Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во романскиот црноморски град Констанца изјави дека присуството на американските сили во Романија ја покажува посветеноста на САД за безбедноста на Европа. Столтенберг е во посета на воената база Михаил Когалничану, каде веќе пристигна првиот конвој од САД, кој ќе биде стациониран таму за да го зајакне источното крило на Северноатлантската алијанса. Наскоро се очекува да пристигнат уште два конвои. Генералниот секретар на Алијансата ја повтори загриженост поради евентуални руска инвазија врз Украина, додавајќи оти НАТО треба да размисли за долгорочно присуство во Југоисточна Европа. – Продолжуваме да го зајакнуваме нашето источно крило,…
Четврти ден по ред како неколку илјади демонстранти, инспирирани од протестите на камионџиите во Канада, ги „окупираа“ тревниците во главниот град Велингтон и ги блокираа околните улици со своите камиони, автомобили, камперски комбиња и мотоцикли. Повеќе демонстранти од претходните денови повторно се собраа денеска пред зградата на Парламентот на Нов Зеланд во Велингтон, повикувајќи на укинување на задолжителната вакцинација против Ковид-19 и одбивајќи да ги прекинат протестите и покрај апсењата. Полицијата вчера уапси 120 лица додека се обидуваше насилно да ги отстрани демонстрантите, иако немаше инциденти околу зградата, јавува агенцијата „Ројтерс“. „Полицијата продолжува да го мери пристапот до демонстрантите, кои…
Потврдено е дека принцот Чарлс (73) е позитивен на коронавирус, поради што веднаш се преземени мерки на претпазливост и кралицата Елизабета (95) била ставена под надзор на лекар и, се разбира, тестирана за коронавирус. Јавноста во Британија сега е загрижена, бидејќи палатата одбива да ги објави резултатите од тестот, само наведува дека кралицата нема никакви симптоми. Најавено е и дека кралицата после ова ќе биде тестирана уште неколку пати, откако во вторникот била во контакт со нејзиниот син, принцот Чарлс во палатата Виндзор. Неофицијални информации се дека кралицата била трипати вакцинирана, првиот пат во јануари 2021 година, па нема да…
Чуварот на музејот „Центар Борис Елцин“ од досада го насочил погледот кон уметничкото дело „Три фигури“, на уметничката Ана Лепорскаја. Според „Moscow Times“, кустосот на музејот од досада го „поправил“ недостигот на сликата – очите. Според весникот, чуварот тоа го направил на првиот работен ден во музејот. Осквернавеното дело било осигурано на 75 милиони рубљи или 1,3 милиони долари Веднаш по откривањето на сквернавењето, сликата била отстранета и дадена на реставрација. Чуварот добил отказ и ќе биде казнет, но има спор за висината на казната, бидејќи полицијата приговарала да покрене кривична постапка, а Министерството за култура најавува жалба до обвинителството.…
На подрачјето на Банија, централна Хрватска утрово е регистриран слаб земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, на длабочина од пет километри. Земјотресот бил почувствуван и во Загреб. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Петриња на 29 декември 2020 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку шест лица, а 20 беа повредени. Земјотресот предизвика голема материјална штета во Петриња и во околината.
Во Италија од денеска ќе може да се дише послободно, бидејќи владата одлучи во текот на неделата да го укине задолжителното носење заштитни маски на отворено, воведени за заштита од коронавирус. Според новото правило, луѓето надвор ќе мора да ги покриваат носот и устата само кога се преполни. Претходно ова правило се применуваше и на отворено и на затворено, без оглед на состојбата со коронавирусот на терен. Во затворен простор и во јавниот превоз маските сè уште се задолжителни. Од денеска ќе се отворат и италијанските дискоклубови, а за влез потребна е потврда за ковид. Минатата година поради пандемијата долго…
Комерцијалните сателитски снимки објавени од приватна американска компанија укажуваат на нови распоредувања на руски воени сили на неколку локации во близина на Украина, пренесува „Ројтерс“. Со седиште во САД Maxar Technologies рече дека фотографиите направени во средата и четвртокот покажуваат „значителни нови распоредувања“ на воени трупи на неколку локации во Крим, западна Русија и Белорусија. На Крим, кој стана дел од Руската Федерација во 2014 година, споменатата американска компанија, како што тврди, идентификуваше големо ново распоредување на војници и опрема на аеродромот Октјабрское северно од градот Симферопол, вклучувајќи 550 воени шатори и стотици возила.
Албанскиот Парламент по маратонска седница, преполна со меѓусебни обвинувања власт-опозиција и меѓу опозицијата, доцна синоќа, со 118 гласа „за“, ниту еден против и 4 воздржани, ги изгласа уставните измени за продолжување на мандатите на комисиите за ветинг, за уште 30 месеци. Гласот за продолжување на ветингот во правосудството го дадоа и пратениците од опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, во „интерес на еворпските интеграции на земјата“, како и еден пратеник од опозициското Движење за социјалистичка интеграција, тројца негови сопартијци, меѓу нив лидерката Моника Круемади беа воздржани, додека во гласањето не учествуваа Сали Бериша и пратениците, кои се негови поддржувачи. По…
Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти. – Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата, појасни таа за новинарите во Јужна Африка. Таа ги посети погоните за производство на вакцини, во придружба на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Бугарската страна се држи до целосна примена на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, како и почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за БНР, во пресрет на редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, што ќе се одржи денеска во Софија, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања. Според Генчовска, Бугарија ќе продолжи да го поддржува, како што тврди, „легитимното барање Бугарите во Северна Македонија да бидат вклучени еднакво со сите останати…
На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, додека 20 мерки се за недавање предност на пешаци, 81 санкција за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање. Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството. Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот е продаден и доставен во Бугарија и евентуално каде е имплементиран.