Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид, соопшти попладнево Министерството за правда.
Премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.
Претставници на ЦИВИЛ, денеска се сретнаа со Mинистерот за правда, Кренар Лога, на која се дискутираа прашањата поврзани со претстојните измени во Изборниот законик, како и за изборните процеси воопшто. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, го информираше министерот Лога за плановите на организацијата, како и за тековните активности поврзани со изборите, изборниот мониторинг, политичкото финансирање и препораките и идеите за реформи во изборниот систем.
Владата на Република Српска денеска донесе одлука за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ, на што американската страна веднаш одговори со порака дека тргнале по „опасен пат“.
Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.
Соединетите Американски Држави се уште не ги објавуваат имињата на оние кои се под истрага за корупција и кои можеби се дел од нивната црна листа, но, велат дека нема ограничувања за тоа кого може да вклучи оваа листа.
Трошоците потребни за реконструкција и закрепнување на Украина, која е цел на руската инвазија, се зголемија на 411 милијарди долари (383 милијарди евра), проценија украинската Влада, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска најави дека РС ќе прогласи независност, доколку високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне законот за имот.
Министерството за образование и наука (МОН) обезбедува континуитет во унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард, преку постојано зголемување на износите на постојните финансиски надоместоци и стимулации, но и воведување на нови кои во минатото не постоеја.
ЕСМ Продажба донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh, а добавувач ќе биде фирмата Макпетрол.
Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 21 за Трансевропска мрежа, заедно со Поглавјето 15 – Енергетика. Во исто време, во подготовка се извештаите за скрининг процесот за Кластерот 1 – Темели и Кластерот 2 – Внатрешен пазар. Вчера пак почна објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика кој го отвори Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој вели дека трансевропски мрежи и транспортна политика, како и енергетиката се многу важни поглавја каде што ние како држава имаме и што да кажеме, но имаме…
Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница. Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можна директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Тоа ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести. Дополнувањето на законот е иницирано заради набавка на лекот Трикафта…