Author: Jane Gjorgioski

Фронтлајн најостро ја демантира и осудува оркестрираната лажна вест дека нашата редакција го спонзорира или дека има каква било поврзаност со видео во кое Александар Николовски е изваден од контекст, истакнуваат од Фронтлајн во демантот. „Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски  број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна.  Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда. Ние такви сатирични видеа…

Read More

Во овој живот полн со предизвици, поезијата е чувствотворност што нè разликува во оваа ера на бесчувствителна роботизација, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга. Инспирирана од годинашниот лауреат на највисокото фестивалско признание, „Златен венец“, академик Влада Урошевиќ и неговите зборови какво би било човештвото без поезија, посочи дека тој кажал дека човештвото може да се замисли и без поезија, но оти тоа би било многу потажно, побездушно, поздодевно. Затоа, пренесувајќи ја пораката на Урошевиќ, министерката подвлече,…

Read More

Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба и продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите важни прашања од заеднички и стратешки интерес, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. На објавата во која му посакува добредојде на заменикот-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој пристигна во Скопје, Ковачевски наведува дека поддршката од САД е значајна во сите клучни моменти за нашата држава. – Значајна е поддршката од САД во сите клучни моменти за нашата држава. Стратешкото партнерство со САД е базирано на меѓусебна доверба. И продолжуваме да го развиваме низ меѓусебно разбирање, за сите…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во државата Џорџија во пресрет на вечерашното предавање на надлежните органи, тврди упатен извор за Си-Ен-Ен. Дру Финдлинг, адвокатот кој ја водеше одбраната на Трамп во Џорџија, беше заменет со Стивен Сад, адвокат од Атланта опишан на веб-страницата како „специјален советник за бели јаки и одбрана на висок профил“. Извор од кругот на Трамп укажа дека Финдлинг не е сменет поради лошо застапување, а лице запознаено со работата на Саду тврди дека тој е „најдобриот адвокат во Џорџија“. Адвокатката на Трамп во Џорџија, Џенифер Литл, се очекува…

Read More

Во текот на специјална операција, субверзивна група на одбранбеното разузнавање на Украина сe истовари на брегот на привремено окупираниот Крим. Како што пренесува украински воен портал Милитарни, ова го соопшти Андриј Јусов, претставник на одбранбеното разузнавање на Украина во коментар за Хромадске. „Единиците ГУР на Министерството за одбрана извршија истоварување во рамките на специјалната операција, сите задачи се завршени“, истакна тој. Специјалците ја спроведоа оваа специјална операција во соработка со морнарицата, вели Јусов во коментар за „Суспилне“. ГУР забележува дека операцијата „имаше карактер на рација“, украинскиот воен персонал ги заврши своите задачи. Підрозділ ГУР виконує бойове завдання на території Криму. Відео опублікували…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми. Рускиот претседател го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група „Вагнер“ кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина. -Тоа никогаш нема да го заборавиме, изјави рускиот лидер. Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај. Тој…

Read More

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека е неопходно да се реформира Советот за безбедност на ОН и системот Бретон Вудс за да бидат релевантни за современите глобални политички и економски трендови. „Денешните глобални структури на управување го одразуваат вчерашниот свет. Тие главно беа создадени по Втората светска војна, кога со многу африкански земји сè уште владееле колонијални сили. Ова особено се однесува на Советот за безбедност на Обединетите нации и институциите на Бретон Вудс“, рече Гутереш на самитот на БРИКС и во Јужноафриканската Република. Тој нагласи дека мултилатералните институции мора да се реформираат за да останат универзални…

Read More

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар попладнево, со средба со претседателот Стево Пендаровски, ја почна дводневната посета на државава. Според најавите, во тек на престојот во Скопје Ескобар утре треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Високиот американски дипломат во дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД, одржана во…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, со која разговарале за поддршката од САД за европскиот пат на земјава. – Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил. Според премиерот, пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. -Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура,…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   Лично имам голем проблем со терминот „патриотизам“. Добро, термин како термин, не велам дека расправата за патриотизмот не е легитимна, само што кај нас „традиционално“ и примитивно се користи. Да не речам се користи тенденциозно. Погледајте го, за почеток, оној Павле Трајанов. Штом нешто „замириса“, ете го Павле Т. на другата страна од брегот. Беседи Павле Т. денеска нешто од типот, „утре да се распушти Собранието и да одиме на предвремени избори“. Важи, Павле, еве рака! Ќе го распуштиме парламентот и ќе биде што? Се разбира, оваа вест ја пренесуваат сите „агенциски портали“, а во основа ова е…

Read More

По повод 18 Август – Денот на Армијата попладнево во касарната „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од составот на артилерискиот баталјон на Армијата. Армијата утре прославува 31 година постоење, а по тој повод централната манифестација ќе се одржи на Воениот стадион во Скопје.

Read More

Иако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ е против усвојувањето на уставните амандмани, за воведување на бугарската заедница и уште пет други заедници во Преамбулата на Уставот, сепак, најави дека ќе учествува во најавената собраниска расправа. Аргументот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за блокада на уставните измени е: „Не прифаќаме уставни измени под бугарскиот диктат“. И толку. Не слушнавме предлог или идеја за тоа што би можело да биде алтернатива за надминување на овој ќорсокак во патувањето на земјата кон ЕУ. „Алтернативата се сите оние предлози кои ги дадовме во минатото за надминување на постоечкиот проблем, но алтернатива ќе биде и програмата која ќе…

Read More