Author: Jane Gjorgioski

„Јазикот е систем или дух, а тоа ниту се признава, ниту има потреба да се докажува, туку се потврдува и се прифаќа“ изјави професорот по историја на македонски јазик Димитар Пандев на прославата на 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Тој додаде дека јазикот е општствена институција, со своја јазична санкција која отвора простор за јазична норма, а таа пак за кодификација на народниот јазик во литературен, врз основа на бесконечен корпус текстови кои постојано се пресоздаваат, како што се непрегледен списокот текстови за Кирил и Методиј. „Јазикот е трезор во кој се чува народното јазично…

Read More

Стјуарт Роудс, основачот и лидер на От Киперс, е осуден на 18 години затвор за водење на далекусежен заговор да го задржи тогашниот претседател Доналд Трамп на власт, откако тој ги загуби изборите во 2020 година, јавува Си-Ен-Ен.

Read More

Предлог-законот за зголемување на платите во јавната администрација и на функционерите вклучувајќи ги и министрите и пратениците ги обедини власта и опозицијата во Албанија, чии пратеници доцна попладнево го изгласа истиот со кој платата на народните избраници се зголемува за 98 отсто, на министрите за 82, на шефот на државата за 65 и на премиерот за 72 отсто,јавија албанските медиуми.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал тет-а-тет средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите и оценето е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот којшто заеднички е утврден меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија. Премиерот Ковачевски нагласил дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса што сега треба да се искористи и дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна но достижна цел за…

Read More

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“. – Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти…

Read More

„Во клучни моменти за државата Македонија доби силна поддршка за продолжување на европскиот пат од нашите најголеми и најважни стратешки партнери, САД, за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски. Централниот одбор цени дека оваа поддршка од САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важна за иднината на земјата и на сите наши граѓани“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа нагласи дека Централниот одбор на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме…

Read More

„Кога се подготвував за денешнава емисија се сетив на моето претходно гостување кога реков дека сведочиме за заробен град. Сега ќе додадам дека сведочиме и за блокиран град, а не би сакала да треба да сведочам и за колабиран или банкротиран град“ изјави Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје од СДСМ во „Вин-вин“ на Телма. Таа додаде дека тие како опозиција во Советот на Град Скопје се тука за да бидат коректор на тоа што е ветено. „Ние не гласавме за буџетот, но програмата за урбанизам треба да се донесе поради тоа што во неа се содржани извесен број измени…

Read More

„Ако претходно како држава во просек сме увезувале околу 30 отсто од електричната енергија, фокусот на домашното производство оваа зима придонесе само 11-12 отсто од електричната енергиај да биде увезена“ рече директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски во „10 минути“ на ТВ21. Тој додаде дека фокусот на владата и институциите беше да се набават потребните материјали за производство на електрична енергија, наместо да се увезува струја. „Од почетокот на 2022 година, до крајот на март 2023 произведени се над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, што даде придонес за полесно справување со кризата“ рече Николовски. Директорот на Агенцијата…

Read More

Лидерите на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) пристигнаа на Самит во Хирошима, каде што војната на Русија против Украина ќе биде една од главните теми.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, која, како што информира владина прес-служба, ја пренела цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Северна Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО. Средбата е дел од редовниот дијалог со американската амбасадорка по однос на заеднички теми од дневен ред во односите меѓу двете земји и доаѓа по посетата на премиерот Ковачевски на Соединетите Американски Држави, минатата недела. -Премиерот Ковачевски се заблагодари за недвосмислената поддршка за…

Read More

Српската полиција во градот Рума, попладнево уапсила млад човек кој денеска од ракетен фрлач испукал проектил и уништил напуштен објект во близина на железничката станица во овој војводински град, јавија регионалните медиуми. Експлозијата се случила околу 14 часот во Платичево и предизвикала уривање на малата зграда, но во инцидентот нема повредени. Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување. „Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот „Блиц“, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.

Read More

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Read More