Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
“Не се чувствувам виновна, се борев за живот“, вака велешанката Павлинка Илоска денеск сведочеше во случајот за убиството при семејно насилство на невенчаниот сопруг Александар Ристовски. Судењето денеска, како што јавува Телма, започна во Основниот суд во Велес и одеше експресно – за еден ден сослушани сите сведоци, изнесени доказите, кажани завршените зборови. Објавата на пресудата е закажана за утре во 13 часот. „Се каам и жалам за стореното, но тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва. Кога почна да ме дави јас претав со нозе, со раце, немав сила да му се спротивставам.…
Албанскиот претседател Илир Мета, кој е и врховен командант на вооружените сили, попладнево одржа итна седница на Советот за национална безбедност, на која станало збор за последните случувања на границата меѓу Украина и Русија. Во тој контекст и за последиците од натамошната ескалација на можна агресија врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Посебен акцент исто така е ставен на евакуацијата на албанските државјани кои се во Украина, во случај на потреба, како и гаранција за државните резерви. -Претседателот Мета посебно ја нагласи неопходноста од идентификување и одржување контакти со албанските државјани кои привремено престојуваат во Украина и овозможување нивна…
Партијата на пензионери (ПП) бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите што го најави Владата. -Како партија, ја поддржуваме иницијативата на премиерот Димитар Ковачевски и на Владата за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата, соопшти ПП. Партијата нагласува и дека ја поздравува и поддржува најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот…
Владата на Србија на денешната седница го усвои предлогот претседателот на Србија да го распушти Собранието во пресрет на претстојните парламентарни избори кои се најавени за 3 април. Како што беше соопштено по седницата на Владата, доколку биде усвоен предлогот за распуштање на Парламентот, Владата ќе влезе во технички мандат. „Владата на Србија ќе продолжи да работи посветено и во интерес на сите граѓани. Владата ќе продолжи да ги извршува сите свои активности во техничкиот мандат со полн капацитет, во согласност со уставните и законските прописи“, се вели во соопштението. Претседателот на српското Собрание Ивица Дачиќ претходно најави дека на…
Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. – Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување…
Советот за регионална соработка (РСС) покренува иницијатива за избор на жени претприемнички од Западен Балкан, соопшти денеска организацијата со седиште во Сараево. – Со оваа иницијатива имаме намера да им оддадеме скромно признание на овие храбри и силни жени кои се осмелија да се борат против стереотипите и да донесат промени, се наведува во соопштението. Номинациите се отворени до 4 март 2022 година и секој може да номинира жена претприемничка која има бизнис во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. РСС ќе избере шест жени претприемнички на годината, на кои ќе им врачат признанија во шест…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска посети повеќе места во Тиквешкиот регион, честитајќи го Св. Трифун и посакувајќи успешна година на лозарите и винарите, при што истакна дека Владата останува партнер за развој на земјоделските дејности со најголем раст во нашата земја. Премиерот Ковачевски во Демир Капија и Кавадарци ги посети винарниците „Кралица Марија“, „Попови“, и винарниците на Тиквеш во селата Трстеник и Лепово, и со нивните први луѓе разговараше за долгорочната стратегија на Владата која меѓу другото вклучува мерки за подобрување на амбиентот за стопанисување, поволен и за лозарите и винарниците. Дел од тие мерки…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска имаше средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река. Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ и Река разговарале за можното заедничко отпочнување на пристапните преговори со Унијата, со што двете соседни земји ќе имаат можност да остварат и потесна соработка за размена на искуства и заемна поддршка во целокупниот процес на преговори со ЕУ. Амбасадорот Река ја потврдил поддршката од страна на Албанија за надминување на отворените прашања со соседна Бугарија со цел забрзување а процесот. – На средбата беше истакнато значењето на…
Координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија,Таулант Бала, изјави дека обединувањето на власта и опозицијата околу ветингот е потврда за определбата за европската иднина на земјата. Според него ветингот е и суштински елемент за гарантирање на значително ниво на интегритет на судиите. Тој уште со став дека „денеска во Албанија има повеќе верба во правдата, отколку вчера“ презентирајќи официјални бројки на судии и обвинители кои биле на проверка и колку од нив можеле или не да го оправдаат стекнатиот имот. -Над 800 субјекти биле опфатени со ситото на проверка, при тоа донесени се 491 решение, од нив 183 потврдни…
Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин денеска изјави дека претседателот Александар Вучиќ бил политичка цел на водачот на црногорскиот кавачки клан Радоје Звицер и дека Европол ја предупредил Србија дека атентатот е подготвен за првата половина на овој месец, јави дописникот на МИА од Белград. -Александар Вучиќ не е човек кој се занимава со криминал за да учествува во мафијашки судири, туку исклучиво се занимава со политика, кажа Вулин за време на гостувањето на ТВ Пинк. Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во која тој отфрли дека има некаква врска со наводите за убиството…
Албанија втора година по ред напредува во индексот за демократија, објавен од познатиот магазин Економист и се наоѓа на 68-то место, од 71-во минатата година. Албанија е подобро рангирана од Северна Македонија (73), Црна Гора (74), Босна и Херцеговина (95), додека најдобра во регионот е Србија, на 63. место. -Во 2021 година, нашата земја за првпат влезе во втората група на таканаречени проблематични демократии, каде што изборите се слободни и имаат граѓански права, но има проблеми како слободата на медиумите или сузбивањето на опозицијата и кризата. Претходно, Албанија беше рангирана во третата група земји со хибридни демократии, стои во анализата…
Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа синоќа накратко еруптираше, соопшти италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Ерупцијата, чиј епицентар беше на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метриизфрлил пепел и облаци од чад во висина од 8.000 метри. ИНГВ соопшти дека вулканот повторно се активирал синоќа, исфрлајќи нов бран пепел и чад и го достигнал врвот на ерупцијата. Во петокот наутро вулканските потреси се искачија на просечни вредности, а протокот на лава е сè уште активен, објави ИНГВ. Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често…