Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за случајот со интервјуто со новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека најпрвин ќе одговори како човек и татко, а потоа како премиер.
Планирано е законско решение кое ќе ги опфати невработените лица, учениците над 15 години, студентите, пензионерите, корисниците на гарантирана минимална помош и лица во работен однос, кои вршат дополнителна работа Ќе се поедноставува најмувањето работници за привремени, повремени и сезонски ангажмани – барем ваква е намерата на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Економско-социјалниот совет. Во фокусот се младите лица, а деталите на измените ќе ги разгледува посебно формирана работна група. Планот е да се донесе законско решение кое ќе ги опфати невработените лица, учениците над 15 години, студентите, пензионерите, корисниците на гарантирана минимална помош и лица во…
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска говореше на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк каде упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина.
Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Дестабилизација со единствена цел фотелја, желба за власт, пари, тендери како што видовме и во градот Скопје. Од конститутивната седница наваму тврдите заедно со вашиот претседател дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет. Само што немало предвремени избори, па најавувате ново мнозинство па распуштање на Собранието, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски обраќајќи им се на пратениците од опозицијата на собраниската седница за пратенички прашања.
Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетично, а Украина спрема своја офанзива, изјави денеска во текот на телефонски брифинг за новинарите, Викторија Нуланд, помошничка државен секретар за политички работи на САД.
РИБАРО Денешната одлука на судот во Стразбур им ги измеша лончињата на вмровците верни на Грујо и компанија кои беа спремни да најдат бел коњ со гепек за Груевски да се врател во Македонија откако побегна од правдата и ги остави неговите копуци на цедило.
„Клучната битка која денес е добиена е што случаите од поранешното СЈО, кои ги коментира и Европската комисија во нивните извештаи, остануваат валидни и продолжуваат да бидат предмет на судовите и обвинителствата во државава“ изјави вицепремиерот и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.
Организаторот на ОФФест веќе има добиено и средства и за друг настан, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во ТВ Сител, додавајќи дека станува збпр за Скопскиот џез фестивал. Таа потсети дека за доделувањето средства од Годишниот конкурс на Министерството за култура одлучуваат стручни комисии.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османа 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, наведувајќи дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции, соопшти нејзиниот кабинет.
Влада: Се очекува утре да бидат дефинирани финалните законски одредби за набавка на лекот „Трикафта“
Владата информира дека се очекува утре работната група да ги дефинира финалните предлог законски одредби, со кои државата ќе биде во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија и да ги обезбеди пациентите кои боледуваат од цистична фиброза со лекот „Трикафта“.
Централниот одбор на владејачката СДСМ го овласти нивниот претседател Димитар Ковачевски да ги заокружи преговорите со Алијанса за Албанците со цел зголемување на парламентарното мнозинство и да предложи решенија за реконструкција на Владата, соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.