Author: Ivana

Директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба. Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој денеска околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната. Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите. Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел…

Read More

Не смее разговорите со Бугарија да се остават само на политиката и да останат само на разговори. Треба да се потпишат конкретни договори со конкретни рокови и да се најде начин да се избегне бавното и скапо градење на инфраструктурните проекти, порача вечерва претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров. -Од двете страни не се преземаа мерки за инфраструктурно поврзување. Причина за тоа е што се оставаше политиката да го диктира бизнисот, а сега тргнуваме на обратен начин. Бизнисмените веќе пет шест години наназад зборуваат дека треба да се остави простор економијата да го трасира патот за подобра иднина на…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевески кој е во прва посета на Брисел вечерва одржа неформална средба со европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, објави Владата на официјалниот фејсбук профил. -Премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи во Брисел остварија и неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која разменија мислења за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, стои на фејсбук профилот на Владата. Вечерва Ковачевски треба да се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. Премиерот Ковачевски утре ќе има средби со претседателот на…

Read More

Доколку има вонредни избори тие нема да ја променат политичката слика што ја имаме. И да победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи со еден пратеник разлика и повторно ќе имаме нефункционален Парламент кој тешко ќе обезбедува кворум за работа, порача вечерва министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски. Нагласи дека сите партии се залагаат за промена на изборниот модел. -Факт е дека сите политички партии зборуваат за друг модел, а никој не рекол дека е добар овој изборен модел со шест изборни единици. Сите бараат некоја промена која ќе значи подобра застапеност на граѓаните во Парламентот, рече Милевски во…

Read More

Со речиси идентични соопштенија се огласија попладнево министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, посочувајќи дека работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година. Соопштенијата следат по, како што се наведува, последните јавни настапи на претставниците на заедничката комисија за историски и образовни прашања. – По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата преставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година. Соодветно на најновата иницијатива на двете…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Брисел, каде се наоѓа во дводневна работна посета се запозна и поразговара со млади професионалци од нашата земја, кои работат во меѓународните институции и приватниот сектор во Кралството Белгија. На средбата, премиерот Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорката на Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Агнеза Руси – Поповска со младите професионалци разговараше за нивните лични професионални предизвици и за актуелните меѓународни случувања на политичката сцена во Северна Македонија. Една од темите на разговор беше Отворен Балкан, при…

Read More

Во Република Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје. Како што јави дописникот на МИА од Софија,  „за надворешната политика во нашите односи, одговорни се премиерот Ковачевски и премиерот Петков“,  пососчи бугарскиот премиер. Тој рече дека со Ковачевски се познаваат две недели, и сето она што е договорено било исполнето. Петков додаде дека „од нас зависи и ние ќе направиме се за да постигнеме…

Read More

Инклузијата во образованието е  клучна за децата со попреченост и токму на тој начин  се придонесува за нивно полесно прифаќање од средината, порача министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која заедно министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со  родителите на Ембла А. од Гостивар, случајот кој во јавноста побуди голем интерес и реакции. На средбата присуствуваа и  директорите на Центарот за социјална работа, Гостивар и на училиштето кадешто Ембла посетува настава. -Стереотипите и предрасудите треба да се надминат.  Едно општество за сите е концепт зад кој цврсто застанавме и тој не треба да биде…

Read More

По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, утре, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Република Бугарија. – Владата на Северна Македонија го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата, стои во најавата од…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево –…

Read More

 Нема конфликт меѓу мене и Кирил Петков на темата за Република Северна Македонија (РСМ). Ова го изјави вицепремиерката Корнелија Нинова во одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција за „Експо 2020 Дубаи“. -Имаме коалициски договор на Владата. Тој го содржи нашиот заеднички став за РСМ и тој е дека актуелната влада на Кирил Петков го реафирмира сегашниот, а тоа е дека треба да се спроведе Договорот за добрососедство и соработка, да се спроведе Декларацијата од 44-от Собрание, да се запре говорот на омраза, да не се злоупотребува бугарската историја, да не биде на сметка на националниот бугарски интерес. Ова…

Read More

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски требаше попладнево да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, средбата е одложена за утре во 9 и 30 часот, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија од Европскиот Совет за МИА. Средбата помеѓу премиерот Ковачевски и шефот на Европскиот Совет беше одложена поради лични причини на претседателот Мишел. Ковачевски утре, исто така, има состанок со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Вечерва тој ќе се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.

Read More