Author: Jane Gjorgioski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ денеска на Центарот за отстранување мини на Босна и Херцеговина му донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995. -Овие специјализирани возила се донација на германската влада и показател дека ОБСЕ обезбедува поддршка, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и меѓународните партнери, соопшти Министерството за надворешни работи. Целосно расчистување на територијата од мини е планирано до 2024 година, а донацијата, наведува МНР, ќе биде од голема важност за да се заврши процесот,…

Read More

Кинотека на Северна Македонија ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Тој настапува на независната филмска сцена со својот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр „Девојката“ и „Градот“, кои во Кинотеката ќе бидат прикажани на 13 и 14 мај. Како што соопшти Кинотеката, Рајкер е сценарист и на атрактивниот документарец „Валкани војни“, што го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од…

Read More

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог на Косово, Бесник Беслими, на која, како што информираат од СЕП, беа потврдени одлични пријателски односи на двете земји, како и потребата од продлабочување на соработката, особено во делот на евроинтеграциите и искористувањето на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Read More

Земјата го започна патот кон ЕУ и за да стигнеме и да можеме да почнеме со поглавјата и она што е договорено со преговарачката рамка треба да ги оствариме уставните измени и само тоа е патот кон ЕУ, кажа заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во ТВ24.

Read More

Почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“ во Штип, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“ денеска беше свечено означен со присуство на премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи. Премиерот Ковачевски на почетокот на своето обраќање истакна дека ова е доказ дека сме се поблиску до остварување на целта на Владата на СДСМ, а тоа е да бидеме една од најатрактивните инвестициски дестинации во Европа. „Оваа инвестиција ја надополнува листата…

Read More

„За сите патувања на кои оди претседателот на Владата или други високи претставници постојат законски одредби во законот за надворешни работи и процедурите на Владата за придружба на брачниот другар, кога има настан и можност за тоа. Таква беше ситуацијата при посетата на Обединетите нации лани и оваа година, кога се одбележуваа 30 години членство на Северна Македонија во ОН“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5. Тој додаде дека приватните патувања на другите членови на неговото семејство никогаш не биле покривани од буџетот на државата. „При посетата на САД ја имав и можноста да бидам првиот…

Read More

„Тој што го договарал автопатот Кичево-Охрид пред десет години избрал модел во кој прво се договорени 400 милиони евра, а сега станал 600 милиони евра. Правен е проектот на Гугл Мапс. Еден прави проект, друг изведува и кога изведувачите го добиваат проектот сфаќаат дека поминува низ гробишта, низ сред село, врз резервоар за вода и половина од свлечиштата и клучките се погрешно проектирани“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5. Тој додава дека 25 отсто од автопатот се репроектирал од почетокот и дека поради тоа во моментот тој достигнал цена од 600 милиони евра. „Сега конечно после…

Read More

Цените на горивата во Северна Македонија го продолжуваат трендот на намалување по шокот минатата година и во моментов се најниски во регионот. За разлика од останатите држави во нашето опкружување, каде што цените останаа релативно високи, кај нас тие се вратија на нивото од 2021 година, пред кризата.

Read More

Во голема полициска акција, во Србија уапсени се водачи на балкански картел кој во последните години организираl шверц на повеќе од 7 тони кокаин во Европа, тврдат официјални лица од српското МВР.

Read More

Се зголемуваат платите на здравствените работници, министерот за здравство Фатмир Меџити и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, денеска го потпишаа анексот за изменување и дополнување на колективниот договор во јавните здравствени установи.

Read More

Во земјите на Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија од 18 до 26 мај 2023 година ќе се оствари студиска посета на 50 магистранти и докторанти од универзитетите Харвард (САД) и МИТ (САД) на студенти од 17 различни земји, од сите континенти, освен Австралија, под името Балкан трек (Балкански пат), јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија денес од Владата на Р.Србија на денешната седница е донесена одлука Владата да ја подржи во рамки на Иницијативата Отворен Балкан оваа студиска посета. -Целите на „Балкан Трек“ се: презентирање на општата политичка состојба на земјите од Отворениот Балкан, подигнување…

Read More