Author: Ivana

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска беше во посета на заболените дечиња со ковид, кои придружувани од родител се хоспитализирани тука во ковид центарот на Детската болница Козле. – Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра. Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза – информираше министерот Сали, изразувајќи благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата што ја…

Read More

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски во делот на неговата агенда за билатерални средби на маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска се сретна со премиерот на Република Грција Киријакос Мицотакис. Премиерот Ковачевски на средбата изрази задоволство од билатералните односи, и за пријателството меѓу двете земји со огромен потенцијал за натамошно унапредување и проширување, согласно стратешкото партнерство кое се востанови со Договорот од Преспа. Заедничкиот интерес за напредок на меѓусебните односи двајцата премиери го препознаваат и во заедничките стратешки и капитални енергетски инвестиции како што е учеството на Северна Македонија во Терминалот за течен гас во Александропулос и изградбата…

Read More

На маргините на Минхенската конференција за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имал разговор со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија. -Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил. На сенаторот Марфи премиерот му изразил благодарност од негово и од име на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја. -Разговаравме и како исклучително важна…

Read More

Министерството за здравство и Здружението на приватни лекари се договориле во најскоро време, во рок од недела до две да бидат формирани работни групи и чекор по чекор да се започне со конкретно решавање на работите и утврдување на приоритетите. -За медицинските тимови од примарната здравствена заштита кои имаат помалку пациенти и евентуално дополнително да се направат и нови тимови во помалите населени места и во руралните средини, треба да се обезбеди минимална загарантирана плата и за медицинската сестра и за матичниот лекар, за да се спречи одлевањето на кадрите и затворањето на амбулантитите, изјави попладнево заменик-министерот за здравство Владимир…

Read More

Методологијата за усогласување на пензиите ќе се менува со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок, договорија здруженијата на пензионери и Владата на денешната средба. Следната средба е закажана за почетокот на март, а дотогаш Владата ќе ги направи потребните симулации за предлозите на пензионерите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува решение да се најде максимум до 10 март, а, како што изјави денеска, ќе биде среќен тоа да се случи и многу порано. – Мислам дека имаме согласност оти методолгијата за усогласување треба да се смени. Мислам дека на наредната средба ќе…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4,…

Read More

Управниот одбор во текот на денешниот ден ја рзреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Билјана Јовановска.  Нова ТВ ја контактираше Јовановска која ја потврди оваа одлука и информација. Вели дека не е изненадена, со оглед на тоа што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување беше договорено да се даде на новиот коалициски партнер во Владата Алтернатива. Неофицијално, Јовановска ќе ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, но дури откако Владата ќе ја потврди одлуката. Инаку Беџети беше предложен на седница на централното претседателство на партијата заедно со останатите имиња за заменик-министри и директори. И.Р.

Read More

Руските власти денеска во низата писмени одговори на американските предлози за европската безбедност наведоа дека немаат планови за инвазија врз Украина, додека западните претставници предупредуваат дека напад од Москва би можел да биде неизбежен. – Нема  руска инвазија врз Украина, што САД и нивните сојузници официјално ја најавуваат од минатата есен, и не е планирана, се вели во соопштението на МНР на Русија.

Read More

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека руската амбасада во Подгорица испратила нота до црногорското Министерство за надворешни работи со барање да се зголеми обезбедувањето околу зградата на амбасадата во случај на провокации на 19 февруари, кога се планираат демонстрации за поддршка на Украина. На нејзиниот канал на „Телеграм“ таа го посочи и фактот дека конзулот на Украина во Подгорица, Михаило Шматов, поставил објава на Фејсбук со назнаката #Русија мора да биде уништена#, но дека ја отстранил по неколку часа. Конзулот во објавата информира дека во сабота во 12 часот во Подгорица ќе биде организиран „Марш на единството“ и…

Read More

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе покрене постапка за санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој направи нешто што изгледаше како нацистички поздрав додека ја напушташе собраниската сала вчера, објави Политико. Џамбаски, националистички европратеник во групата ЕЦР, негира дека неговиот гест бил фашистички поздрав, нарекувајќи го инцидентот „мало недоразбирање“ во е-пошта до неговите колеги, во кои имале увид од Политико. Според Мецола, тоа бил фашистички поздрав што за неа е „неприфатилив секогаш и сегде“. – Тој поздрав е од најмрачниот период од европското минато и таму треба да остане, наведе таа. Официјален претставник од Парламентот кој побара анонимност бидејќи…

Read More

Нуклеарно оружје ќе биде распоредено во Белорусија само во случај на закани од Запад, изјави денеска пред новинарите белорускиот претседател Александар Лукашенко. – Доколку е потребно, доколку нашите противници и конкуренти направат такви глупави, безумни чекори, ние ќе распоредиме не само нуклеарно оружје, туку и супер-нуклеарно, од оние што моментално се развиваат, за да ја заштитиме нашата територија, рече Лукашенко. Во меѓувреме, тој подвлече дека „доколку Белорусија нема закани од непријателски држави, тогаш „никогаш“ нема да и треба нуклеарно оружје“, јави агенцијата БелТА, пренесува ТАСС. Претходно, Лукашенко соопшти дека и понудил на Русија да распореди нуклеарно оружје во неговата држава,…

Read More

Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата Влада и со вообичаените обвинувања на претходните влади, пратениците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово излегоа од салата кога Курти почна да ги критикува медиумите. Порачувајќи дека „нема демократија без слободни и независни медиуми“, Курти рече…

Read More