Author: Ivana

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи со КОВИД-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство. Од 1.543 новозаболени од Скопје се 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија – 14, Делчево…

Read More

Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер во гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ изјави дека бугарските посети во Северна Македонија не се избрзани и се многу доцни. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер истакна дека е пронајден дијалогот со македонските колеги во точка на замрзнување, кога двете држави не се договориле и два добри соседи коишто не комуницирале. Министерот посочи дека неговата посета се одвивала според програмата што била поставена од двете влади, за преговори и нема ништо изненадувачки во неа, ниту пак кој ќе ја води, бидејќи била договорена…

Read More

Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска се разгледуваше на седница на Економско-социјалниот совет, но, ниту по неколкучасовна расправа Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор. Консензус, посочија, има единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа. -Имавме навистина конструктивен дијалог како можеби никогаш невиден на нашите простори. Имаме консензус дека минималната плата ќе се зголеми. Дијалогот ќе продолжи во петок, после 16 часот. И ги уверувам сите граѓани коишто се во категоријата на приматели на минимална плата, дека наскоро ќе има консензус…

Read More

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, соопшти Автомото сојузот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се посочува, е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово –…

Read More

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од КОВИД-19. Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страна единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните…

Read More

 Горивото во Германија достигна рекордни цени. Еден литар „Супер“ на бензинските пумпи во Германија во просек денеска чини 1,712 евра, а дизел 1,640 евра, соборувајќи го ценовниот рекорд од 2012 година, објави денеска Германскиот генерален автомобилски клуб (ADAC). – Многу возачи се загрижени за сегашниот пораст на цените, изјави експертот за цени на горивото во ADAC, Јурген Албрехт. Причината за рекордната цена на горивото тој ја гледа во комбинација од неколку фактори, како што се зголемената побарувачка за енергенси и тензиите меѓу Русија и Украина. Алберхт смета дека цената на горивата би можела да се намали во наредните месеци поради…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска за време на работната посета на Париз остварија средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.  Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР,  беше европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за потенцијалите на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Соговорниците се согласија дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнуваат преговорите за членство…

Read More

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот. Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Северна Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија. -Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение пред надлежен суд против Пале Илоска од Велес, долгогодишна жртва на семејно насилство. – Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело – убиство на миг, реагира Комитетот за случајот на 23 – годишната девојка која со еден убод со нож го уби невенчаниот сопруг додека тој ја влечел по подот и тепал со нозе и со тупаници по главата. Според достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите,…

Read More

Поранешниот македонски ракометен шампион Металург нема да го одигра натпреварот со Вардар закажан за вечерва, бидејќи е суспендиран од страна на ЕХФ. Така, клубот од Автокоманда по суспензијата на евро-сцената, доби забрана за настап и во домашното првенство. Европската ракометна федерација ја извести Ракометната федерација на Македонија за суспензијата на „металурзи“. Суспензијата на Металург е изречена поради долгови кон поранешни членови на клубот. Металург преку својот профил на Фејсбук, попладнево соопшти дека натпреварот со Вардар е откажан, а за утре, клубот закажа прес-конференција. 

Read More

Над 50 отсто од земјите членки на Обединетите нации ја поддржуваат грчката кандидатура за позицијата непостојан член на Советот за безбедност на ОН во 2025-26 година, со обезбедени 97 писмени заложби, соопшти министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече дека ова претставува „важен успех на грчката надворешна политика и е опиплив резултат на политиката што ја води Владата на Мицотакис“ и додаде дека кандидатурата на Грција е под пораката „80 години од Повелбата на ОН: нејзините фундаментални принципи се поактуелни од било кога досега“. Истакна дека речиси осум децении подоцна, основните…

Read More

Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со заменик – амбасадорот на САД, Ерик Мејер на која изразил благодарност за континуираниот придонес во зајакнување на нашиот здравствен систем, како и за несебичната помош и поддршка од самиот почеток на кризата. – Вкупната помош на американската Влада е над девет милиони американски долари за одговор на нашата држава во справувањето со ковид пандемијата, преку поддршка и зајакнување на лабораторијата во ИЈЗ, реконструкција на здравствени установи, како и средства со кои УСАИД ќе ја поддржи СЗО за континуирано зајакнување на капацитетот за подготвеност и одговор за…

Read More