Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Огромна масовна гробница може да се види на сателитски снимки пред црквата во Буча во близина на украинскиот главен град Киев. На фотографиите, направени од компанијата „Максар технолоџис“ на 31 март, се гледа ров долг 14 метри југозападно од црквата и официјални лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили. Засега неа рочни информации за тоа колку тела се извадени од оваа гробница, но „Москва тајмс“ пишува дека таму биле закопани 57 луѓе. Според градоначалникот Анатолиј Федорук за АФФ, властите во Буча веќе закопале 280 луѓе, откако руските трупи се повлекле од областа, додавајќи дека улиците се полни со трупови.…
Европската Унија утрово соопшти дека ги осудува на најостар можен начин “ужасните дејствија извршени од страна на руските воени сили“ во повеќе украински градови кои се сега ослободени, јави дописничката на МИА од Брисел. Еден од овие градови е Буча, од каде вчера се обелоденети ужасни снимки за масакрите извршени од страна на руските воени сили, иако Русија демантира дека е одговорна. Буча и други украински градови ослободени од Русија известуваат за гробници и масакри извршени за време на руската окупација, како и масовно уништување на инфраструктурите. -Масакрите во градот Буча и други украински градови ќе бидат запишани на листата…
Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, соопштуваат од Министерство за внатрешни работи. – Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири…
Шеесетгодишен маж се вакцинирал во Германија десетици пати против Ковид-19 за да продава лажни картички за вакцинација со реални броеви на вакцини на луѓе кои не сакаат самите да се вакцинираат. Германецот од градот Магдебург, чие име не е објавено во согласност со германските правила за приватност, примил до 90 вакцини против Ковид-19 во центрите за вакцинација во источната покраина Саксонија во текот на неколку месеци, сè додека криминалната полиција не го привела овој месец. Осомничениот е под истрага за неовластено издавање на вакцинални картички и фалсификување документи. Тој беше фатен во центарот за вакцинација во Ајленбург, Саксонија, кога се…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции спрема Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча. „Постојат многу јасни индиции за воени злосторства. Во Буча беше руската армија“, изјави Макрон за „Франс Интер“ по откривањето на масовните гробници и стотиците загинати северозападно од Киев. Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства врз 20 цивили. Министерството за одбрана соопшти дека сите руски единици целосно се повлекле од Буча на 30 март, ден по разговорите меѓу делегациите на Русија и Украина лице во Турција.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт. – Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници) кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“. – Левицата дома, меѓународната левица, бирократите во Брисел, парите од империјата на Сорос, меѓународните медиуми, па дури и украинскиот претседател, оцени Орбан. Се чини дека тој алудира на критиките од Зеленски, кој го искористи неговото вечерно обраќање за да го прекори за поддршка за рускиот…
Сите 26 министри на Шри Ланка поднесоа оставка, по протестите поради големата економска криза, јави Би-Би-Си. Премиерот Махинда Рајапакса, како и неговиот брат, претседателот Готабаја Раџапакса, не се одлучија на овој чекор. Меѓу оние кои поднесоа оставка е и синот на премиерот, Намал Раџапакса. Во текот на вчерашниот ден, многумина му пркосеа на полицискиот час и излегоа на улиците за да протестираат. Земјата се бори со голема економска криза – жителите немаат струја по 12 часа, па и повеќе, има недостиг на храна, лекарства и на гориво. Демонстранти, кои тврдат дека претседателот и неговото семејство се виновни за ситуацијата во…
Според првичните резултати на Републичка изборна комисија (РИК), актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, освои речиси 60 отсто од гласовите на претседателските избори со што доби нов мандат уште во првиот круг. Според 86,99 обработени гласови, Вучиќ на обработени 86,99 освоил 59,5 отсо. Второпласиран од вкупно осумте кандидат е Здравко Понош со 17,5 отсто, а трет е Милош Јовановиќ со 5,8 отсто освоиени гласови. Бошко Обрадовиќ освоил 4,4 отсто, а Милиџа Ѓурѓевиќ Стаменковски 4,3 отсто. Според податоците од РИК, кандидатката Билјана Стојковиќ освоила 3 отсто, Бранка Стаменковиќ 2 отсто, а Миша Вациќ 0,9 отсто. Во однос на предвремените парламентарни избори,…
Денеска во Скопје, меѓувладината работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото, продолжува со својата работа и активности. Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како копретседавач ќе го отвори состанок на работната група, по што на посебна сесија, заедно со Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, ќе биде дел од сесијата на тема: Партнерство со граѓанските организации, на кој со нивната бугарска колешка, заменик претседателка на Владата за добро владеење Калина Константинова, ќе дискутираат за следните чекори во активностите за системско вклучување на граѓанскиот сектор во сите работни групи…
Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз. ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев. – Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските цивили, рече Хју Вилијамсон, директор на ХРВ за Европа и Централна Азија. – Силувањето, убиствата и другите насилни дејствија врз луѓето кои руските сили ги држат во притвор, треба да се истражат како воени злосторства, потенцира Вилијамсон. Меѓу овие е вклучен и еден случај на…
Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина. Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа. Украинските власти почнаа да ги враќаат областите околу главниот град откако руските сили се повлекоа во последните денови. Но по враќањето на контролата, затекнаа призори кои го ужаснаа светот. Тие наидоа на последици од масакр, за кој тврдат дека го извршиле силите под контрола на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање побара да бидат запрени руските „воени злосторства“, јави Би-Би-Си. Москва негира Москва негира дека руската војска стои зад убиствата на цивилите во Буча. Неговото обраќање дојде по извештаите за десетици тела пронајдени на улиците и масовните гробници во украинскиот град Буча. – Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни времиња. На различни континенти. Но, време е да направиме сè што е можно за воените злосторства на руската војска да станат последна манифестација на такво зло на земјата, рече Зеленски. Тој инсистира руските лидери да бидат повикани на одговорност за активностите на војската.…