Author: Ivana

Гоце Делчев е основоположник на македонската национална борба и неговите идеали  практично се реализирани со независна македонска држава во која ние денес живееме и која е членка на НАТО и на чекор е од отпочнување на преговори со ЕУ, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Телевизија Сител. Ковачевски истакна дека Делчев е дел од македонската химна, дека неговите мошти се во Скопје и дека неговото дело не треба да се сведува на декларации. „Доколку ја погледнете во суштина таа Декларација, таа прави само одбележување, некаква форма на одбележување која е работа на институтот за национална историја. Втора…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ Полог, Тетово. Имено, денеска за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште ,,Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице. Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани,…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.

Read More

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ присуствуваше на работен ручек во организација на амбасадорите на земјите од Вишеградската Група (В4). Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ на средбата со амбасадорите на Полска, Унгарија, Словачка и на Чешка ја изразил благодарноста кон Вишеградската група за активното залагање за политиката на проширување на ЕУ, особено кога станува збор нашата земја и посочил дека Северна Македонија со отпочнувањето на преговорите со Унијата во голема мера ќе се потпира на искуството и помошта на овие четири земји, како и досега. – Амбасадорите на В4 сметаат дека е потребна поголема динамика во…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се сретна со специјалниот пратеник за трговија на Велика Британија за Западен Балкан Мартин Викерс. На средбата, како што посочи Министерството, Бочварски ги презентирал капиталните проекти што се реализираат во делот на железничката и патната инфраструктура, како и развојот на авиосообраќајот во земјата. Посебен фокус на разговорoт се ставил на изградбата на железничкиот Коридор 8, како и воведување на Интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10. – Имав особена чест да разговараме за инфраструктураните проекти што ги реализираме во Република Северна Македонија. Оваа средба ја гледам како почеток на една нова соработка со…

Read More

Попладнево се случи експлозија во зградата во која се наоѓа Автобуската станица во Сараево, која предизвика пожар, при што е повредено едно лице. Локалните медиуми објавија дека едно лице побарало лекарска помош и веднаш било пренесено на Клиниката за итна медицина на КЦУС. Во моментов се утврдува степенот на повредите, по што ќе се знае здравствената состојба на повредениот. Наводно повредениот е работник во угостителски објект, каде избил пожарот. Пожарот најверојатно е предизвикан од експлозија на плинска боца, но по целосно гасење на огнот ќе следува полициска истрага која ќе ја утврди точната причина. Според фотографиите и снимките од местото…

Read More

НАТО се координира за да го засили своето присуство во источна и југоисточна Европа, и покрај сигналите од Москва за дипломатско решение, Западот се подготвува за „ново нормално“ во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево се обрати пред медиумите за исходот од седницата на северноатлантскиот совет на министрите за одбрана на НАТО. Дискусиите биле содржајни, рече тој. Сигналите од Москва дека постои волја за дипломатско решение на украинската криза влеваат умерена доза на оптимизам, но не и увереност сѐ додека Русија не покаже на дело деескалација. -Она што го гледаме денеска е…

Read More

Постапката за именување на генерален конзул на Република Северна Македонија во странство не е во надлежност на претседателот на државата, туку е во надлежност на Министерството за надворешни работи и Владата, и истата е регулирана со Законот за надворешни работи, соопшти кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. – Постапката за именување генерален конзул ја покренува министерот за надворешни работи, кој до Владата доставува предлог за именување на генерален конзул. По прифаќање на кандидатот од страна на Владата, Министерството бара егзекватура од земјата на приемот, а по нејзиното добивање и завршените подготовки, Владата донесува одлука за именување на генерален конзул. Патентното писмо…

Read More

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада. До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата. Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата. – Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и со Микаел Атерхог, раководител за соработка и развој во амбасадата. На средбата, како што соопшти Град Скопје, се разговарало за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите во кои живеат граѓаните, како и за идните активности каде во соработка со програмите овозможени од амбасадата ќе се овозможат решенија за подобрување на состојбите во однос на животната средина. – Посветено работиме на заштитата на животната средина, а особено внимание посветуваме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Во…

Read More

Во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, Иинститутот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС ги покануваат сите универзитети и акредитирани високообразовни институции кои се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија да достават предлози за вклучување на медиумската писменост во нивните студиски програми и во други академски активности, соопшти ИКС. – Во изминатите децении, медиумската писменост и медиумското образование најмногу го нагласуваа критичкото размислување, потребата да се разбере создавањето на информациите, и улогата и функцијата на медиумите. Но, со развојот на технологијата и платформите за социјални медиуми, напливот на дезинформации и „инфодемијата“, се наметнува потреба од…

Read More

Прифаќањето вина во „Титаник“ го сметам за висок морален чин, но во овој предмет сигурен сум во мојата невиност, изјави денеска во завршен збор за предметот „Топлик” поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Обвинителниот акт за предметот, Јанакиески го оцени како апсурден. – Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да напраивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што обвинителството го смета за штета. Да ја имав таа моќ, уште…

Read More