Author: Ivana

Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе ја објави својата кандидира за претседателските избори, закажани за април, јави денеска Франс инфо, додавајќи дека Макрон доцни со својата кандидатура поради украинската криза. -За Макрон приоритет е прекинот на огнот меѓу Русија и Украина и поради тоа објавувањето на неговата кандидатура е одложено за следната недела, од 28 февруари, пренесе француското радио. Макрон претходно изјави дека ќе ја поднесе својата кандидатура кога ќе се исполнат два услови – смирување на епидемијата на коронавирус и решавање на моментално ризичната меѓународна ситуација. Рокот за поднесување на кандидатурата е до 4 март, до кога кандидатите…

Read More

Европската Унија засега нема да воведува санкции кон Русија, изјави во понеделникот шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, отфрлајќи ги повиците на Киев за санкции за да се спречи војна, наместо да се воведат санкции по евентуалната инвазија. Западните земји стравуваат дека концентрацијата на руски војници долж границата со Украина е вовед во инвазијата, што Москва го негира. Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници соопштија дека ќе воведат остри санкции кон Москва во случај на напад врз Украина, а Киев бара итно да се воведат санкции. Министерот за надворешни работи на Украина им изјави на новинарите дека ЕУ се…

Read More

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека е подготвен прв да војува доколку е неопходно да се заштити татковината. Ситуацијата во Европа ја нарече „воена психоза“, а Белорусија, како што рече, е во епицентарот на овие настани. Лукашенко објасни дека за време на заедничките воени вежби на Русија и Белорусија, се обидел да им покаже на новинарите колку е страшна војната и до какви ужаси може да доведе. „ Веднаш на крајот од вежбата времето беше страшно – силен дожд, лапавица, ужасен ветер. Сите се смрзнаа, стоеја, се тресеа. Мислев дека ќе разговарам подолго со новинарите за да почувствувам…

Read More

Франција денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да донесе одлука за средба со американскиот колега Џо Бајден на самит предложен од Париз за намалување на тензиите околу Украина. – Денес е можно да се придвижиме кон самит… Сега останува на претседателот Путин да го направи својот избор, изјави за новинарите функционер од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој побара да остане анонимен. Тој ја оцени ситуацијата како „многу опасна“ и „одење по тенка линија“.

Read More

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека Украина и Европската унија постигнале начелен договор за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина. „Постигнавме начелен договор со ЕУ за формирање советодавна мисија за воена обука во Украина. Ова не се борбени сили“, рече Кулеба по состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ. Претходно денеска, шефот на украинската дипломатија ја повика ЕУ веднаш да примени барем дел од санкциите против Русија, со што и испрати јасна порака на Москва дека нема да се толерира понатамошна ескалација и дека Украина не е сама во оваа криза. 

Read More

Апликацијата „Truth Social“, која ја лансираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, од денес би можела да се најде во продавницата на Apple. Лансирањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година му е забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб, оценува британската агенција. На Трамп му беше забранет пристапот до најпопуларните социјални мрежи по упадот на неговите поддржувачи во американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година. На 15 февруари, најстариот син на Трамп објави видео на Твитер на кое пишува: „Подгответе се! Вашиот омилен претседател се враќа наскоро! Зад платформата…

Read More

Украина не е сведок на повлекување на руските сили од позиции блиску до украинската граница, изјави денеска министерот за одбрана Олексеј Резников. – Ги набљудуваме руските трупи, кои денес бројат речиси 127.000 припадници на копнените сили, а заедно со воената морнарица и военовиоздухопловните сили изнесуваат околу 147.000, истакна Резников. Според него, „не се забележува повлекување и не станува збор за намалување на бројот, бидејќи единиците може брзо да се вратат на претходните позиции или да се префрлат во друга област“. Украинското Министерство за одбрана соопшти многу слични бројки минатата недела.

Read More

Официјална Москва соопшти дека граната истрелана од Украина уништила пограничен објект што го користела руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во момент на загриженост на Западот за ескалација на борбите во источна Украина. „На 21 февруари, во 9:50 часот (06:50 ГМТ), проектил испукан од Украина целосно уништи граничен објект што го користеше граничната служба ФСБ во Ростовската област на околу 150 метри од руско-украинската граница“, се вели во соопштението на ФСБ.

Read More

Стабилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките стапува денеска во сила, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштенките и за невакцинирани лица , но со задолжителен рапид тест. Дополнително, се зголемува и исполнетоста на кината и театрите на 75 отсто од капацитетот, на спортските натпревари на 70 проценти, во угостителските објекти, на свадбите, крштенките и сл,…

Read More

Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст. Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и конструктивен пристап на постојано градење соодветна регулативна рамка. Унапредувањето на регулативната рамка се прави со значајна поддршка од страна на Светската банка. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија. „Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици ако Русија наместо тоа избере војна“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Реакцијата на…

Read More

Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија, која ќе расправа за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка. Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15 200 на 18 000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата. „Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка да влијае позитивно и на останатите плати во сите други…

Read More