Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Русија засега не планира да испрати војници во источна Украина, но ќе го стори тоа во случај на закана, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи откако парламентот во Москва ги ратификуваше договорите за соработка со украинските сепаратистички републики. Заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека договорите вклучуваат обезбедување „воена помош“, но додаде дека треба да се избегнуваат „шпекулации“ за распоредување војници. -Засега никој не планира да испрати ништо никаде, доколку има закана, тогаш ќе обезбедиме помош во согласност со ратификуваните договори, рече Руденко. Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа нареди руската војска да биде испратена…
Косовскиот премиер Алби Курти изјави денеска дека неговата Влада ги поддржува суверенитетот, незавиноста и територијалниот интегритет на Украина, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната седница на Собранието на Косово, на која се расправаше и за кризата на руско-укаинската граница, Курти изјави дека Косово, и во оваа ситуација, како и секогаш „ќе биде на страната на Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО“. И косовското Министерство за надворешни работи денеска се огласи со соопштение, во кое го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „уште еднаш отвора војна против една мирољубива демократија“. – Косово е на страната на Украина против…
Европската комисија донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на брзи антигенски тестови. „Од денес, новите правила им дозволуваат на земјите членки да издаваат сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на резултати од брзи антигенски тестови“, соопшти Комисијата по усвојувањето на делегиран акт со нови правила за ковид-сертификатите. Досега потврдите за прележан ковид можеа да се издаваат само врз основа на ПЦР-тест. За да се осигурa веродостојноста и точноста на потврдите, употребените тестови мора да бидат на заедничката листа на ЕУ за брзи антигенски тестови, а тестирањето…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не гледа зголемен ризик од војна и покрај тоа што Русија ги призна самопрогласените републики на исток. -Веруваме дека нема да има голема војна против Украина, рече украинскиот лидер во Киев по средбата со естонскиот колега Алар Карис. Тој додаде дека во случај на дополнителна ескалација ќе биде воведена вонредна состојба во земјата. Зеленски ги отфрли барањата на претставниците на сепаратистите за повлекување на силите од деловите на Доњецк и Луганск, што се под контрола на Киев. -Не разговараме со нив. Не знаеме кои се тие, рече украинскиот лидер. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна…
Противпожарната служба на Грција побарала од Министерството за поморство траектот што се запали додека пловеше во близина на Крф да биде пренесен на безбедно пристаниште каде што ќе продолжи акцијата на специјалните спасувачки екипи во потрагата по десетте исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека барањето од противпожарната служба е поради тоа што во позицијата во која се наоѓа сега траектот исцрпени се сите можности за истрага и спасување, а акцијата непречено ќе продолжи откако траектот ќе биде закотвен на пристаниште. Спасувачката акција веќе петти ден е во тек, а исчезнати…
Британската кралица Елизабета Втора (95) ќе го пропушти планираниот онлајн ангажман, бидејќи се уште има благи симптоми слични на настинка откако и беше потврдено присуство на коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на Бакингемската палата. Бакингемската палата во неделата потврди дека кралицата има поблаги симптоми на коронавирус, слични на обичната настинка и дека ќе продолжи да ги извршува „полесните обврски“. Таа вчера испрати порака со сочувство до Бразил и рече дека е длабоко ожалостена поради неодамнешните големи поплави кои ја погодија таа држава.
Околу 150 американски војници и воена опрема ќе пристигнат во Бугарија на заедничка обука, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана. Американските војници и оклопни возила денеска и четврток ќе преминат од Романија во Бугарија за да учествуваат во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на војниците, се наведува во соопштението на Министерството во Софија. Според договорот на НАТО со сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2.500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја. Минатата недела, министерот за одбрана Стефан Јанев најави дека американската војска ќе биде стационирана во воената база Ново Село во источна Бугарија на заедничка…
Руските пратеници денеска изгласаа ратификување на договорите на претседателот Владимир Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако шефот на руската држава ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници. Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, гласаше за одобрување на договорите на Путин за пријателство со самопрогласените „Доњецка Народна Република“ (ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР). Гласањето заврши со бурен аплауз од пратениците. Думата, исто така, гласаше за предложен амандман, според кој договорите треба да стапат во сила од моментот на објавување.
Русија денеска ги повика другите земји да го „следат“ нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за нивна независност и нареди на руската армија да испрати таму војници како „мировни сили“. – Русија ги повикува другите држави да го следат нејзиниот пример, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики Доњецк и Луганск од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“. – Одлуката е донесена земајќи ја предвид…
Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денеска ќе одржи вонреден состанок откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двата сепаратистички украински региона како независни. Состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во 14 часот по средноевропско време има за цел „да го реши ова прекршување на меѓународното право и основните принципи на ОБСЕ“, соопшти Полска, која во моментов претседава со организацијата. – Одлуката на претседателот Путин да признае делови од регионите Доњецк и Луганск како независни е јасно кршење на меѓународното право, се наведува во соопштението. – Овој чекор е против обврските на ОБСЕ, како и Договорите од Минск,…
Премиерот Димитар Ковачевски ги повика пратениците што поскоро да ги донесат измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува на 18.000 денари. – Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата. Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза. Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните, напиша…
Меѓународните граници на Украина ќе останат такви какви што биле, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека потегот на Русија претставува повреда на интегритетот и суверенитетот на Украина. Тој говореше откако рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да испрати војници во регионите под контрола на сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина. Путин го издаде декретот рано изутринава, по московско време. – Не се плашиме. Никому ништо не должиме и никому ништо нема да дадеме, изјави украинскиот претседател по одлуката на Путин, нагласувајќи дека Украина се уште е „заговорник за политички и дипломатски договор“. Администрацијата на…