…
Претседателката на Европката Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел остро ја осудија руската воена агресија врз Украина и најавија нови санкции против Руската Федерација. „Силно ја осудуваме руската воена агресија без преседан врз Украина. Со неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија грубо го крши меѓународното право и ја поткопува европската и глобалната безбедност и стабилност“, рекоа Фон дер Лајен и Мишел во заедничката изјава. Russian forces invaded Ukraine, a free and sovereign country. We condemn this barbaric attack, and the cynical arguments used to justify it. Later today we will present a package of…
Остро ја осудуваме руската воена агресија врз Украина, напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Твитер за ситуацијата во Украина. Според Петков, употребата на воена сила против суверена држава е неприфатлива во 21 век, јави дописникот на МИА од Софија. И Албанија го осуди нападот на Русија врз Украина. Премиерот Еди Рама преку објава на Твитер напиша дека Албанија се придружува на сојузниците на НАТО и на Европската унија и оти мислите и молитвите се со украинскиот народ. – Им се придружуваме на сојузниците на НАТО и ЕУ во острата осуда на руската агресија. Нашите мисли и молитви се со украинскиот…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба за целата земја откако рускиот претседател Владимир Путин започна руска инвазија на Украина. Во изјавата објавена на Фејсбук, Зеленски рече дека Русија напаѓа воена инфраструктура и гранични трупи. „Не паничете, ние сме подготвени на се, ќе победиме“, рече Зеленски, кој потоа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба рече дека станува збор за голема руска инвазија на Украина. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека непријателот започнал интензивно гранатирање на украинските единици на исток, како и на воените контролни центри и аеродроми. Ројтерс јавува, повикувајќи се…
Откако Русија ноќеска ја започна воената инвазија на Украина, голем дел од населението во Киев решија да го напуштат главниот град упатувајќи се на запад во обид да најдат засолниште и прибежиште во деловите од земјата поблиску до Полска и НАТО трупите. Додека детонации и сирени одекнуваат низ градот, реки од автомобили течат кон 2,8 милиони излези од градот. Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, исто така е снимен како заминува од Киев со семејството во голем автомобил. На выезде из Киева многокилометровые пробки, люди уезжают из города, передает корреспондент The Insider. pic.twitter.com/hhRk4y4Kvj — The Insider (@the_ins_ru) February 24, 2022…
Соединетите држави и другите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина на седницата на 15-членото тело во Њујорк во исто време кога Путин ја објави одлуката. „Токму во моментот кога се собравме на состанокот на Советот за безбедност обидувајќи се да најдеме мирно решение, Путин донесе одлука за војна, изразувајќи презир кон Советот. Ова е тешка и итна ситуација“, изјави американската амбасадорка Линда Томас- Гринфилд. Во говорот на руската државна телевизија, емитуван истовремено со почетокот на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Путин ја…
Со воздушни напади и експлозии кои се регистрирани во голем број градови низ земјата,меѓу кои и главниот град Киев, Харков и Одеса, Русија утрово започна воен напад врз Украина. Нападот започна нешто пред 4 часот по полноќ, откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање соопшти дека наредил да започне „специјална воена операција“ со цел да се изврши „демилитаризирација и денацификација“ на Украина. Тој во својот говор предупреди дека било каков обид од други држави за мешање ќе води кон „последици кои досега не биле видени“. Explosion in Ukraine’s Maruipol pic.twitter.com/uOv0J6ceve — Rohan Dua (@rohanduaT02) February 24, 2022 Пријавена е серија на експлозии ширум…
Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина во врска со новиот бран на руска агресија врз Украина Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин најави почеток на нов бран на агресија против Украина. Целта на руската офанзивна воена операција е уништување на украинската држава, насилно заземање на украинска територија и воспоставување окупациска контрола. Руските војски остваруваат напади на мирните украински градови од различни правци, вклучително и од страната на привремено окупираните Донбас и Крим, како и североисточниот регион. Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ООН и основните норми…
Членовите на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска и утре во Софија ќе одржат нова средба, прва оваа година, на која според најавите ќе се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев. На претходната 16. средба, одржана на почетокот на декември 2021 година, членовите на Комисијата, како што соопшти тогаш македонската страна во ова заедничко тело, не успеаја да ги надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата. – Пристапот кој се заснова на…
Во пресрет на новата дводневна средба на бугарско-македонска Заедничка комисија за историски и образовни прашања, Владата во Скопје вчера порача дека останува насочена кон решение на отворените прашања со Бугарија без да отстапува од јасните позиции, додека бугарскиот премиер Кирил Петков нагласи дека и покрај обидите за попречување на дијалогот, Софија нема да дозволи некакви провокации да им наштетат на нејзините односи со Северна Македонија. Во исто време, известувачот на Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук, во најновиот извештај, поздравувајќи го обновениот дијалог меѓу Софија и Скопје, бара брзо отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Портпаролот на…