Author: Ivana

Словенија денеска ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори. Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани, јави СТА. Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат. Се препорачува носење маски на отворено кога растојанието од 1,5 метри не може да се исполни. Ковид пропусници и негативниот тест остануваат задолжителни за персоналот во…

Read More

Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска во амфитеатарот на Институтот, ќе се одржи манифестација по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. -Чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го поврзуваме со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и поголемиот дел од програмата на манифестацијата им го посветуваме на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер, велат од Институтот. На манифестацијата најавено е обраќање на министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на државниот секретар во Министерството за образование и наука Анета…

Read More

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец, кој попладне на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Read More

Собранието денеска треба да ја продолжи 62-та седница со Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. На дневен ред на оваа седница во прво читање се и Предлог законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти, Предлог законот за инспекциски надзор во животната средина и Предлог законот за вршење сметководствени работи. Пратениците треба да распорваат и за Предлог законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, Предлог законот…

Read More

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 7.595.  Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети. Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, а на починати 8.898. Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за…

Read More

Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ денеска. -Босна и Херцеговина ќе одземе голем дел од состанокот затоа што националистичката и сепаратистичката реторика расте и го загрозува интегритетот на земјата, министрите треба да донесат одлука како да спречат да се распадне земјата, ситуацијата е критична, изјави Борел утрово за новинарите. Министрите очекувано ќе зборуваат и…

Read More

Пандемијата не престана, енергетската криза продолжи, минималната плата се зголеми, за пензиите се преговара, прогресивниот данок се најавува, нешто е блокирано во Собранието, Украина ново воено жариште, цените секојдневно растат…   Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Гужва во шеснаесетникот обично се создава при крајот на фудбалскиот натпревар, кога при фрлањето на топката отстрана, во тесниот простор на шеснаесетникот ќе се соберат дваесет играчи и се прави страшна гужва, во која е тешко да се пресуди што, всушност, се случило. Едноставно, има повеќе туркање отколку изведена акција за шанса или за гол. Деновиве чувството на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Ковачевски и претседателот на Министерскиот совет на Република Бугарија Петков денеска остварија средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција. На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи, беше изразено задоволство од напредокот на билатералната соработка низ активностите на работните групи и конкретните активности за соработка кои произлегоа до сега. Двајцата премиери најавија интензивирање на соработката и дијалогот и за прашањата за кои треба да се најдат решенија на политичко ниво, во периодот кој следува. За двете земји и за граѓаните од најголема придобивка е…

Read More

Припадниците на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба успеа да ги пронајде и спаси двајцата возачи на камиони кои со часови останаа заглавени во траектот што утрово се запали додека пловеше од Грција кон Италија, додека пак акцијата за пронаоѓање на 11 други лица, продолжува, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, со помош на хеликоптер, специјалната единица се спуштила на бродот, ги пронашла двајцата патници, кои потоа, со хеликоптер Супер Пума на грчката воена морнарица биле пренесени на Крф. Според грчките медиуми, спасените лица се возачи на камиони, едниот…

Read More

Делегациите на Северна Македонија и Бугарија на маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска остварија средба на која беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи дека на средбата биле дискутирани и разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области. – Во однос на пакетот политички прашања беше поздравена работата на експертските групи составени од претставници на министерствата за надворешни работи. Непосредната комуникација и секторската соработка е ефективен метод…

Read More

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков. На средбата во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа. Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација…

Read More

Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ загина денеска во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба. Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле 72-годишниот Антиќ жив, но тешко повреден. Лекарите се обиделе да го спасат, но тој им подлегнал на повредите, изјави портпаролот. Антиќ е роден во Белград, студирал право и почнал да работи како универзитетски професор во 1975 година.

Read More