Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Министерот за надворешни работи и член на Претседателството на ДУИ Бујар Османи вели дека новата кампања на ДУИ насловена „Тој доаѓа“ не се однесува на избори и најавува дека наредните денови ќе се знае што точно значи оваа кампања.
„Има мир, слобода, транспарентност, многу придобивки од промената на режимското време. Слободата скапо ја плативме и не смееме да ја изгубиме“ рече директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во „Само интервју“ на Канал 5.
Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија кажа дека до целосно зачленување во ЕУ нашата држава, како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки коишто се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од преговарачката рамка, којашто е усвоена со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови.
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.
Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји вечерва пристигнаа во Скопје, а на скопскиот аеродром ги пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. – Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот, напиша Маричиќ на Фејсбук. На утрешната седница на Советот за стабилизација и…
Во Собранието попладнево на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.
Исполнете ги очекувањата на граѓаните и поддржете ја европската агенда е пораката која ја испратив денеска од собраниската говорница, истакнува во објава на Фејсбук, вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. – Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик. Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе…
Собраниската седница на која пратениците расправаат за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година попладнево е прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано. Во попладневниот дел од расправата, власта и опозицијата со спротиставени ставови. За пратениците на власта, во Извештајот се нотирани позитивни поместувања во многу области, а според опозицијата, со вакви оценки и динамика, земјава нема да биде подготвена уште многу долго време да пристапи во Европската унија. Љубица Спасова, пратеничката на СДСМ, оцени дека Извештајот на Европската комисија за 2022 година е балансиран и во него има вкупно 1.560 наоди, односно активности што се препознаени…
Плоштадот пред зградата на парламентот во Тбилиси се уште е исполнет со демонстранти, кои ја слават одлуката на грузиските власти, донесена претпладнево, за повлекување од процедура на контроверзниот законот за странски агенти.
Владата на Никола Груевски веднаш по доаѓањето на својата функција во јуни 2006 година одобрила кредит за дофинансирање на филмот „Сенки“ на режисерот милчо Манчевски кој заедно со каматите по исплатата ги чинела граѓаните 43.687.478 денари. Ова го покажуваат документите кои ги доби ЦИВИЛ Медиа преку слободен пристап до информации, каде се гледа целосна информација на финансиските трансфери кои Министерството за финансии и Министерството за култура, како и одлуките на Владата, кои ги правеле до продукциската куќа „Сенки“ од Скопје преку Годишната програма за финасирање програми и проекти од национален интерес во културата. Со ова вкупната сума која ја добил…