Author: Ivana
Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис попладнево ќе допатува во Скопје во дводневна работна посета на Северна Македонија и ќе одржи низа средби со министри од економскиот сектор, со заменик- министерката за надворешни работи, со вицепремиерите за економски и за европски прашања, како и со премиерот Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. -На агендата разговори на заменик- министерот со претставници на новоизбраната Влада на Северна Македонија ќе се најдат билатералните економски односи на двете земји и можностите за нивно проширување и зајакнување, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата. Според официјалната…
Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4), Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и Демир Капија (-3), Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1). Нула степени се измерени во Виница и на Попова Шапка, 2 во Гевгелија и 4 степени во Дојран. Највисока снежна покривка, 37 сантиметри, утрово е измерена во Маврови Анови, на Попова Шапка 25 сантиметри, 20 см во Крушево, 4 во Ѓуриште, 6 во Битола и 2 сантиметра снег…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов закон за пасишта. Веќе се изработени два драфт предлога од кои треба да произлезе конечното решение. Драфт верзиите ќе се разгледуваат следната недела, за што е веќе формирана работна група. Како што вели министерот Љупчо Николовски во интервју за МИА, земјава располага со околу 500.000 хектари пасишта, но од нив се искористени многу мал процент. Државата ниту наплаќа, ниту пасиштата се ставени во функција. Актуелниот Закон, пак, кој ја регулира оваа материја, датира од 1998 година. -Ние имаме Закон за пасишта од 1998 година. Затоа, паралелно со другите нови, еворпски закони, работиме…
Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања меѓу двете министерства за надворешни работи. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера изјави дека и од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог. Премиерот Ковачевски, во однос на состанокот в петок…
По одлуката на Економско-социјалниот совет за покачување на минималната плата на 18.000 денари, синдикалните организации апелираат да се почитуваат колективните договори и член 8 од Законот за минимална плата за скалесто покачување и на останатите плати. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) вчера реагираше дека треба и останатите плати скалесто да се покачат, во спротивно најавија дека ќе бидат приморани да ја активираат одлуката донесена во ноември и незадоволството на вработените да го изразат преку протести или преку други форми на штрајк. – Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто…
Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението. Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас…
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Битола како дел од низата посети на општините во 2022 година. За време на посетата, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и заедно ќе го посетат Домот на Армијата – споменик на културата што е реставриран со средства од ЕУ. Како дел од активностите, младата европска амбасадорка од Битола, Дона Срдиќ Лазаревска, ќе се приклучи на посетата „ЕУ со ТЕБЕ“. Заедно со амбасадорот Гир ќе го посетат кафе-барот „УлафСте“ кој е единствен во градот каде што се употребува знаковен јазик…
Македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска и утре ќе престојува во Софија каде треба да се одржи состанок на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Северна Македонија и Бугарија. На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата. Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира…
Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 13 степени. И утре ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен…
“Ја потврдивме и нашата посветеност да ја завршиме работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции и конечно да ја оствариме” изјави Џо Бајден по средбата со гермаскиот премиер Олаф Шолц. Што значи оваа изјава за нас? Анализа на Борјан Јовановски Кога лидерите на две држави како САД и Германија имаа средба е важна вест. Уште поважно, кога станува збор за Балканот е ако на таа средна стане збор за овој регион и неговата европска перспектива. Тоа и се случи на средбата која Џо Бајден и Олаф Шолц ја имаа неодамна во Вашинготн. Премиерот Шолц и претседателот Бајден разговарале…
Главната опозициска партија во Турција денеска ги поддржа протестите воз целата земја поради зголемувањето на цените на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината. Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, што е највисока во последните 20 години, откако цената на струјата, гасот и патарините пораснаа на почетокот на годината. – Струјата е човеково право. Тоа мора да биде достапно, изјави за новинарите Али Хикмет Акили, лидер на Републиканската народна партија во Анкара. Во знак на протест против поскапувањето на електричната енергија, голем дел од баровите, рестораните и продавниците на своите излози ги закачија сметките за…
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека, кога во текот на овој месец ќе ја претстави владината стратегија за соживот со коронавиорусот, има намера да ја укине законската обврска за самоизолација за луѓето во Англија кои се позитивни на Ковид-19 Минатиот јули тој за малку ќе ги укинеше сите епидемиолошки мерки во Англија, а минатиот месец ги укина таканаречените мерки од „Планот Б“, привремено наметнати за да се забави ширењето на омикрон сојот. Тој кажа дека сака да оди чекор понатаму, што е дел од промената на насоката на навикнување на коегзистирање со Ковид-19, па законската обврска за самоизолација ќе…