Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Поплавите во италијанската област Емилија Ромања предизвикаа штета од најмалку една милијарда евра, соопшти денеска претседателот на овој регион Стефано Боначини. Британските медиуми пренесуват дека во поплавите, што досега ги однесоа животите на 13 лица, особено се погодени земјоделците. -Веќе проценивме дека штетата од првиот бран поплави е речиси една милијарда евра, можете да замислите колку ќе се зголеми оваа сума со оглед на новата катастрофа, изјави Боначини, додавајќи дека се уште е рано за прецизни бројки. Италијанската влада вети дека ќе одвои уште 20 милиони евра за санација на штетите од поплавите, покрај 10-те милиони што претходно ги даде…
Премиерот Димитар Ковачевски, кој престојува во посета на Исланд, каде учествува на Самитот на лидери на Советот на Европа, изјави дека Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права.
Премиерот Димитар Ковачевски пристигна на четвртиот Самит на Совет на Европа, во Рејкјавик, Исланд, на чие отворање беше пречекан од премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема мера придонесува за зајакнување на соработката меѓу Црна Гора и Европската унија во областа на управувањето со границите и постигнување на очекуваните стандарди на патот кон полноправно членство. Новиот договор, меѓу другото, предвидува распоредување офицери на Фронтекс и примена на извршните овластувања на кој било…
Околу 900 лица се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови. Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА. Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итните случаи, вклучувајќи ги многумината кои допатувале од соседните региони. Железничкиот оператор РФИ соопшти дека поради екстремни временски услови мораше да бидат прекинати услугите на линиите Болоња-Римини, Форли-Римини, Ферара-Римини и Равена-Римини. Во регионот Марке, силни поплави беа пријавени во градот Пезаро, додека властите на Сенигалија апелираа граѓаните околу реката…
Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини. -Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше. Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за…
Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја заврши расправата за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во попладневниот дел од работата, Комисијата не усвои ниту еден од седумте предложени амандмани за предлог-законското решение од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по завршување на амандманската расправа за збор се јави заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи кој истакна дека со измените на Законот за урбанистичко планирање се воведува нова метода која ќе биде употребена за изградба на автопатите и гасоводите и која, како што рече,…
Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, за заштита на граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација, одлучи Владата на денешната седница.
„На 13 април, на роденденот на градоначалникот Марко Колев, двајца пожарникари користејќи службено возило пристигнале во општината и користејќи скала за интервенции при пожари, се качиле на вториот спрат преку тераса во канцеларијата на Градоначалникот, со цел да го честитаат роденденот, носејќи му роденденска торта. Значи, тие ги напуштиле нивните работни места за полтронски да му удоволат на градоначалникот, свесни дека ја загрозиле безбедноста на жителите на Велес доколку во тој период додека се глупирале се случел пожар или некоја друга несреќа за која требало итно да интервенираат“, на прес-конференција објави претседателката на ОО Велес СДСМ, Даница Чадиева. Таа истакнува дека во…
За време на протестот „Србија против насилството“, нешто по 20 часот, кога почна да се стемнува, граѓаните спонтано ги вклучија мобилните телефони за да го „вклучат светлото во Србија“, а тоа беше пропратено со громогласен аплауз.
Крипто милијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година, објави магазинот Форбс. Во 2022 година, на листата на Форбс на милијардери имаше 19 луѓе кои своето богатство го заработија во бизнисот со криптовалути, чиј имот тогаш беше проценет на 140 милијарди долари. Оваа година, 10 од 19-те луѓе од минатогодишната листа повеќе не се милијардери, а богатството на останатите девет е 30 милијарди долари. Според листата на Форбс, најбогатиот крипто-милијардер се уште е основачот и шефот на најголемата крипто берза Binance, Чангпенг Жао, чие богатство се проценува на 10,5 милијарди долари. Минатата година неговиот…
Во Белград во тек е вториот протест „Србија против насилството“, организиран од неколку опозициски партии. Откако беа прочитани барањата на протестот, поворката тргна да пешачи. Блокиран е мостот Газела, пренесува N1.