Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски до опозицијата: Немате 61 пратеник, ниту ново мнозинство, нема ни распуштање на Собранието

0
By Jane Gjorgioski on February 23, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2023 18:07

Дестабилизација со единствена цел фотелја, желба за власт, пари, тендери како што видовме и во градот Скопје. Од конститутивната седница наваму тврдите заедно со вашиот претседател дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет. Само што немало предвремени избори, па најавувате ново мнозинство па распуштање на Собранието, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски обраќајќи им се на пратениците од опозицијата на собраниската седница за пратенички прашања.

-И оваа година ја започнавте со тоа. Со лага дека има 61 пратеник и дека во јануари или во февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори. И еве среде февруари ниту Мицковски ниту вие имате 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту има распуштање на Собранието.

Јасно е, нагласи Ковачевски, дека изборите ќе бидат во 2024 година.

-Лага број еден дека ќе имало асимилација и бугаризација. Наместо тоа имаме македонски јазик  во ЕУ со потпишан Фронтекс договор којшто не го гласавте затоа што бугаризацијата во оваа држава ја прави ВМРО -ДПМНЕ со нивниот  претседател Ванчо Михајлов. Тоа вие го правите. Сите тие отворачи, затварачи и палачи на клубови се ваши членови.  Втора лага дека нема да почнеме преговори со ЕУ. Почнавме преговори и тече скрининг процесот.  Трета лага дека следувало набавка на 100 нови автобуси за градот Скопје. Градот Скопје нема градски превоз зашто вие сте на власт во градот Скопје, рече Ковачевски.

Следна лага, додаде тој, е дека има фабрика за автобуси во градот Скопје со 500 вработени.

-Нема фабрика во градот Скопје, ниту има вработено 500 вработени во таква фабрика. Лага е дека Данела Арсовска не била градоначалник, а ВМРО-ДПМНЕ, а ваш кандидат е Данела Арсовска со која славевте во вашата палата. Шеста дека нема да има доволно струја и дека ќе имало рестрикции. Струја има субвенционирано 80 проценти и нема рестрикции. Дека цената на струјата ќе се големела за 30 до 40 проценти .Цената на струјата се намали. Цената на нафтата ќе се зголемела. Цената на нафтата се намали. Во 2021 година ќе има предвремени избори, во 2022 ќе има предвремени избори. Немаше избори. Десетта лага дека нема да има доволно енергенси, дополни Ковачевски.

Премиерот одговарајќи го прашањето на пратеникот Миле Лефков во врска со набавката на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза, рече дека се обезбедени  2,2 милиони евра за итна набавка на лекот на пациентите.

-Потоа е формиран тим којшто веќе изработува законско решение кое се надевам дека сите ќе го изгласаат за да се направи можност директно да се набавуваат вакви лекови кои се патентирани од страна на еден уникатен производител.Тоа законско решение е изготвено и тоа законско решение ќе биде поднесено до Собранието. Обврска на Министерството е тоа да го направи и сега тоа се спроведува. Дека најголем проблем во нашата држава е невозможната бирократија каде што секогаш се кажува што не може да се направи , што а не да се прави тоа што треба да се направи.

Што се однесува до тоа што го кажав доколку се нашол повреден од вистината што ја кажав еве тогаш му се извинувам на тој што е повреден од вистината.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го осуди како ендолично однесувањето на премиерот и му порача на потпретседателот на Собранието Горан Мисовски дека требал веднаш да го прекине.

– Ова е дом на пратениците, премиерот е гостин во ова здание и треба да се однесува според куќниот ред во оваа зграда. Да се нарече пратеник „глупи август“ и вие да не искоментирате. Ова ниско ниво што го демонстрирате на човек кој треба да ја води државата е навистина многу ниско, рече Мицевски додавајќи дека премиерот треба да се извини на сите пратеници.

Во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески истакна дека ја разбира, како што рече, нервозата на опозицијата „бидејќи најавија ново парламентарно мнозинство, а се случи обратно“.

ВМРО ДПМНЕ Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.